831
רַב אושר של חוכמה
- Член од
- 8 ноември 2009
- Мислења
- 7.015
- Поени од реакции
- 12.694
- Возраст
- 43
Овие карактеристики (значи, делчиња од нашиот карактер) и тоа како можат да се подобрат. Ако убаво го разбрав The Magus, тој не прифаќа лично своеволно менување кон подобро, на кое укажува Finally, туку мааните ги чува и негува како и доблестите. А за мене, простете, тоа е показател на мрзелив карактер, кој нема воља да смени нешто кај себе на подобро.
Магус прифаќа менување кон подобро а сакаше да кажи дека пријателот не мора да биде внимателен слушач нити да очекува од мене да бидам таков. Или да почитува мој став па истото да го очекува од мене. Големите очекувања носат и големи разочарувања. Формулата за градење цврсти пријателства што ја имаш прикажано погоре се случува спонтано, или, така би требало да се случува.
Длабоко пријателство се случува спонтано, можеби е ретко и треба време за тоа но сметам дека е така, и притоа повеќето горе споменати поуки си доаѓаат сами по себе...и доколку незлонамерно се прекршат некои од т.н. правила ако е вистински пријател секогаш ќе може да те разбере зошто во даден момент си реагирал на одреден начин. Толеранција, разбирање, искреност според мене се главните столбови на кои се заснива вистинското пријателство.