Оваа вест никако да го привлече интересот на медиумите, а станува збор за историска пресвртница во светот на финансиите.
Во време кога од сите страни човештвото е бомбардирано со најави дека иднината ќе биде целосно дигитална и безготовинска, Уставот на една европска држава која не е членка ниту на НАТО, ниту на ЕУ, конкретно Швајцарија, ќе го гарантира правото на поседување и употреба на готовински средства за плаќање на финансиски обврски.
Уставните измени следуваат како резултат на референдумот кој се одржа во неделата, 8 март 2026, на кој над 73% од гласачите гласаа ЗА уставни измени со кои ќе се гарантира правото на поседување и употреба на готовински средства за плаќање на финансиски обврски.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.