Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.619
Рекле за советите:
Старите ни даваат добри совети за да се утешат оти веќе не се во состојба да даваат лоши примери.
Франсоа Ла Рошфуко
Ништо не даваме толку велкодушно како совети.
Франсоа Ла Рошфуко
Не му дели совети на оној кому му требаат пари.
Педро де ла Барка Калдерон
Пред да им кажеш на луѓето како треба да живеат, покажи го тоа со својот пример.
Фјодор Михајлович Достоевски
Не ѓубрете духовни пустини.
Станислав Јержи Лец
Од ниедна точка на гледање не треба да се биде слеп.
Станислав Јержи Лец
Оној што не претрпел ништо, не треба да дели совети.
Софокле
Бидете благодарни на совети, а не на пофалби.
Јохан Волфганг Гете
Најглупав занает со кој некој може да се занимава е да дава совети.
Јохан Волфганг Гете
Подобро е да ве советуваат одошто да ви ласкаат.
Николас Боало
Не прашувај од каде дошол советот, само ако е добар.
Конфучиј
Послушајте му го советот на оној што многу знае, а особено на оној што многу ве сака.
Артуро Граф
Бидете секогаш први: први прашајте, да не би морале да одговарате; први барајте, да не би морале да давате; први критикувајте, да не би морале сами да полагате сметка.
Душан Радовиќ
Научи се да работиш сам.
Никогаш не ја ведни главата пред друг.
Води мирен живот и гледај право.
Слушај што ти говорат други,
а прави го она што го сакаш ти.
Максим Горки
На човек во несреќа секој му дава совети, но нека некој се осмели да му ги дава на човек кој плива во среќа и слава!
Бенџамин Франклин
Не го растурајте златото на своите денови: не слушајте здодевни; не обидувајте се да им ја поправате судбината на оние што го промашиле својот живот; не им го подарувајте својот живот на незнајковци, простаци и обични! Тоа се болни цели, лажни идеали.
Оскар Фингал Вајлд
Запомни дека секој совет што постари им го даваат на млади е пристрасен и оти светот им припаѓа на оние што се бунат.
Џорџ Бернард Шо
Дали советувате? Дали ве советуваат? Дали барате совет? Дали боли глава од премногу совети? Кое е вашето мислење за нив? А...?