SLaCk
Remember me?
- Член од
- 23 ноември 2005
- Мислења
- 1.451
- Поени од реакции
- 18
ВМРО-НП го предложи Георгиевски за премиер по изборите
„Со целиот жар, со целото знаење ќе ја водам кампањата на ВМРО-НП“
Љубчо Георгиевски ќе биде кандидат за премиер на ВМРО-Народна, со што практично ќе ги влече главните потези на кампањата на парламентарните избори. Ова денеска во Прилеп го потврдија и членовите на ЦК.
„Со целиот жар, со целото знаење ќе ја водам кампањата на ВМРО-НП на сите митинзи, на сите претставувања, на сите телевизиски дуели што ќе ги прифаќаат противниците“, рече Љубчо Георгиевски, ВМРО-НП.
За разлика од претходните најави, Георгиевски денеска од Прилеп порача дека ќе води агресивна, нескромна, дури и дрска кампања.
Нема да бараат коалициони партнери, но им нудат соработка и министерски места на ВМРО-ДПМНЕ, ДРУМ и Земјоделската партија.
Во изминативе три и пол години доживеавме катастрофа на национален, економски и социјален план, рече Георгиевски. Затоа на народот ќе му постават суштински прашања.
„Ние сакаме на масата да ги ставиме суштинските прашања од кои зависи иднината на РМ. Сакаме да дискутираме за Косово и неговото можеби трагично значење за нашата иднина, сакаме да дискутираме за фактот што Македонците станаа граѓани од втор ред во сопствената држава од ден на ден се повеќе и повеќе“, додаде Георгиевски.
Имаме докажани и млади кадри и листите на кандидати за пратеници можеме да ги направиме за 24 часа, рече в.д. претседателката Весна Јаневска.
Техничкиот дел од изборниот штаб ќе го води Спиро Ристевски, а регионални центри на изборните штабови ќе бидат формирани во Центар, Куманово, Штип, Струмица, Битола и Тетово.