СИС - Синдром на испитна сесија

  • Креатор на темата Креатор на темата ФлоуБТ
  • Време на започнување Време на започнување

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Возраст
37
Со февруарска испитна сесија во полн ек, барем за мене, еве едно текстче кое ќе ве насмее и во кое мислам дека ќе најдете (барем) неколку факти. Enjoy :wink:



Дефиниција: Синдромот на испитна сесија или СИС, е болест кај студентите, предизвикува ментални и органски пореметувања, кои произлегуваат од вообичаени причини.

Појава: заболуваат 50% од студентите на возраст од 18-27 години, а на некои факултети дури и до 90% од студентите. Најчесто време на заболување е крајот на зимата и почетокот на летото, а се евидентирани и некои спорадични примери во текот на целата година. Од причини кои досега се неразјаснети, постојат студенти кои се имуни на оваа болест.

Пореметувања во однесувањето: СИС настанува заради неколку меѓусебно преплетувачки фактори. Најчести се: ракување со книга, кои се слични со именикот на Т-Home, намалено социјализирање, намалено спиење, движење кое е ограничено на соба-кујна-WC, конзумирање на храна и пијалоци со вишок на шеќери, масти и кофеин...

Клиничка слика: Пациент со СИС во пракса тешко се разликува од пациентите со пореметувања на личноста. Болеста се манифестира различно, а се’ зависи од генетските предиспозиции, околните фактори, вирусни инфекции итн...

Според симптомите, болните можеме да ги поделиме на повеќе типови:
1.[FONT=&quot] [/FONT]Депресивен тип: личност, која претходно сме ја познавале како весела, дружељубива, пријателски настроена кон другите, наеднаш се оддалечува, не одговара на повиците, не е достапен на МСН. Ја одбива помошта на домашните, и се предава на литературата.
2.[FONT=&quot] [/FONT]Антисоцијален тип: личност, која претходно била релативно мирна, со организиран живот, наеднаш станува раздразлива, арогантна кон пријателите, надворешните влијанија многу и сметаат, има слаба концентрација и не може да остане мирна. Има ненадејни напади на нервозно смеење.
3.[FONT=&quot] [/FONT]Фантазирачки тип: за оваа врста на заболени е значајно дека бегаат од реалниот во некој свој замислен свет. Седи со книгата в раце, но гледа низ прозорецот, ги гледа луѓето кои врват, или пак гледа во празно. Делува збунето, дезориентирано. Се фаќа за работи кои не би ги правел при здрав разум, како на пример чистење, пеглање, ја гледа трилогијата Господар на прстените, почнува да пишува сценарио за Бег од затвор итн...

Важно е да се нагласи дека симптомите се динамични и дека од час во час можат да се менуваат. Тоа знае да пречи при стапување во контакт со други луѓе. Резултатот се многу конфронтирачки ситуации. Истовремено со менталните промени се појавуваат и некои органски потешкотии, како што се зголемен или намален апетит, варирање на телесната тежина, почесто уринирање, дијареа со стомачни грчеви, појавување на акни, пореметувања во спиењето и во сексуалните желби.

Компликации: најчесто се јавува депресија, трајна асоцијалност, незаинтересираност за секс. Исто така забележано е и насилство над домашни миленичиња и некои HI-tech апарати (мобилен, лаптоп, далечински управувач...)

Лечење: бидејќи СИС е болест која ја предизвикуваат повеќе фактори, целосно излекување не е можно. Во пракса се служиме со одредени активности: за да се спречи изолацијата, пациентот треба да се интегрира во друштво. Добредојдено е учење во библиотека, каде што на 2 часа се наливате со кафе од автомат, заедно со други заболени. Корисно е и спортувањето. Ако болните се уште немаат намалување во сексуалните желби, се препорачуваат редовни сексуални активности, со цел желбата да не се изгуби.

Ако забележите некои симптоми или знаци кои погоре не се наведени, ве молиме да ги наведите во вашите коментари. Корисна би била и некоја анти СИС акција.
 
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
3.Фантазирачки тип: за оваа врста на заболени е значајно дека бегаат од реалниот во некој свој замислен свет. Седи со книгата в раце, но гледа низ прозорецот, ги гледа луѓето кои врват, или пак гледа во празно. Делува збунето, дезориентирано. Се фаќа за работи кои не би ги правел при здрав разум, како на пример чистење, пеглање, ја гледа трилогијата Господар на прстените, почнува да пишува сценарио за Бег од затвор итн...

јеееес :vozbud: се пронајдов.... и сеа сфаќам заш ми е убаво коа учам во читална... имам во кого да зјапам...:vozbud:
 
Ја уште у средно примив вакцина за ваква болест...така да
сеа лесно ми е:))
:smir:
 
Депресивен тип: личност, која претходно сме ја познавале како весела, дружељубива, пријателски настроена кон другите, наеднаш се оддалечува, не одговара на повиците, не е достапен на МСН. Ја одбива помошта на домашните, и се предава на литературата.
Се пронајдов!
Домашните одамна не се ни обидуваат да ми влезат во соба, последен пат зажалија.
Исхранат ами се сведува само на кафиња и цигари, и тоа се лажам себе си дека е подобро да мешам, турко па нес па турко пак. На крајот од колоквиумската не личам на човек и сум спиена вкупно 10 саати за 5 дена. сето тоа се манифестира со уште 2 дена изолација за враќање во нормала.
 
3.Фантазирачки тип: за оваа врста на заболени е значајно дека бегаат од реалниот во некој свој замислен свет. Седи со книгата в раце, но гледа низ прозорецот, ги гледа луѓето кои врват, или пак гледа во празно. Делува збунето, дезориентирано. Се фаќа за работи кои не би ги правел при здрав разум, како на пример чистење, пеглање, ја гледа трилогијата Господар на прстените, почнува да пишува сценарио за Бег од затвор итн...

Еве ја мојата дијагноза, кога сум заболен од СИС. За овој период се излечив од СИС, па ќе го чекаме вториот период од годината, каде епидемијата нa СИС пак ќе завладее врз младите студенти. :pos: :pos:
 
Појава: заболуваат 50% од студентите на возраст од 18-27 години, а на некои факултети дури и до 90% од студентите. Најчесто време на заболување е крајот на зимата и почетокот на летото, а се евидентирани и некои спорадични примери во текот на целата година. Од причини кои досега се неразјаснети, постојат студенти кои се имуни на оваа болест.
Се пронајдов :toe:... Претпоставувам дека тоа е поради книгите што во цел факултет беа 3, сите заедно собрани од сите години имаат помалку содржина отколку една на медицински факултет :baeh:.
 
1.Депресивен тип: личност, која претходно сме ја познавале како весела, дружељубива, пријателски настроена кон другите, наеднаш се оддалечува, не одговара на повиците, не е достапен на МСН. Ја одбива помошта на домашните, и се предава на литературата.

Јас припаѓам на овој тип на болесник...
 
две недели пред испит
on.net.mk_358991.gif


една недела пред испит
on.net.mk_358991.gif


вечерта пред испит
on.net.mk_358993.gif


на испит
on.net.mk_358994.jpg

on.net.mk_358995.gif


после испит
on.net.mk_358996.gif
 
Појава: заболуваат 50% од студентите на возраст од 18-27 години, а на некои факултети дури и до 90% од студентите. Најчесто време на заболување е крајот на зимата и почетокот на летото, а се евидентирани и некои спорадични примери во текот на целата година. Од причини кои досега се неразјаснети, постојат студенти кои се имуни на оваа болест.

america2.jpeg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom