Крвта претставува течност која клетките, ткивата и органите ги снабдува со кислород и есенцијални хранливи материи. Крвта исто така ги отстранува и отпадните материи од телото, овозможувајќи правилна работа на организмот. Најголемите крвни клетки – тромбоцитите и леукоцитите лебдат во плазмата и на тој начин тие патуваат низ телото. Крвната плазма е течен дел од крвта и е составена од вода, албумин, коагулациони фактори (фактори одговорни за згрутчување на крвта) и антитела.
Вода
Примарната компонента на крвната плазма е водата. Таа сочинува 90% од крвната плазма. Крвната плазма обезбедува вода на ткивата кои имаат потреба од дополнителни течности, или пак го абсорбира вишокот на вода која поминува низ бубрзите и се излачува како урина.
Албумин
Албуминот е предоминантен протеин присутен во крвната плазма. Овој протеин има улога во превенцијата на несаканото излегување на течности надвор од крвните садови. Тој исто така има улога на носач на одредени субстанци, како хормони и лекови, низ телото до соодветните клетки и ткива.
Антитела
Крвната плазма содржи голем број на протеини наречени имуноглобулини или антитела. Антителата се дел од имуниот систем и се продуцираат од страна на леукоцитите. Доколку бактериите или вирусите навлезат во организмот, антителата во плазмата помагаат во идентификацијата и борбата против инфекцијата.
Фактори на коагулација (згрутчување)
Доколку се наруши интегритетот на одреден дел од телото, на пример повреда, доаѓа до крварење. Телото притоа ги користи факторите на коагулација кои се главни компоненти на крвната плазма за да превенира голем губиток на крв, т.е. на течност. Факторите на коагулација, како фибриногенот или фактор VIII, му помага на организмот да ги затвори оштетените крвни садови, и да го сопре крварењето.
Извор