Sonder

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Не најдов соодветен превод на ова зборче, но се надевам дека ќе ме сфатите на што мислам со дефиницијата.



sonder

n. the realization that each random passerby is living a life as vivid and complex as your own—populated with their own ambitions, friends, routines, worries and inherited craziness—an epic story that continues invisibly around you like an anthill sprawling deep underground, with elaborate passageways to thousands of other lives that you’ll never know existed, in which you might appear only once, as an extra sipping coffee in the background, as a blur of traffic passing on the highway, as a lighted window at dusk.

Едноставно - моментот кога сфаќате дека се човек си има посебен и богат живот за себе, живот кој се движи покрај тебе, паралелно, спојувајќи се со многу други животи, каде што можеби ти може да се појавиш само еднаш, во далечината, тотално неважен дел од неговиот живот.

Колку на вас ви се случува ова? Дали некогаш сте се запрашале ова прашање?
 
А

Антоние

Гостин
Како детерминист и субсеквентен морален нихилист ја сметам оваа реализација за ирелевантна.

Детерминизам е верувањето дека целиот свет се однесува по зададени закони, и истовремено овие закони се константни. Ако некој го прифати становиштето дека детерминизмот е точен, тогаш интеракцијата на се околу нас се води по овие зададени правила. И затоа што немаат друг избор освен да ги почитуваат овие закони, тие, ете да се каже, немаат "избор". И токму во оваа смисла "судбината" е непроменлива и предетерминирана.

Последица на ова е сентиментот на многу луѓе кои го сметаат за битен заклучокот дека оттука невозможно е да имаме слободна волја.

Како што реков претходно, како морален нихилист го прифаќам становиштето дека не постои разлика помеѓу куршум кој поминува низ плоча бетон или пак глинена кутија со растенија во неа или инсекти, животни, луѓе итн. Сето тоа што Е, е едноставно парче железо кое што лета низ воздухот и остава дупка во некој друг куп на материја. Тоа се едноставно атоми кои што се движат и прават други атомски работи, во некаква смисла.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom