Се бараат работници во Австрaлија!

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.598
Поени од реакции
18.628
http://news.bbc.co.uk/2/hi/asia-pacific/7823812.stm

Се нуди вработување на тропските острови во Австралија. Нема потреба од квалификации, но кандидатите треба да бидат спремни да пливаат, нуркаат и пловат, со туристи на прекрасни песочни плажи.
Ќе добиваат $103.000 USA, за 6 месеци и плус бесплатно ќе живеаат во вила со 3 спални со базен.

Ќе бидат избрани 10 мина.

Веќе има милион пријавено.:(
 
И од милион, тебе ке те изберат... Не сонувајте џабе, таму ке има салам спремни батки кои имаат искуство со нуркање, спасување и слични срања.
 
Ко тој филмот со Ди Каприо...као се викаше
 
Како да аплицирам на ова бе, нигде не гледам:(:(
 
http://www.idividi.com.mk/zabava/Zanimlivosti/498749/index.html


rabota3.jpg


Австралиските туристички агенции објавија дека илјадници кандидати се пријавиле на огласот за „Најдобрата работа на светот“. Огласот сеуште е активен и ќе трае до 22 февруари. Десетте кандидати кои што ќе бидат избрани, 12 месеци ќе живеат на островот Хамилтон (5.000 жители), кој е дел од бисерните Витсдеј острови и ќе примаат годишна плата од 70.000 фунти. Нивната обврска ќе биде чување на островот и хранење на животинскиот свет.

rabota32.jpg


Туристичката агенција реши да објави неколку занимливи пријави за работата која ги заинтересира младите низ целиот свет:

Една Гркинка ветила дека ќе ја испере валканата облека на сите жители во Австралија, додека еден Австралијанец ја истетовирал рекламата за островот на раката и на тој начин сакал да ја покаже љубовта кон Големиот корален гребен.

ostrov%2021.jpg


- Тим од десет луѓе се задолжени за прегледување на молбите за работа. Тие изгледаат доста нервозно додека ги прегледуваат видео молбите кои пристигнуваат со брзина на светлината, изјави еден од раководителите на веб сајтот кој ја рекламира работатa. http://www.islandreefjob.com/#/home

Заинтересираните кандидати мора со молбата да приложат и свое видео во траење од 60 секунди.


- Од целиот свет ни пристигнуваат молби. Се сеќавам дека последните што ги забележав беа од Бразил, Романија, Швајцарија, САД и Турција. Сепак ќе мора да одбереме само 10 финалисти кои ќе ја имаат привилегијата да ја работат „Најдобрата работа на светот“, рече раководителот на сајтот.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom