Што кога би се истакнала реалната слика на рекламата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Данлош Чехонте
  • Време на започнување Време на започнување
Д

Данлош Чехонте

Гостин
Софистицираната средина, музика и намалено светло ве поставува во соодветното расположение. Ова е стандардна реклама за алкохолен пијалак, но во оваа реклама можете да ја видите и другата страна на конзумирањето алкохол. Сите прават гримаси кога пијат, деца ја гледаат мрачната страна на своите родители и гламурот брзо се претвора во агресија и насилство. Дали некогаш сте биле жртва на ова „телесно насилство“ и како сте се справувале?
 
Кога би се истакнала реалната слика на сите реклами што ги гледаме на тв... тогаш ништо нема да купиме. Овака фино лепо фотошоп ќе проработи.. ке си речеме леле колку вкусно изгледа ова мора да го земам... кога ќе го земеш и направиш и кога ќе видиш дека не изгледа како на рекламата.. нити па има некој посебен вкус како што го опишуваат ќе си речеш.. ај беља нешто до мене ќе да е.. како иначе на рекламата изгледа така.
Рекламине што се за сендвичи.. кога ќе ги види човек лиги да му потечат... а кога уствари ќе видиш што има во тој сендвич ќе се исплашиш.

Тие производи што не се толку рекламирани и што немаат некоја привлечна реклама, ко одбивни да ни стануваат. Па ќе речеме.. каде бе воа.. која е оваа фирма?! овие немаат ни реклама.. од кај да знам дека се добри. А токму спротивното е некогаш.. тие работи што не се рекламираат толку може да бидат поквалитетни од оние кои постојано вртат на тв.
 
Некоја од европските земји имаше донесено закон со кој се регулира во колкав процент сликата смее да биде фотошопирана, зошто истражувањата покажувале дека младите девојки се фрустрираат во толкава мера заради својата убавина во споредба со таа од рекламите, што развиваат и тешки психички заболувања заради тоа.

Еве како изгледа девојката реално, а како е претставена на рекламата:

(за смеење http://www.youtube.com/watch?v=7-kSZsvBY-A&feature=related )
 
Рекламите се прават за да донесат повеќе профит, со тоа што само едната страна од паричката се покажува, замисли си Мекдоналдс прави реклама, со тоа колку луѓе имаат умрено од прекумерна тежина, а биле нивни стални муштерии, една година после таа реклама, Мекдоналдс ќе банкротира и никој нема да слушне за него повеќе. Јас повеќе би сакал некој на youtube да ги тестира производите и да ја прикажи нивната реална слика, сигурно нема да биде тужен од компанијата, туку ќе биде купен.
А за да компаниите не претеруваат во нивните реклами, е да фрчат тужби од корисниците, бидејќи тоа е измама, ова е посебно добро за хамбургерите кои светат на рекламите, арно ама кога ќе ти го дадат мислиш дека од трети спрат ти е фрлен на асфалт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom