- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.187
- Поени од реакции
- 1.358
Србија сака заедно со екс-ЈУ републиките да организира Самит на неврзаните
Ова се наведува во писмото што шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ го упатил до својот хрватски колега Гордан Јандроковиќ
Србија сака да биде домаќин и заедно со другите поранешни југословенски републики да организира Самит на движењето на неврзаните во 2011 година во Белград.
Ова се наведува во писмото што шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ го упатил до својот хрватски колега Гордан Јандроковиќ, јавија хрватските гласила, додавајќи дека Загреб идната недела ќе го разгледува предлогот на Белград.
Србија сака во 2011 година да биде домаќин на Самитот по повод 50 години од формирањето на движењето на неврзаните, бидејќи и првата конференција на тоа движење е одржана во Белград во 1961 година.
Во писмото на Јеремиќ се наведува дека тоа е особено значаен јубилеј за организацијата чиј основач и еден од најактивните членови беше поранешната СФРЈ, кој би требало да "обележи еден значаен дел од нашата заедничка историја во функција на натамошна афирмација и полза за секој од нас".
Движењето на неврзаните, кое има 118 членки, кои претставуваат половина од светската популација одржа Самит во јули во Египет, каде учествуваше и Македонија.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=735E6452B911C9449F223DEC13AADAB9