Што би направиле...?

  • Креатор на темата Креатор на темата FrAnKEnsTEiN
  • Време на започнување Време на започнување
F

FrAnKEnsTEiN

Гостин
Значи вака вчера глеав еден филм и имаше една интересна ситуација и баш се замислив како би реагирал јас во таква ситуација!
Прашањето е што ако сте во врска со љубовта на вашиот живот ,меѓутоа и на двајцата ви е важна кариерата и конкурирате на исто место за работа на кое примаат само еден!(Работата и за двајцата е она што отсекогаш сте сакале да го работите)
Што ќе направите?
Ќе се откажете од местото во интерес на партнерот?
Ќе се "борите" со партнерот па нека победи подобриот?
Ќе го замолите партнерот да се откаже во име на љубовта?


Па повелете произнесете се!

П.С. Ако имало ваква тема спојте ја и ако не и е местото тука преместете ја јас тука ја отворив пошо ми е општа!:)
 
Значи вака вчера глеав еден филм и имаше една интересна ситуација и баш се замислив како би реагирал јас во таква ситуација!
Прашањето е што ако сте во врска со љубовта на вашиот живот ,меѓутоа и на двајцата ви е важна кариерата и конкурирате на исто место за работа на кое примаат само еден!(Работата и за двајцата е она што отсекогаш сте сакале да го работите)
Што ќе направите?
Ќе се откажете од местото во интерес на партнерот?
Ќе се "борите" со партнерот па нека победи подобриот?
Ќе го замолите партнерот да се откаже во име на љубовта?


Па повелете произнесете се!

Ма која љубов! Ја губам работата што одсекогаш сум ја сакала, само за него да го гледам среќен и леле колку романтично...:tapp:
Ете тоа ќе направам(болдираното)!..
кога е во прашање работа, кариера, не се меша тако званата љубов! Можеби нема да сум вечно со него и на крај останав и без работата(сум му ја отстапила него), и без љубов! А ако стварно се сакаме, нема потреба од љутење кој ќе ја добие работата, бидејќи нели двајца што се сакаат делат се:toe: тој кој има повеќе знаење, тој ќе си победи нема љутиш...а другиот ќе си ја дели радоста со него!
 
Прво вакво мислам дека не би можело да ми се случи,затоа што имам категорично речено дека не би избрала партнер од иста бранша или професија.Добро,добро,не ме напаѓајте - никогаш не вели никогаш,знам,знам.
Еве се замислувам.:pos:
Ако и на двајцата ни е битна таа работа,тогаш верувам дека и двајцата ќе се бориме.Ако и двајцата сме амбициозни,тогаш не гледам причина зашто некој да се откаже.Кој е поквалифициран,нека ја добие работата.Ако е љубовта силна,сигурна сум дека нема да биде ова препрека.
Не е во ред некој да се откаже од работата која ја сака,без воопшто да проба.
 
Подобриот нека победи, јас не се откаживам.
 
paaa dokolku mislam deka sum spremna i kfalifikuvana za rabotata ne bi se otkazuvala...ama vo sekoj slucaj koj i da pobedi drugiot ke se cuvstvuva ljubomorno...poloso od drugiot,neuspesno i slicno...zatoa ne se mesaat ljubov i rabota.ne veruvam deka na toj sto nema da ja dobie rabotata ke mu bide seedno,pa koga togas ke mu prefrli na drugiot...
 
Јас не мешам работа и љубов, па и кога би се нашла во ваква ситуација би било истото.
Љубовта на една, работата на друга страна. Не би му отежнувала, но можеби и повеќе би се трудела да успеам. Важно, не би се откажала од работата во името на љубовта, а истото нема да го барам и од него. Мислам дека би била дури и симпатична една таква ситуација, ама што да правам кога неможам да најдам способен маж како мене во тоа што го работам?:podsmev:
 
Секако дека ќе се борам за тоа работно место...Можеби таа љубов еден ден ќе ме остави,а мојот сон за таа работа ќе остане и тоа скршен.Во секој случај фер игра би било,па кој е подобар нека победи,ниту ќе го условувам во име на љубовта,ниту пак ќе го послушам ако го направи тој тоа.И да ќе се осеќам како губитник ако не ја добијам јас работата,па дури и љубомора,но ќе ми помине,таква ми била среќата,у осталом и оправдано ќе биде,кој сака пораз.Ааах,а ако јас ја добијам работата,верувам дека ќе ми биде жал и дека повеќе ќе сакам да било обратно,таква сум,што да правам...
Во секој случај ќе се борам,несакам да зависам од никого.а уште помалку од машко,па макар и избраник на мојот живот,секогаш треба да се има доза на резерва...сепак се работи за животен сон и животна шанса која можеби нема да се повтори...а дека заради тоа љубовта ќе ме остави или јас неа,не верувам,ако е вистинска нема да се случи тоа.
 
Ќе се "борите" со партнерот па нека победи подобриот?
Sekako deka bi go storila toa zosto i jas ja zasluzuvam rabotata kolku i toj taka da nema lutene. Neka si pobedi podobriot. I ako toj e love of my life se nadevam deka nema da se luti za toa a ako toj go dobie mestoto togas ni jas ne se lutam
 
Првата мисла што ми прелета у глаа ми беше дека би се откажала онака куртоазно, очекувајќи он да не ја прифати мојата отстапка и самиот да се повлече. Шизик на ризик.

Втората мисла ми беше: е даааааа беееее па некој трет да го лапне местото додека ние се нечкаме :) Ма нека победи подобриот, и онака јас ќе ги трошам парите:pipi:

У принцип најубаво е заедно да се продискутира на кого реално повеќе му треба работата, односно на кого му е потешко на сегашното работно место, на кого му е полесно да си најде друга работа.. па одлуката да биде заедничка.
 
He said She said со Kevin Bacon? :pos: На крајот двата добија поделена спикерска позиција, ама таа еднаш го тресна со филџанот по глава сред емисија. За да не мора одпосле да го носам по болници му го отстапувм местото. Јас ќе се снајдам.
 
Ниту ќе барам да ми попушти ниту јас ќе попуштам.Ќе се борам па нека победи подобриот.Би било интересно да се случи такво нешто.
 
Нема да се откажам тоа сигурно, ниту ќе го молам да се откаже заради мене или нешто слично, одам до крај па шта буде нек буде...
 
Работата на прво место, партнерот (освен ако не се налути) се менува...
 
ќе глеам да си ја зеам работата јебига...сепак пари требаат во животов! за партнер...лесно се менува:pos2:
 
Ако местото е во Blizzard да работам, no way! :pos:

Па ако стварно ме замоли да се откажам, ќе видам какви алтернативни работи има во моментот, и ако има нешто слично би одел тоа. (ако врската е сериозна, најнормално) Ако не, кој ја добие работата, тој. Важно е тоа што еден ќе се вработи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom