leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Седум гладни детски усти во семејството Грнчаровски - храна денеска имаше само за најмалото
Плач од глад во домот на семејството Грнчаровски. Сите оние кои сакаат да им помогнат може да донираат на нивната жиро сметката 300007020452733 – Комерцијална банка.

Само најмалото од седумте деца, двегодишниот Даниел денеска имал оброк. Шише млеко подарено од милозливата сосетка.
„Ми помага кој колку може. Ама не знаеме секој ден како ќе го поминеме“, раскажа Лилјана Лазарова, мајка на децата.
Во малата собичка домот на ова семејство мајката низ солзи раскажуваше за животот без денар, без јадење, без среќа.
Денеска најголема радост за малечките беше портокалот и јаболкото што им ги дадовме. Рамноправно ги поделија. Не примаат никаква социјалана помош.
Сопругот не се пријавил навреме и го изгубиле социјалното, треба да чекаат цели 6 месеци до наредниот рок. Сега немаат пари ниту за нови документи.
Лилјана моли и бара помош, барем работа за еден за да можат да се прехранат.
Мирјана Мирчевска Јовановиќ

20.02.2013, 17:42
Според Устав сме социјална држава, на овие дечиња мора да им се помогне. Работат ли институцииве на терен нешто или пијат кафиња по канцеларии не ми е јасно. Донирајте!