Шпекулации

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Сите шпекулации за трансфери на играчи ќе ги пишуваме овде: преговори, понуди за играчи и слично ќе одат на оваа тема. Пожелно е и линк од каде ви е информацијата, а веста да е на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.
 
УРУГВАЕЦОТ СИ ОДИ ОД ЏУЗЕПЕ МЕАЦА
Рекоба пред трансфер во Атлетико
Уругвајскиот репрезентативец Алваро Рекоба речиси сигурно ќе го напушти Интер и идната сезона ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид, соопштија вчера италијанските медиуми. Според нив, раководствата на двата клуба веќе се во завршна фаза со преговорите за трансфер на искусниот напаѓач и целата работа може да се официјализра до крајот на оваа недела.

"Натпреварот со Торино, најверојатно, беше мој последен во дресот на Интер. Веројатно тоа е најдобра солуција и за мене и за клубот. И покрај тоа што с$ уште не сум начисто со себе, мислам дека е време да си заминам од Џузепе Меаца по една деценија. Во секој случај, нема да се преселам во некој друг италијански клуб бидејќи играњето против Интер е незамисливо за мене", изјави популарниот "Кинез".

Атлетико Мадрид, најверојатно, летово ќе остане без својот најдобар играч и капитен Фернандо Торес и замена за него ќе бара во Рекоба. Уругваецот одамна го загуби местото во стартниот тим и последната сезона одигра само 13 натпревари, што беше една од причините за неговата одлука. Рекоба дојде во Интер во 1997 година, но иако беше сметан за еден од најквалитетните напаѓачи во светот, никогаш не успеа да го потврди тоа. Тој беше еден од омилените фудбалери на претседателот Масимо Морати и само заради тоа остана толку долго на Џузепе Меаца. Најдобрите игри Рекоба ги пружи во дресот на Венеција, каде шест месеци настапуваше како позајмен фудбалер во 1999 година.
Фиго го раскина договорот со Ал Итихад

Луис Фиго е многу блиску до останување на Џузепе Меаца откако објави дека има сериозни проблеми во реализацијата на неговиот трансфер во арапскиот Ал Итихад. Португалецот потпиша договор со овој клуб уште во јануари оваа година и дури беше промовиран како големо засилување, но изгледа од тоа нема да има ништо.

"Откако се договоривме на 4 јануари 2007 година, Ал Итихад не ги испочитува своите обврски одредени во документот. Заради тоа, најверојатно нема да се реализира мојот трансфер, а клубот нема да добие ниту парична компензација", изјави Фиго.

Ваквиот развој на настаните најмногу му одговара на Интер, чие раководство уште одамна најави дека има желба да го задржи на Џузепе Меаца.



Бенитез ги "мерка" Малуда и Симао




Засилување на крилните позиции ќе биде приоритет на Рафа Бенитез во текот на летниот преоден рок.

Шпанскиот стратег не крие дека му е потребен еден елитен голгетер за Ливерпул да може да конкурира за највисок пласман во Премиер-лигата, но, сепак, главна цел на Бенитез летово ќе биде на Енфилд да доведе двајца крилни фудбалери од светска класа.

Заминувањето на Марк Гонзалез и Боло Зенден е најдобра потврда дека Бенитез воопшто не е задоволен од овој дел од својот тим, и ќе стори с$ што е во негова моќ за да се засили со брзи и продорни фудбалери.

Информациите од Островот говорат дека на листата желби на менаџерот на Ливерпул се наоѓаат Флорен Малуда од Лион и Симао Саброса од Бенитез.

Малуда ја одигра својата најдобра сезона во кариерата и сосема заслужено ја доби наградата за најдобар играч во францускиот шампионат. Тој веќе најави дека планира летово да си замине од Лион, а Бенитез се надева дека ќе успее да го убеди кариерата да ја продолжи на Енфилд Роуд.

Лион го има проценето Малуда на 12 милиони евра, сума што новите "газди на Ливерпул можат да си ја дозволат за да му ја исполнат желбата на Бенитез.
 
продолжение..

Во меѓувреме, извршниот директор Рик Пери откри дека Бенитез не се откажал од намерата да го доведе на Енфилд капитенот на Бенфика, Симао Саброса.

Шпанецот повеќе од една година преговара за услугите на портуалскиот репрезентативец, но никако не може да се договори со Бенфика за висината на отштетата.

"Ние не сме се откажале од Симао, станува збор за елитен фудбалер што може да го направи нашиот тим поквалитетен. Уште не сме почнале преговори со Бенфика, но очекуваме тоа да се случи наскоро", изјави Пери.

Бенитез е подготвен да плати 15 милиони евра за Симао, кој според неофицијалните информации добил ветување од челниците на Бенфика дека летово ќе му биде дозволено да замине во Ливерпул.

Белами и Кјуел во Астон Вила?

Англиските медиуми најавуваат дека Крег Белами и Хари Кјуел и во следната сезона ќе бидат соиграчи, но не во тимот на Ливерпул.

Имено, Мартин О'Нил ги ставил овие двајца фудбалери на врвот на својата листа на потенцијални засилувања. Американскиот сопственик Ренди Лернер му ветил на О'Нил дека ќе стори с$ што е во негова моќ за да ги ангажира двајца фудбалери на Ливерпул, кои би можеле осетно да ја подобрат ефикасноста на Астон Вила.

Белами е проценет на 10 милиони фунти (15 милиони евра), додека Рафа Бенитез е подготвен да го продаде Кјуел за отштета од само три милиони фунти.
 
БАВАРЦИТЕ СЕ НАВИСТИНА СЕРИОЗНИ ВО НАМЕРИТЕ ДА ТРОШАТ ГОЛЕМИ ПАРИ.И ПОКРАЈ ТОА ШТО ДОГОВОРОТ НА КЛОСЕ СО ВЕРДЕР ИСТЕКУВА ЈУНИ 2008 БАЕРН Е СПРЕМЕН ДА ГО ДОВЕДЕ УШТЕ ЛЕТОВО ВО МИНХЕН И ТОА ЗА ДОСТА ГОЛЕМА СУМА НА ПАРИ КОЈА НАЈВЕРОЈАНТО ЌЕ ГО ОМЕКНЕ ТРЕНЕРОТ НА ВЕРДЕР КОЈ НЕ САКАШЕ ДА ГО ПУШТИ КЛОСЕ ПОРАНО.ЗГОРА НА СЕ Е И ТАЈНАТА СРЕДБА НА КЛОСЕ И ЧЕЛНИЦИТЕ НА БАЕРН НА КОЈА ТОЈ ИЗРАЗИЛ ЖЕЛБА ДА СЕ ПРЕСЕЛИ ВО МИНХЕН.

ЛИНК:http://de.eurosport.yahoo.com/310520...rt-bayern.html

Инаку според англиските медиуми Челзи веќе се договорил со Баерн за трансфер на Калид Буларуж во Минхен за сума од 3.5 милиони фунти.Ако знае некој нешто повеќе нека пише
линк: http://www.mirror.co.uk/sport/football/2007/05/31/exclusive--chelsea-sell-off-flop-bou-89520-19224323/

И германските медиумија објавија веста дека Баерн е близу до потписот на Калид Буларуж и трансферот ќе чини 5.3 милиони евра што и не е многу сооглед на тоа дека Чезли го купи за 10 милиони од Хамбург но тој воопшто не се снајде во Лондон и овој трансфер е многу веројатен!
Истотака е потврдено дека Клосе веројатно уште летово ќе се пресели во Минхен!
линк:http://www.transfermarkt.de/de/news/16280/ddd/news/anzeigen.html
 
Реал понуди 60 милиони евра за Кака

Шпанските медиуми вчера објавија дека Реал Мадрид е подготвен да ја продолжи потерата по бразилскиот фудбалски феномен Кака. Фудбалерот на Милан е примарна цел на "Кралскиот клуб" уште од минатото лето кога актуелниот европски првак се жалеше кај ФИФА за нелегалните преговори на Реал со нивниот играч. И покрај тоа, раководството на Шпанците не извлече поука, а претседателот на клубот, Рамон Калдерон, и натаму не се откажал од своето ветување дадено за време на изборната кампања кога рече дека по секоја цена ќе го доведе еден од најголемите таленти во светот.

Според шпанските медиуми, Реал Мадрид е подготвен да плати 60 милиони евра за најдобриот стрелец во Лигата на шампионите оваа сезона, а има можност во трансферот да биде вклучен и Емерсон или Фабио Канаваро за кои беше заинтересиран Анчелоти. На целата приказна "масло & долеа" самиот Кака, кој неколкупати досега изјави дека би сакал еден ден во кариерата да го облече дресот на Реал Мадрид иако е миленик на навивачите на Милан.

"Не би сакал да почнувам нова војна, но не би имал предвид да се преселам во Реал Мадрид", изјави Кака.

Бразилецот дојде во Милан во август 2003 година иако за неговите услуги во тоа време беше заинтересиран и Челзи.
 
Абидал никако нема да ја игнорира Барса

http://goal.com/en/Articolo.aspx?ContenutoId=317044

Кака повторно флертува со Реал

http://goal.com/en/Articolo.aspx?ContenutoId=316923

Малуда потврдува интерес со Ливерпул

http://goal.com/en/Articolo.aspx?ContenutoId=316781

Касано во Интер?

http://goal.com/en/Articolo.aspx?ContenutoId=317169

Палачио најверојатно во Барса

http://goal.com/en/Articolo.aspx?ContenutoId=317002
 
Клаудио Пизаро од Баерн можно е да заврши во Челзи на слободен трансфер. Челзи ќе мора да размислува на евентуалнта загуба на Дрогба за време на Афричкиот куп кој ќе се одржи на почетокот од 2008.

едит:Веќе е потпишан договорот

Арсенал во трка по Џибрил Цисе
 
Како пто кажа Тино се шпекулира дека К.Пизаро веќе потпишал со Челзи се чека само официјално презентирање на трансферот од страна на Челзи кои оваа година известија дека нема да летаат со мултимилионски трансфери и затоа гледаме веќе две нови засилување донесени на free трансфери.
Друго после неколкуте одлични засилување на Манчестер Ј. се шпекулира дека се заинтересирани за уште еден супер играч Анелка.
Исто така Тоти бил забележан во Барселона која се спрема да го продаде Ето и да донесе некое друго звучно име како на Пр. Анри.
 
Se spekulira za Sisioko vo Juventus ili vo Barsa oti malku igral vo Liverpul za otprilika 7 milioni
 
Тотенхем нудат за Мартин Петров (Атлетико Мадрид) 12 000 000 евра.
 
Дешамп си оди од Јуве????
Дали се само шпекулаци или вистина????
 
Deshamp izjavi deka ke si zamine pred edna nedela...

[mod]Делот што е напишан на англиски е избришан, прочитај го пак првиот пост на темава.
Fantom_oh[/mod]
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom