Не ти препорачувам да ја шатираш, па да се исфарбаш со друга боја. Шатирањето е процес на промена на бојата на влакното, со што се уништува целото влакно, изгуглај има еден куп објаснувања и искуства споделено. Најчесто тие што се одлучуваат на таков чекор покасно се каат.
Ти препорачувам да ја оставиш сама да израсне, покривајќи го коренот со колор шампон, а во меѓувреме мачкај ја цела коса со маслиново масло и цимет (еднаш неделно е доволно) и замотај ја во крпа и чувај ја така неколку часа, по можност и спиј така.
Јас така успеав природно да ја отстранам црната боја (но не преку ноќ) и да ги задржам дебелината и сјајот на влакното, како и должината.
Сепак, твоја коса твое право.
Поздрав и се надевам барем малку ти помогнав