Штрајк со глад за искоренување на гладот

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
14.11.2009

Со штрајк со глад за борба против гладот. Под ова мото Светската организација за храна ја повикува меѓународната јавност на солидарност со оние кои немаат што да јадат.

Директорот на организацијата Жак Диуф, синоќа започна штрајк со глад, во знак на солидарност со милијарда луѓе на светот што гладуваат.

Можеме да победиме во борбата против гладот со зголемување на производството на храна за 70 насто, за да можат да се нахранат над 9 милијарди луѓе, колку што ќе ги има во 2050 година, смета Диуф.

Тој нагласува дека некои земји успеале. Бразил е победник во борбата против гладот, бидејќи за 73 насто ја намали неухранетоста кај децата и спроведе редистрибуција на обработлива земја со поттикнувачки мерки за малите земјоделци.

Кина за третина го намали бројот на гладните, Гана е единствена африканска држава која го значително го намали бројот на гладните, од 5,4 милиони во 1990 на 1,9 милиони во 2009.

Тешка е состојбата во Индија, каде половина од децата имаат подпросечна тежина, во Етиопија гладуваат 7,5 милиони луѓе, а најтешко е во Демократска Република Конго, каде 76 насто од населението хронично гладува поради војните, нередите и насилствата.

Кампањата на ФАО е во очи на Самитот за гладот, што започнува во понеделник, а на кој над 60 шефови на држави и влади, треба да договорат зголемување на инвестициите во земјоделството, меѓународни мерки за борба против гладот и неухранетоста, како и да ја прифати декларацијата за искоренување на гладот.


Бан Ки-мун

Бан Ки-мун ќе започне еднодневно гладување

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ќе и се приклучи на акцијата за еднодневно гладување и со тоа ќе покаже солидарност со милијарда луѓе ширум планетава кои гладуваат, соопшти портпаролот на светската организација, Мари Окабе.

Пред одржувањето на самитот за обезбедување храна за гладните во организација на Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО), генералниот директор на оваа агенција, Жак Диуф најави дека од денеска изутрина па во следните 24 часа нема да јаде ништо, повикувајќи ги сите луѓе во светот да му се придружат.

В понеделник во Рим почнува тридневен самит, од каде ќе биде упатена порака со светските лидери да издвојат годишно 44 милијарди долари за помош на гладните ширум Земјата.

Извор

Не можам да ја разберам поддршката на гладните со гладување, на директорот на ФАО Жак Диуф и генералниот секретар на ООН Бан Ки- мун. Значи ли ова дека тие ги поддржуваат во понатамошно гладување?
Мислам дека на гладните ова ништо не им значи, ова е само медиумска финта. Не можеше ли да отидат и нивните оброци ги дадат на некој гладен и така барем некаде да покажат дека има шанси за намалување на гладот. Или пак сите моќници да одвојат по еден нивни оброк, така можеби ќе беа по убедителни.
 
Греота они, ќе штрајкувале на еден ден....
а зошто не два? Да не им се слоши????

Свињи дебели, од фотељи ќе штрајкуваат со куп лекари околу нив... а по улица, ги вртат главите на страна кога проаѓаат покрај просјаци (ако уопште прошле оти нели они се посебни)...
 
Јас би им дал предлог да бидат солидарни и со нас. Да си ги променат имињата!!!
 
Хм......Кога ќе размислам поубаво, па и нема смисла -_- Кога више ќе штрајкуваат со глад, ручекот на гладните нека им го дадат. Од нив нека почне промената..
 
Греота они, ќе штрајкувале на еден ден....
а зошто не два? Да не им се слоши????

Свињи дебели, од фотељи ќе штрајкуваат со куп лекари околу нив... а по улица, ги вртат главите на страна кога проаѓаат покрај просјаци (ако уопште прошле оти нели они се посебни)...

Сега веќе е нов ден и веројатно заборавиле каква изјава дале вчера... и дали воопшто издржале еден ден да не јадат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom