А
Ајсшутер
Гостин
Целта на Скутеријадата 2008 е подигање на свеста кај младите учесници во сообраќајот.
На 12 октомври на паркингот пред салата Борис Трајковски, ќе се одржи третата традиционална Скутеријада 2008.
Настанот ќе се одржи во недела со почеток во 12 часот, а е во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, во соработка со Мотоциклистичката Федерација на Македонија, М.К. Тумац, Мото Маркет и спортската сала Борис Трајковски, а под покровителство на Град Скопје и со поддршка на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.
Манифестацијата чија цел е да делува едукативно, за подобрување на безбедноста во сообраќајот, културата на возењето и свеста кај учесниците во сообраќајот, е замислена да биде во два дела:
- спретно возење меѓу сталки, како едукативен дел, и
- вториот, односно натпреварувачки дел.
И две категории:
1. до 50 ссм
2. 50-125 ссм
Право на учество имаат:
1. Лица со навршени 16 години - со согласност од родител
2. Регистриран скутер со зафатнина од 50 ccm, односно максимум 125 ccm
3. Возачка дозвола
4. Заштитен шлем - кацига
5. Заштитна јакна, ракавици и очила во зависност од временските услови.
Пријавувањето ќе се врши во продавниците на Мото Маркет.