Скриени мотиви ?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Никозија во страв,дека се прават обиди да се создаде муслиманско малцинство на Кипар по моделот на она во Гејлада.

Властите ги проверуваат молбите за населување во Република Кипар на муслимани, кои сега живеат во Северна Грција, пишува весникот “Елевтеротипија”.150 цигански семејства бараат групно да се населат на островот. моментално тие семејства живеат во Ксанти и Комотини. Барањето е поднесено преку здружение. Откако ги добиле молбите во Никозија се состанале од министерството за надворешни работи. Прашањето, е многу збунувачко, оти тие луѓе имаат грчки пасоши и со тоа немаат потреба од визи за да го посетат Кипар. Има опасност, дека зад заедничкото барање има скриени мотиви. Како можност се разгледува веројатноста дека се прави опид за создавање на некакво муслиманско малцинство во јужниот дел на Кипар по модел на оној во реонот на Ксанти (Грција).
Кипарските власти побарале повеќе информации за намерата на граѓаните
кои бараат трајно да се населат на островот.
Инаку познато е дека во Западна Грција живее малцинство, наречено од Атина муслиманско. Според Анкара тоа е турско малцинство, чии што права не се почитуваат од страна на грчките власти.:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom