Со што се чисти бигорот од кафемат за еспресо?

  • Креатор на темата Креатор на темата nikola2004mkd
  • Време на започнување Време на започнување
N

nikola2004mkd

Гостин
Значи темава е јасна. Ме интересира со што се чисти бигорот од кафемат за еспресо? Во упатството на кафематот (Philips - Saeco HD8323) видов дека бигорот се чистел исклучиво со посебно Saeco средство за одстранување на бигор, кое кај нас не можам да го најдам. Е сега имам слушано муабети дека бигорот можел да се исчисти и со оцет кој се турал наместо вода, или пак со посебен прашак за чистење на бигор кој можел да се најде во КАМ и бил прилично евтин, мислам 30тина ден. за две дози.

Значи доколку некој има некакво искуство со оваа проблематика слободно нека го сподели, многу ќе ми помогне.
 
Можеш и со апче кое се става во машина за садови калгонит исто така има анти бигор дејство само е поскапо решение.позз
 
Тие во кам пакетчињата веќе ги нема. Оцет врши работа, вински најубаво (малку мириса ама ќе го исплакнеш 3-4 пати) упатство како што пиша Ryan Giggs. Можеш и со полирапид ама не би ти препорачал бидејќи е за дезинфекција по куќа па ќе мораш едно 10 пати да го испираш кафематот. А тоа средството што ти го пишува во упатство ти е маркетинг нема врска дека само со тоа се чисти. Можеш да пробаш и во водата да ставиш лимонтус едно пакетче и да ја провриеш целосно водата, да помине низ цедалчето за кафе па исплакниго.
 
со Кока Кола, само мора веднаш да се промие убаво со топла вода, за да не се улепи... :)
Кока Кола чисти и бигор од ВЦ школки, загорени садови за готвење и слично (заради ортофосфорната киселина, која има силно корозивно дејство, па дури и се употребува како основа за детергенти за употреба во индустрија, за перење индустриски постројки, во поголема концентрација, се разбира...)

САмо, како што веќе реков, веднаш и обилно да се промие, оти КК содржи доста шеќер, па може уште повеќе да се улепи...

Сега прочитав дека веќе ти предложиле оцет, што е, веројатно побезбедна варијанта. :)
 
And the people drink this shit...

Како и да е, бигорот секогаш најуспешно го чистам со оцет. Миризбата можеш да ја отстраниш ако оставиш да постои сода бикарбона.
 
And the people drink this shit...

Како и да е, бигорот секогаш најуспешно го чистам со оцет. Миризбата можеш да ја отстраниш ако оставиш да постои сода бикарбона.

Па? Како поинаку да го исчистиме бигорот во желудникот создаден од македонската хлоросана вода? :icon_mrgr:
 
And the people drink this shit...

Како и да е, бигорот секогаш најуспешно го чистам со оцет. Миризбата можеш да ја отстраниш ако оставиш да постои сода бикарбона.

Yup, they do....
 
Како ги чистите машините за еспресо . Дали има некаде да се купи средство ми свети копчето calc clean ?
 
Треба да има низ сите продавници што продават машини за кафе
 
Како ги чистите машините за еспресо . Дали има некаде да се купи средство ми свети копчето calc clean ?

Во DM имаш такви кесички со прашак за чистење на бигор од кафемати или бокали. Се раствора во вода и се пушта програмата. Ќе си видиш упатство на кесичката и на кафематот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom