Сина гробница

  • Креатор на темата Креатор на темата Kallista
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Локација
Скопје.
gjavolsko_more2.jpg


Никој денес не може со сигурност да каже колку точно бродови мистериозно исчезнале во водите на Ѓаволското море. На десетина, можеби и стотина... меѓу исчезнатите била и американската нуклеарна подморница “Шкорпион “.
Во Втората светска војна, америчката подморница “Шкорпион СС 278“ задавала исто така опасни, разорни и смртоносни рани на непријателските бродови. Подморницата со право го добила епитетот неуништива, бидејќи секогаш се појавувала кога непријателот не ја очекува и ширела страв,паника и смрт.

Страв и трепет во Пацификот
“Шкорпион СС 278“ е изградена во портсмаунтското бродоградилиште во Њу Хемпшир. Во водите била пуштена на 20 јули 1942 година, кумувањето било од страна на Елизбета Монагл, ќерка на славниот капетан Молдер. По свеченоста се упатила на Пацифик во Перл Харбор. Тука почнала нејзината бурна историја. Храбро ги напаѓала јапонските товарни бродови, ги потопувала непријателските бродови, вешто избегнувајќи темпирани подморски бомби.
Своето прво успешно патролирање го завршила на 8 мај 1943 година и се вратила во пристаништето. Три месеци подоцна била повторно во море, во водите помеѓу Формоза, Тсушима и Нагасаки.На втората пловидба ги доживува најдраматичните часови.
На 3- ти јули се вовлекла во јапонски конвој од пет теретни бродови, кои пловеле во придружба на еден разорувач. Со вешти маневрирања успеала да потопи два брода ”Азан Мари” и “Кокурију Мари”. Меѓутоа, обиколена од сите страни од силниот непријател, подморницата “Шкорпион” не чекала да ги види резултатите туку веднаш се спуштила длабоко во водите, за да го избегне опасниот противнапад.
За тоа време околу неа експлодирале седум темпирани подводни бомби, но за среќа ниту една не и нанела штета. Меѓутоа, две минути подоцна ланецот за спуштање бомби и откривање на подморници, го допрело челичното тело на “Шкорпион”. Во тишина, морнарите го наслушнувале страотното стругање. Веќе во следниот миг стругањето се претворило во силна експлозија на подморска бомба. Подморницата опасно се затресла, но не била уништена. Тивко го променила курсот и побарала посигурни води. Успеала да го измами непријателот и да го избегне најлошото. Во средината на август се упатила во Перл Харбор, каде била пречекана како вистински славеник. Одликувана е со две воини ѕвезди за покажана храброст во воените акции.
До 5-ти декември 1943 година “Шкорпион” има изведено многу успешни акции, пради тоа е прогласена за Страв и трепет во Пацификот !
Меѓутоа, на 29-ти декември, под команда на М. Џ. Шмит, тивко впловила во водите на Ѓаволското море и за неа повеќе ништо не се слушнало. Два месеца подоцна, на 24-ти фебруари 1944 година од страна на Американската воена морнарица била прогласена за исчезната!
Што се случило со “Шкорпион” ?!

Последна пловидба
По завршување на војната детално се истражувани јапонските архиви за борбите на Пацифекот, но не е најдено ништо што би ја открило судбината на американската подморница. Така исчезнувањето на подморницата ја вброило во оние бродови , кои исчезнале без трага во мистериозни , неразјаснети околности. “Шкорпион” никогаш не бил заборавен. Американската воена морнарица посмртно ги одликувала офицерите и екипажот на подморницата.
Признанието достигна кулминација, кога истото име на славната подморница е дадено на нов амерички проект :најмодерна подморница која е изградена и потопена во морските води во 1959 година. Тоа била многу јака подморница на погон од еден нуклеарен реактор на водено ладење. За време на многуте изведени вежби новиот “Шкорпион” ги освојувал сите важни награди се до 1969 година.
На 21-ви мај 1969 година по едномесечни вежби во состав на Шестата флота во Медитеранот, америчката нуклеарна подморница воспоставила врска со својата база. Во краткиот разговор, Френсис А. Слеитер, командант на “Шкорпион” јавил дека екипажот е во одлична форма, и сите едвај чекаат да се вратат, како би се виделе со своите блиски. Подморницата во тоа време се наоѓала околу Азорските острови. Јавено е дека пловењето тече во најдобар ред, и дека во базата ќе пристигнат за 8 дена.
Америчката нуклеарна подморница една од најмодерните пловечки објекти, никогаш повеќе не се јавила!
Што со неа се случило и каква судбина ја снашло, никогаш не се дознало.
Пет месеци подоцна, на 29. 10. 1969 година, пронајдени се нејзините остатоци на дното на Атланскиот океан, но никогаш не е разоткриено што всушност се случило и која е причината за нејзиното мистериозно потопување!

gjavolsko_more.jpg

Проколната област
Да се вратиме на Пацификот. Во близина на Јапонија, во подрачје на Иво Џима и островот Маркус, се протега еден фјодор во океанот, Ѓаволско море во кое исчезнале без трага девет големи трговски бродови во периодот од 1950 до 1954 година. По тој повод јапонското министерство за морнарица поведува истрага. Али, наместо решавање на енигмата со исчезнувањето на бродовите, истражувачот Којо Мру Бр 5, со екипаж од 15 морнари помосрски експерти- таинствено исчезнуваат! Јапонците по овој настан Ѓаволското море го прогласуваат за опасно подраје!
Сигурно е едно : во минатото Јапонија ја потресувале чести експлозии од морето, а нив ги предизвикувале ерупциите на подводните вулкани чија главна жила се протегала преку полуостровот Изо према југ во далечнитеМаријансњки острови. Нејзините површински предели образуваат јадро на многу острови вклучувајќи го и најголемото острово Иво Џима.

Кога подводниот џин ќе се пробуди , морето едноставно ќе експлодира, стварајќи застрашувачки цунами бранови, често високи и повеќе од 20 метри, кои на својот пат уништуваат се пред себе! Баш све!!!
Сепак како и во Бермудскиот тријаголник, многу исчезнати бродови не може рационално да се објаснат. Таков еден настан се случил на 18. 09. 1952 година...

Екипажот на рибарскиот брод Миоја Мару 11 во водите источно од Бајонес забележала како морето се подигнало во висина на катедрала. Тоа било сигнал за многу научни организации во Јапонија, да започнатат истражувања.
Во тек на следните денови Морнарското спасувачко биро го упатило патролниот брод Шикине во Ѓаволското море, а токискиот универзитет за рибарство и земјотреси организира научна експедиција, чија задача била целот случај да го испита на лице место. Во оваа експедиција влегле претставници на Истражувачкиот институт на Токискиот универзитет, Токискиот научен музеј, Бирото за рибарство и новинари- пртставници на јапонска новинарска агенција Асаши.

Експедицијата со бродот “Шино Мару” се нашла во ѓаволското море на 23 септември, истиот ден биле сведоци на фантастичен настан: експлозија на вулкан во длабочина на морето. Тоа се случило североисточно од островот Бајонес.
За тоа време патролниот брод на Морнаричкото биро се вратил во пристаништето со извештај за постоење на “нов камен бедем на место на ерупцијата, кој интензивно испушта жолта пареа”. Хидрографското биро веднаш му дало име на новооткриениот подводен вулкан: Миоја-шо!
Наскоро во Јапонија се вратила научната експедиција, која пловела со бродот” Шино Мару”, а Хидрографскиот институт организирал нова научна експедиција во Ѓаволско море отпловила со бродот”Кајио Мару 5”. Бродот испловил од Токио на 21 септември и од тогаш за него повеќе не се чуло.
Следните денови е прочешлан секој метар од Ѓаволското море, али од бродот немало ни трага ни глас. Комисијата за истражување потоа издала званичен извештај за исчезнивањето на бродот: “Кајио Мару 5” очигледно се превртел и потонал на 21. 09. 1952. За време на експлозија на вулканот Миоја-шо, но никој не можел да објасни зошто во тек на пловењето не била воспоставена никаква врска , иако бродот бил опремен со најсовремена радио-опрема. Зошто???...
 
Гаволското море се споредува со Бермудскиот триаголник,,..Така имам слушнато
 
Back
На врв Bottom