Седан верзијата на Меган се вика Флуенс

Член од
21 април 2009
Мислења
139
Поени од реакции
16
Локација
Скопје
Преземајќи ја штафетната палка од Megane, компактниот седан на Renault продолжи да го трча маратонот започнат пред скоро три децении. Првиот круг го следеше и редакцијата на Авто Плус, на светската презентација во Измир

Со својот атрактивен и моќен изглед, Fluence ќе ги освојува купувачите во осумдесетина земји од целиот свет
Renault има долга традиција на компактни седани. Успешниот модел 9 беше тој кој во време кога хечбеците масовно стануваа популарни, не само што се проби на пазарот со својата кутиеста форма, туку и ја освои и титулата "Автомобил на годината во Европа". Неговиот успешно истрчан круг го продолжи Renault 19, кој под една ознака ги обедини и двете каросериски верзии и на првата генерација на Megane му остави во наследство добро разгазена патека на која не беше тешко да се победува конкуренцијата. Сега, кога третата генерација на Megane во својата хечбек варијанта се спротивставува на лошите продажни бројки предизвикани од глобалната криза, францускиот производител се одлучи повторно да ги понуди хечбек и седан верзиите како засебни модели.
Овој пат разликите се нешто подлабоки - освен по името, Fluence се разликува од Megane и по техничката основа, која ја доби од новата генерација на Samsung SM3, претставена годинава на салонот на автомобилите во Сеул. Она што им е заедничко е фабриката во која ќе се произведува и во која и досега се произведуваше седан верзијата на Megane - во Турција. Основата 1969 година како заедничка фирма меѓу Renault и турскиот армиски пензински фонд, Oyak Renault ги има произведувано сите седани на Renault и денес има капацитети за производство на 360.000 возила годишно. Докажан по својот квалитет (сертификатот ISO 9001 го доби уште во 1996 година), Oyak Renault ја стекна целосната доверба на француските сопственици во 1998 година, кога му дозволија да произведува модели кои ќе се продаваат во цела Европа. Турците сега извезуваат и до 80% од возилата што ги произведуваат, меѓу кои и Fluence, кој, како и Clio Grand Tour и Symbol, ексклузивно го произведуваат за сите пазари на кои ќе се продава.

Како статусни симболи, седаните од компактната класа со своите димензии значително се одближија до возилата од средната класа
Заради тоа, логично беше и светската новинарска презентација на Fluence да се одржи во Турција. Изборот на нашите домаќини беше регионот меѓу Измир и Кушадаси, изполнет со бројни археолошки и туристички локации, но и со секаков вид патишта - од типичниот турски велеградски хаос (Измир има 3,8 милиони жители), преку широките булеварски решени магистрални патишта со груб и неквалитетен асфалт, до малку нерамните, но по германски терк изградени авто патишта со шест ленти. На нив до израз можеа да дојдат сите карактеристики на Fluence - од лежењето на патот и еластичноста на моторите, до комфорот и прегледноста на каросеријата. Поидеално место за покажување на новиот модел не можеа да одберат.
Иако седаните глобално зафаќаат 50% од Ц сегментот, од 1996 година досега Renault има продадено само 900.000 примероци од седан верзијата на Megane. Очигледно сметајќи дека имаат поголеми капацитети за настап во овој потсегмент, Renault одлучи да понуди модел со специфичен дизајн, силен персоналитет и ново име. Елегантните линии на Fluence кријат ѓаволски добро усогласена механичка и комфорна целина, на која единствено може да и се замери скромната моторна понуда, која се состои од два бензински (1.6 со 110 и 2.0 со 140 KS) и два дизел мотора (1.5 dCi со 85 и 105 KS), слика која опционалниот автоматски менувач кај послабата, безстепената вариоматска трансмисија кај посилната бензиска и роботизираниот шестстепен менувач кај посилната дизел верзија само малку можат да ја подобрат.

Со Fluence, Renault значително ја подобрува својата конкурентност во троволуменскиот компактен сегмент
За среќа, она што за нас е најинтересно, дизел верзиите, одлично се усогласени - посилната со шестстепен мануелен менувач кој придонесува за аголноста, економичноста и помалата бучава, во што своја улога има и подот на кабината изведен со специјална акустична конструкција, додека послабата доаѓа со петстепен менувач, што ветува подобра цена, за која во Renault, барем за нашиот пазар, доста се резервирани. Сепак, од она што го слушнавме таму, впечаток е дека Renault нема со цената да го пробива овој во суштина нов модел, кој ја заменува седан верзијата на Megane - тоа ќе го стори со широкоградите димензии (Fluence е долг добри 4,62 метри, а има меѓуоскино растојание од 2,7 метри и багажник од 530 литри) и квалитетот на внатрешноста, како во поглед на избраните материјали, така и во поглед на изработката и нејзината содржина.

Технички податоци Renault Fluence Fluence 1.6Fluence 2.0Fluence 1.5 dCi 85Fluence 1.5 dCi 105 работна зафатнина (cm3): 1.5981.9971.4611.461 максимална силина (KS/kW*min-1): 110/81*6.000140/103*6.00085/63*3.750105/78*4.000 максимален вртежен момент (Nm*min-1):151*4.250 200*1.750240*2.000 должина х ширина х висина (mm): 4.618x1.809x1.479 меѓуоскино растојание (mm): 2.702 траги напред/назад (mm): 1.541/1.536 багажник (dm3): 530 максимална брзина (km/h):185-175185 забрзување 0-100 km/h (секунди): 11,7-13,410,4 потрошувачка: отворен пат/град/просек (l/100 km):5,3/8,8/6,5-/-/7,34,1/5,3/4,54,1/5,3/4,5


Превземено од:Авто Плус.com.mk

имав можност да присуствувам на промоцијата во Измир во октомври по мое мислење колата ветува многу па сеа ќе видиме :wink:
 
Убаво седанче...наликува задницата на Лагуна,што е оправдано,на лагуната и извадија многу добри линии.И стариот Меган Седан беше многу убав...бар за мене:wink:
 
Задниот дел прекрасен, можеле малку повеќе да се потрудат околу предницата, но сепак изгледа пристојно. Ако има добра цена, ќе биде доста продавана кај нас.
 
Незнам зошто ама ме потсеќа на Mondeo.... И да, битна е цената на моделот за неговата успешност, така да како ќе се вози низ Македонија е мистерија.

п.с. Моментално во Битола има повеќе Туарези од Фиќофци :baeh:
 
Некако ме потсеќа задниот дел на Форд Мондео:toe:
 
Незнам зошто ама ме потсеќа на Mondeo.... И да, битна е цената на моделот за неговата успешност, така да како ќе се вози низ Македонија е мистерија.

п.с. Моментално во Битола има повеќе Туарези од Фиќофци :baeh:

Во право си дека има појќе туарези отколку фичовци а за тоа дали ќе се вози хмм... па јас мислам дека појќе ќе се вози од берлината и купето исто како и прошлиот модел на седан поеќе се вози од другите модели на меган барем за скопје седани ги врие а за цената на колата со фул опема во Турција беше околу 23 000 евра со мотор 1.5 дци со 105 коња ама стварно премногу опрема ГПС кожен ентериер сончев кров сензори за паркирање и многу поеќе.. поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom