Скаена јакна оштетена од свеќи

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
C

cige

Гостин
Сега за празнициве бев во црква, и за кратко постојав со грбот свртен накај запалените свеќи затоа што беше гужва и немаше место кај да застанам. Кога си дојдов дома си ја гледам јакната цел грб со меурчиња, скајот почнал да се топи на некои места, нема сменето боја туку има како излитени крукчиња и е очигледно дека за брзо време на тие места ќе се лупи. Дали постои некоја крема да ја намачкам или некое слично решение? Искуства?
 
Дај барем препорачајте некоја крема за скај :cuc:
Обиди се да го премачкаш тој дел од јакната со боја за кондури слична на јакната или како што ти кажа членот погоре.... однеси ја на шнајдер да ти сошијат парче врз уништениот дел од јакната :)
 
Пробај со перманентен маркер, црна фарба за коса или црн лак за нокти....
 
Нема да остава траги кај што ќе допрам?
 
Нема да остава траги кај што ќе допрам?
Ќе ја оставиш да се исуши еден ден и нема да остава траги. Но тоа и не ти е некое решение... кога ќе ја переш јакната можеби, но можеби и не ќе ти излезе бојата. Најпаметно ти е да си сошиеш парче врз јакната :)
 
Пробај со перманентен маркер, црна фарба за коса или црн лак за нокти....
И што со лакот за нокти? Само да стане како циментирана на тие места кај што ќе намачкам и да почне да се крши.
 
Никако немој со лак за нокти..... за кратко време ќе почне да се рони ;)
 
И што со лакот за нокти? Само да стане како циментирана на тие места кај што ќе намачкам и да почне да се крши.

тогаш со перманентен маркер и тој ке ти го реши перманентно проблемот или купи си нова јакна што да ти речам....

Има и негде ги бојат тие работи да ги однесиш ама појма немам каде....прашај по шнајдерите и кондураџиите...
 
Каде да најдам таков маркер?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom