Со мало задоцнување, сакам искрено да ви се заблагодарам за секој потрошен збор на оваа тема и за секоја искрена честитка.
Вчера беше опуштениот дел од мојот јубилеен роденден, кафе, муабет, смеење, а во сабота е пиењето. Не смеам да не се начукам на овие години. Тешко е па!:pos2:
Муабетот ми беше, честитавте што честитавте, па сега повелете на торта кој сакате задутре. Појќе алкохол од торта де, ама ниту едно не е помалку вредно од другото.
За да доловите дел од мене овие денови, еве ви посликовито како сум. Прееска ја гледав баш оваа епизода, па забележав доста исти моменти ... нервозите, тешењата, плановите ...:pos2:
:smir:
п.с. Викторе, посебно фала до тебе што ја отвори темава и што се потруди да ме расположиш. Но, знаеш дека тоа е возможно само ако дојдеше за викендов. Чао!
