- Член од
- 24 јуни 2008
- Мислења
- 1.705
- Поени од реакции
- 75
Новиот закон се усогласува со некои од нашите идеи во темата: Да и предложиме на владата. Ваквиот закон инициран од кого и да е,во овој случај од опозиционата СДС (им честитам за конструктивноста на законот)има добра позадина,па да го запаметиме овој предлог и прифаќањето од владата на истиот. Оставен е за по избори, се надевам нема да пропадне бидејќи идеата е супер, да се надеваме и потрудиме ние како граѓани на Р.Македонија да имаме повеќе увид на работите кои се завршени и на буџетските пари потрошени за добро на граѓаните и Татковината. 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Премиерот, министрите, директори и други владини функционери секоја недела или најмалку два пати во месецот, ќе можат да бидат повикани во Собранието за да дадат отчет за нивната работа. Освен пратеничките прашања, кои се одржуваат секој месец, премиерскиот час ќе биде нов инструмент на Собранието за поголема контрола врз извршната власт. Ваков компромис постигнале координаторите на пратеничките групи во Парламентот, кој ќе биде вграден во идниот закон за Собрание.
Во нацрт - верзијата на законот надзорните расправи предвидено е да се одржат пред почетокот на редовните пленарни седници. На тие расправи ќе можат да бидат повикани и други лица кои ќе можат да дадат информации за прашањето што е предмет на дискусија. Во текот на сослушувањето, пратениците на повиканите функционери ќе може да им постават прашања. Слична практика постои и во развиените демократии во Европа и светот.
Извори од кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски потврдуваат дека постои политички консензус прашањето за премиерскиот час да се реши во рамките на новиот закон за Парламентот, кој треба да биде донесен после изборите. Според нив, останува координаторите на пратеничките групи да ги појаснат деталите околу бројот на таканаречените надзорни расправи и начинот на нивното свикување. Партиите од власта во Парламентот ја прифаќаат идејата за премиерски час, но бараат начин да се ограничи евентуалната злоупотреба на овој институт од опозицијата, која со зачестените расправи ќе може да ја дефокусира работата на Владата.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Цветанка Иванова вели дека ставот на нивната партија е дека премиерски час треба да има секоја недела. Според неа, има итни прашања, за кои после две недели е беспредметно да се разговара, бидејќи губат од актуелност. "Целта на премиерскиот час е Собранието да реагира брзо на секој пропуст на извршната власт", додава таа.
Донесувањето на законот за Парламентот е проект поддржан и од Националниот демократски институт од САД, за зајакнување на капацитетите на Собранието. Н.Селмани. [/FONT]