Sony LCD HDTV

  • Креатор на темата Креатор на темата Mac))
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Значи во недоумица сум...
Се решив за купување на HDTV,секако од Sony.Иако се поскапи од другите за некои 20 до 30% до модел,ги видов на дело со истата слика и можам да потврдам дека се многу подобри и вредат за парите :)

Но она што не можам,и затоа пишувам на темава,е што самиот сони има многу серии (P,B,U,T,S,D,V,W,X) кои поприлично знаат да ги збунат купувачите.
Прво ќе ги опишам сериите,а после тоа ќе побарам и мала помош од вас

Но пред нив,мал вовед за карактеристиките и ознаките...

1142610575825.gif
логото означува дека телевизорот е способен да подржи минимум резолуција од 1366*768 пиксели,што е двапати подобро од SDTV (standard definition)

FullHD1080.jpg
логото значи дека телевизорот подржува 1920*1080 резолуција,што всушност е пет пати подобро од SDTV

Bravia Engine,Bravia Engine Ex и Bravia Engine Pro се всушност "моторите" за обработка на слика што самиот Сони ги има дизајнирано,и верувајте ми на зборот (а кога ќе ги извадам,и на сликите) има гооолема разлика дали гледате еден филм на Сони или LG тв

PhotoTV HD не е ништо друго освен можноста да ги поврзете вашите сони продукти (апарат и мобилен) директно на телевизорот и да ги прегледате сликите

Triluminos претставува позадинско LED осветлување,кое наводно помага за поголем спектар на бои

WCG CCFL 8bit+ и WCG CCFL 10bit се самите спектри на бои,WCG значи Wide Color Gamut,надминувајќи ги обичните 8битни градации на боите,со што се овозможува поприроден премин на боите. На пример црвената во 10 битна варијанта има повеќе градации,и самата слика изгледа далеку поприродна од другите HDTV

24P_True_Cinema_ead401f73fb90bfdd85783eb0dc56f8c.jpg
би требало да внесе пореална слика кај новите филмови.Новите филмови се снимаат со 24Hz или 24 fps (frames per second) но повеќето плеери и телевизори работат на 50 Hz,со што се изобличува самата снимка,а и се подига гласот на актерите.
Сепак овој сегмент сеуште го немам проверено дали навистина делува.

4_motionflow_100hz.jpg
овозможува прикажување на динамични сцени,со што самиот телевизор додава рамки,за сцената да тече попрецизно.Со еден збор,телевизорот помеѓу две сцени,внесува уште една и движењето го прави уште потечно.
Сепак ни овој сегмет не е пробан од моја страна за да ви потврдам.

x.v.Colour е карактеристика на високите модели (W и X серија) која наводно овозможува уште пореален приказ на боите...уште еднаш,неиспробано

Сега моделите (почнувајќи од најслабите):

P серија
Големина од 26 до 40 инчи,најбазичен модел подготвен за HD сигнали од 720p,и ниедна од горенаведените карактеристики освен основниот Bravia engine.Но затоа поевтин од следниот модел за дури 10%.

S серија
Големина од 20 до 40 инчи,карактеристики исти како P серија,со таа разлика што има WCG CCFL 8+bit.Но затоа е 5.000 до 10.000 денари поскап.Овој модел ми е некако сумњив,не верувам дека некој би се одлучил за него,веќе појакиот нуди толку многу повеќе,а послабиот е толку поевтин што веројатно не би платиле 10к за 8+ бита :)

B серија
Замислена како мала верзија на P серијата,располага со екрани од 20 до 26 инчи и постилски изглед (барем така го замислиле).20 инчниот модел од B серија е поевтин од 20 инчниот на P серија,но сепак самиот изглед е утка,и никој гостин нема да примети дека тоа е LCD телевизор :)

T серија
Е ова се веќе залудни обиди на Сони.Т серијата не е ништо различна од S серијата,истите карактеристики,со тоа што екраните се движат од 26 до 32 инчи.Единствената разлика е во тоа што има три HDMI приклучоци,а во S има 2.Некој во Сони има премногу слободно време очигледно :)

D серија
D серијата е самиот врв на пониската класа на телевизори (значи последниот модел што подржува 720p),располага со Motionflow 100+Hz,10 битна градација,екрани од 32 до 40 инчи,24p true cinema,WCG CCFL и секако основен Bravia Engine.
Ако немате Blu ray плеер или PS3,и не планирате куќно FullHD кино во иднина,ова е телевизорот за вас.Само што е поскап за 10.000 од S серијата.

V серија
Најслабиот FullHD телевизор од сони,со распон од 40 до 46 инчи,нема ниедна од карактеристиките на D серија,освен 24p true cinema,но сепак резолуцијата од 1920*1080 самата е доволна за разликата од цената во однос на D серија од 15.000 до 20.000 денари

W и X серија
Тука веќе доаѓа на израз креативноста на Сони.Последните два хај енд модели,не се разликуваат во ништо освен што X има распон на екрани од 40 до 70 инчи,а W од 40 до 52.Разликата е што X серијата има подобар Bravia Engine, а тривијалноста доаѓа до израз што X има само motionflow 100+Hz а нема 24p true cinema,а пак W обратното.
Како тогаш D серија ги има двете,а е middle class?
Чист маркетиншки трик.
Но сепак X серија како најјака е поскапа дури и до 30 % од W серија.Совет,не зимајте X серија освен ако сакате баш ТВ поголемо од 52 инча :)

Е сеа прашањето...има ли некој корисник на X,W,D серија да ми каже дали Motionflow и True cinema праат некаква битна разлика,зашто мојата дилема е меѓу D3500 (Кој е фул хд ама нема Motionflow) и W3000 (фул хд ама нема 24p true cinema)?

Цените се тука негде,на промоција па D3500 40 инчи е 95 990 ден, а пак W3000 е 94 990 ден.
 
чичко ми пред 1недела зема сони W3000, го поврза со компјутер и е презадоволен, јас би се одлучил за W3000,позз
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom