Смеењето е најдобриот лек

  • Креатор на темата Креатор на темата Out of Order
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Секој од нас се смее барем еднаш во денот, но смеата не е само за расположување туку е и лек за многу нешта.Дали сте знаеле дека едночасовно интезивно смеење троши повеќе калории од 30 минути дигање на тегови.Друго, при смеење телото врши мини аеробни вежби, и дека од смеењето се зголемуваат стомачните мускули.
Исто така смеењето е препорачливо за постари луѓе, бидејќи при смеење срцето работи побрзо и смеењето му е како еден вид на вежба.
При смеење се развиваат 15 фацијални мускули, додека пак кај лутината многу помалку.
cutcaster-photo-100083528-Pretty-woman-laughing.jpg


Исто така при гласно смеење се зголемува движењето на градниот кош, што придонесува за поистакнати стомачни.
Научниците исто така откриле дека смеењето придонесува за подобрување на имунолошкиот систем помагајќи му на телото подобро да се бори против инфекции, кашлица, настинка или др.
Смеењето го намалува стресот, и додека се смеете не чувствувате страв, исто така смеењето ја намалува болката.Додека се смеете му го одвлекувате вниманието на мозокот за болката, и кога сме смеете му помагате на телото да создаде ендорфини, и поради нив ќе се чувствувате убаво.
Смеењето му го олеснува процесот на дигестивниот ситем кога ја вари храната, исто така ви се подобрува и друштвениот живот при смеење.:)

Па затоа народе смејте се...:pos:
 
Неам инспирација да се смеам од глетката дека некој стаил слика со flash button на носот. :D
 
Неам инспирација да се смеам од глетката дека некој стаил слика со flash button на носот. :D

:pos: Не ја ставив сликата за смеење море :icon_lol: Си викам тема за смеење нека има и слика со некоја што се смее :D
 
Ако некој интезивно се смее еден час (што не е многу возможно), поголеми се шансите да умре од премореност или што ќе нема воздух.
Тие мини аеробни вежби што ги врши телото не помагаат добро за зголемување на стомачните. Тоа е исто како да пишеш дека куцањето на тастатура ти ги зголемува муслилите на прстите.
26 мускули се користат при смеење, а 100 при лутина.

„Фактиве“ што се напишани се само колку да потполнат простор и да држат внимание на читателите. Глупости. Смеењето е најдобриот лек? Качи 40 температура и смеј се - те молам! Или направи стомачни само од смеење.
 
Имаше една прича за некој, кој му дијагностицирале многу тешка болест, и овој ги земал сите можни комедии и неколку месеци само тоа гледал и на крај ја победил болеста :)
 
Значи поарно да се смеам цел ден отколку да одам во теретана?

Ок, ќе се смеам. Само ако не набијам стомачни, вакви такви и онакви мускули.
 
Смеењето е најдобиот лек. Отсега посериозно сфаќајте ја оваа изрека, бидејќи истражувачите откриле дека смеењето може да Ви помогне да се опоравите подобро од било кој напреден третман со тоа што ќе ја зголеми циркулацијата.:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom