Smert - Mantova

  • Креатор на темата Креатор на темата Smert
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.223
Поени од реакции
6.162
Локација
San Antonio TX
Кога се решив да играм со тим од најниска лига, клучен фактор за избирањето токму на Мантова беше моето искуство со овој тим од FM 2007 кога од Серија Б успеав да ги внесам во Серија А и во првата сезона таму да завршам на трето место. Два играчи од тогашниот тим се сеуште во клубот, капитенот Emanuel Spinale и вице-капитенот Mirco Bellodi. Сега како тим од Серија Ц2, кому медиумите му предвидуваа 7мо место, пред Мантова претстоеше голем предизвик за напредок во повисок ранг.

Играчкиот кадар беше благо кажано очаен и тимот требаше да се засили на повеќе позиции. За таа цел решив да го пренасочам целиот трансфер буџет од 500 илјади евра во буџет за плати и да барам играчи на free transfer. Земав 12 играчи, од кои некои играчи и со искуство од Серија А како Luigi Sala и Mauro Esposito. Дел од играчите испаднаа фејл, ама повеќето играа важна улога во тимот во текот на сезоната.

nmjcc.png


Играв со тактика 4-5-1 и ова се играчите кои најчесто првата сезона:

fONYA.png


Напаѓачот Enzo Scorza е толку брз што немаше одбранбен играч во лигата што можеше да го сопре. Затоа тој буквално газеше пред себе, завршувајќи ја сезоната со 34 гола во 35 лигашки натпревари и вкупно 40 гола во сите натпреварувања. Тој беше еден од клучните играчи за резултатите на тимот и пласманот на крајот на сезоната.

oElXR.png


Во Серија Ц купот испаднав во третата рунда заради моја глупост од премногу критикување на судиски одлуки, па се погоди баш за куп утакмица да ме казнат и асистентот ја изгуби утакмицата 1:0.

На крајот на сезоната, како победник во Ц2/А лигата играв во Ц2 супер купот против Перуџа, шампионите на Ц2/Б. Првата утакмица на домашен терен одбраната беше катастрофална и изиграв 3:3. Сепак во реваншот на гости успеав да победам со 2:1.

6ID0n.png


To be continued...
 
која 4-5-1 бе :D

4-3-3 ти е таа класична со двајца inside forwardi
 
која 4-5-1 бе :D

4-3-3 ти е таа класична со двајца inside forwardi

Не, не, 4-5-1 е оваа. Втората сезона сменив на 4-3-3 со 3 шпица :)

Инаку, до пола сум од втората сезона и сум прво место во Ц1/А со 3 бода пред вторите.

А само што помина јануарскиот преоден рок во кој Сампдорија ми понудија 375 илјади евра за Scorza и управата реши да ја прифати понудата така да отиде овој :(

Морав да земам еден на free transfer како замена, се надевам дека ќе биде барем пола од тоа што беше Scorza.
 
Сезона 2012/13

Оваа сезона решив да го подмладам тимот така да од новите играчи што ги земав поголемиот дел беа млади, со исклучок на двајца искусни.

TkZ4k.png


Од овие трансфери како најуспешен би го издвоил искусниот Volpe кој може да игра на повеќе позиции и веднаш стана еден од клучните играчи. Исто така супер испаднаа и младите одбранбени играчи Suagher, Galimberti и Bencivenga кои се изборија за место во првиот тим и останаа таму до крајот на сезоната, како и голманите Donnarumma и Turbocci. Вториов немаше баш шанса да брани покрај Donnarumma и Bellodi, ама доста се разви и веќе наредната сезона ќе биде прв голман.

Во јануарскиот преоден рок земав уште тројца млади играчи, еден Белгиец и двајца Холанѓани, од кои de Jong добиваше шанса да игра при крајот на сезоната кога доста од напаѓачите беа повредени.

Битен момент во тој преоден рок беше ова:
32Wnr.png


Со оглед на тоа што ова се случи 3-4 дена пред крајот на преодниот рок, немав многу време да најдам замена и го земав Tiboni кој не се покажа баш најдобро.

Ова влијаеше на играта во вториот дел од сезоната, резултатите беа топло-ладно и завршив на третата позиција со 2 бода позади првиот.
qSJKJ.png


Сепак во плејофот ги победив Foligno и Cittadella и изборив пласман во Серија Б.
5KJGz.png



За да не испадне сезоната без трофеј:
1626M.png



На крајот на сезоната се пензионираа легендите на клубот Bellodi и Spinale и им понудив место во стручниот штаб како асистент и тренер.


Ја почнав и сезоната 2013/14. Земав некои добри играчи за да го појачам тимот. Испаднав од купот откако бев елиминиран од прволигашите Бреша во третото коло. Во Серија Б после 4 кола сум втор со 9 бода.

Толку од мене за сега, денес одам на одмор, па кога ќе се вратам ќе ја продолжам сезоната.
 
Сезона 2013/14

И оваа сезона како по обичај зимав играчи на free transfer, со исклучок на левиот бек Mazzota штп го земав во зимскиот преоден рок за 70 илјади. Како и секоја сезона имаше добри и фејл трансфери. Најголем фејл испадна искусниот холандски напаѓач Donny de Groot, кој не успеа да се снајде и имаше неколку многу лоши настапи. Во зимскиот преоден рок го дадов за беспари, да не му давам џабе плата (која не беше баш мала), а договорот и онака му истекуваше на крајот на сезоната.

Како најдобар трансфер би го истакнал 17-годишниот Emanuele Gavella кој првиот дел од сезоната играше лев бек, а откако земав нов лев бек на полусезона, во вториот дел го прекомандував во DC бидејќи имаше многу голем напредок кај многу негови атрибути и се разви во најдобар DC во тимот веќе на 18 години. Исто така тука беа и Romulo Togni и Ludovic Guerierro кои ми ја држеа средината оваа сезона. Двајцата се добри изведувачи на корнери, поради што имаа доста асистенции на овој начин а централните дефанзивци вкупно дадоа накај 20 гола оваа сезона. Togni е и добар изведувач на слободни удари, од каде што даде неколку гола, а Guerierro имаше неколку голови од далечина.

Би ги спомнал и младите Холанѓани кои ги земав накај полусезона, Rafet Eroglu и Michel Pluim, особено вториот кој газеше на десната крилна позиција при крајот на сезоната. Тогаш сфатив дека ми треба winger, а не inside forward по десна страна ако сакам да играм со target man во средина.

На почетокот на сезоната се решив да продадам 50% од неколку играчи за да обезбедам доволно пари за да не отидам во минус во текот на сезоната. Околу 500 илјади месечно одеа за плати, а приходот од влезници ми беше само околу 100 и нешто илјади месечно поради малиот капацитет на стадионот (околу 8000), така што секој месец имав голема загуба.

1TjQR.png



Најголем проблем оваа сезона ми претставуваше позицијата ST. И покрај тоа што земав двајца нови напаѓачи, ни двајцата не се снајдоа. Слабо давав голови, а во првиот дел од сезоната се движев околу 6-8 место. Во вториот дел од сезоната во очај веќе не знаев што да правам, па го ставив да игра Tiboni кој го донесов претходната сезона и беше фејл, па дури мислев и да го продавам едно време. Беше во U20 и даваше доста голови таму па решив да му дадам шанса. На првата утакмица даде 2 гола, по што видов дека тој е вистинскиот избор. До крајот на сезоната даде 12 гола на 20 и нешто утакмици. Беше еден од клучните фактори за тоа што стигнав до трето место на крајот и изборив учество во плејоф.

zaJHW.png



Плејофот го играв без најдобриот играч Mohammed Gulraiz кој имаше настапи за репрезентацијата на Алжир. И покрај тоа успеав да ги совладам Bari и Varese и да се пласирам во Серија А.

0x6I6.png



Gulraiz ми беше најдобар стрелец во тимот, трет стрелец во лигата и на крај беше избран за најдобар играч во лигата.
p8VBa.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom