Сиромашна демократија или богат тоталитаризам? Кое општество би го избрале?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Ме замисли баш ситуацијава во Либија..се изначитав муабети од типот колку народот им е богат,како добивале бесплатно здравство и образование,возеле коли по багателни цени,државата им дава станови , не плаќаат струја , вода и слично.. а живеат во земја која е водена од диктатор де факто,колку и да не се признава Гадафи е тоа., значи они се материјално прилично добро ситуирани,но од друга страна имаат недостаток на слобода во еден вид, нормално,каде царува диктаторот и слободата на говорот и слободата на однесување е ограничена... Од друга страна Македонија има друг систем на вредности и политички и економски,нема бесплатна струја , а уште помалку кола, но имаш слобода колку сакаш, да реметиш кого сакаш без да одгоараш, да се начукаш ко животиња и у 6 сабајле да повраќаш по улици ислично..Либијците со строгата полиција тоа сигурно го немаат..
Ми треба мислење, што би избрале ..златен кафез или ширина па кој како ќе се снајде
 
Интересно. Зависи како гледаш на работите, менталитетот на народот. Голем број Либијци моментално би сакале поголема слобода, додека голем број Македонци би сакале да бидат подобро материјално обезбедени. Додека не си ги заменат местата и не искусат како е кај другиот нема да знаат каде им е подобро :).

Јас би ја одбрал ширината :).
 
Се согласувам со членот над мене и исто би ја избрала ширината т.е. слободата. Џабе би ми биле сите луксузи, кога нема да можам да живеам како што сакам јас, а притоа тоа да ми го забранува или диктира некој кој не ме направил и не ме родил.
 
Се согласувам со членот над мене и исто би ја избрала ширината т.е. слободата. Џабе би ми биле сите луксузи, кога нема да можам да живеам како што сакам јас, а притоа тоа да ми го забранува или диктира некој кој не ме направил и не ме родил.

Џабе ти е слободата кога неможеш да живееш како што сакаш ти (:
Не? :)
 
Слобода? Хм.. :raz:
Јас баш и не гледам многу разлика меѓу диктатурата на Гадафи и "демократијата". Во двата случаи си слободен колку што тие сакаат да бидеш, или со други зборови, во двата случаи си роб. Само што кај диктатурата точно знаеш кој ги влече конците, значи можеш и да го казниш. ;)
 
работава е ај избери да те видам, ако моеш xD... кај кај напред сме ние од Либија, шо незначи дека сме многу напред
 
Од каде знаете пак што е тоа сиромашна демократија а што е богат тоталитаризам кога цело време живеете во сиромашен тоталитаризам ?

Чудно.
 
Кој рече дека живееме во демократија?

Чекај она бирање на еден од двајцата слуги на олигархијата се викало демократија? :pos2:
 
Ја би за Англија. Има пари, има стандард, а пак можеш да се ваљаш по улиците коа си пијан. ;)
 
Нема избирање кај нас, најсиромашни сме во цела Европа, плус нема никаква слобода.Ако си против тој на власт, отиде ...
 
Богат тоталитаризам според мене ..

Инаку што поточно граѓаните на Либија немаат слобода ајде кажете ?
 
Гадни времиња дојдоа, од слободна мисла не се живее, дефинитивно. Луѓето да имат како и душата би си ја продале, за да си обезбедат материјална благосостојба, сурова борба е општествово капиталистичко. Во мои очи од пред неколку години падна вредноста на демократијата, труе у последно време, не само што се покажа како недоволна за егзистенција, туку излегоа на површина гадните нејзини страни.

Треба да се вратат сталинистичките времиња, само строга тоталитарна рака и строго едноумие му е спасот.
 
Слобода,ништо друго.Што ке ми е бесплатна струја,вода и такви глупости кога нема да смеам да си го кажам своето мислење?хаха : )
 
Слобода,ништо друго.Што ке ми е бесплатна струја,вода и такви глупости кога нема да смеам да си го кажам своето мислење?хаха : )
Кога ќе бидеш гладна или нема да имаш куќа или некој сличен проблем кој што доаѓа со сиромаштијата, е тогаш и нема да мислиш многу...па и не верувам дека ќе ти биде гајле дали имаш право да кажеш свое мислење или не хах.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom