Спојување на 2 излеза во 1

  • Креатор на темата Креатор на темата Steff
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 декември 2008
Мислења
48
Поени од реакции
5
Локација
Kumanovo
Здраво на сите...
Имам систем со 2 излеза од по 35w на 6 оми. Може ли да ги спојам некако излезите (сакам да кажам да ја спојам снагата на двата излеза во еден) и да повржам еден појак звучник?
Исто така ако сакате да ми подобјасните за што служат скретниците и кондензаторите (бидејќи гледам по разни места каде што продаваат вакви работи многу често се спомнувани)
Инаку мислам дека кондензаторот има улога да ја собира вишокот на струја, а тука кај звучниците не знам.
 
Излезите не може да ги споиш!!!
Појак звучник стави,ама да е 8 ома!!!
За скретниците и кондензаторите треба долго објаснување,ама ме мрзи сега да куцам
 
На систем Samsung со 2 излеза од по 35w на 6 оми. Сакав да ги повржам само тие 2 столбови, а планирав за некој ден и да ги купам. Па кажи што мислеше со тоа тиња звучки.
 
На систем Samsung со 2 излеза од по 35w на 6 оми. Сакав да ги повржам само тие 2 столбови, а планирав за некој ден и да ги купам. Па кажи што мислеше со тоа тиња звучки.

Види, тие звучници VIVAX се најлошите звучници кој сум ги слушнал во животот, многу лош звук, инаку одат со нивно појачало, за стерео и сараунд мод, со сопствени излази, знам дека се ефтини но шо фајде...

Е сега незнам дали имат соодветни скретници за да можеш да ги користиш на еден излез.....и + се 8 омски, а појачалото ти е 6, ке ти грее....

ЊТФ сега ги видов 3790,00 ден. комплет без појачало :vozbud:
 
Јас ги гледав во продавница и столбовите се 4 омски од 50 до 110w. Така пишува на нив на налепницата. Е сега за звукот не знам бидејќи не сум ги слушнал.
 
Сателит:
Моќност на сателитот [W] - 2x30 W,
ел.отпор - 4 ,
осетливост - 89 dB,
фреквентен опсег - 45-20 kHz

Централен звучник:
Моќност на централниот звучник [W] - 2x110 W,
ел.отпор - 8 ,
осетливост - 88 dB,
фреквентен опсег - 70-20 kHz

Cаббуфер:
Моќност на саббуферот [W] - 1x30 W,
ел.отпор - 8 ,
осетливост - 88 dB,
фреквентен опсег - 70-20 kHz
Однос сигнал/шум [dB] - 88
Фреквенциски опсег - 45-20 kHz

Значи секој е со различна отпорност, тука по се изгледа станува збор за повисоките предни звучници, затоа пишав ако немат вградено скретница, треба појачало кое ги задоволува барањата, инаку ги имам слушано на оригиналното појачало кое оди се нив ...катастрофа звук....
 
Back
На врв Bottom