Screw history!

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
OK, сега кога ве привлеков со ваков предавнички-like наслов, да го истакнам и вистинскиот наслов на темата: Prove history!

Што ми е поентата? Генерално на форумот, сите делуваат ама ептен форумџиски и се истакнуваат со информации од историја, од интернет и од сведоштва. Можеби толку време што се фокусиравме на месечината, воопшто не го приметивме прстот и дека можеби за прв пат, нешто толку едноставно како него, може да биде прилично добар аргумент. Ја натупиФ? Се надевам. :)

Факт 1:
Дали некој чул за поимот Бежанец? За бежанските села? За бежанскиот народ? Имено во струмичко има повеќе села (најистакнати од нив се Иловица и Штука) каде што скоро 90% од населението се бежанци. Тоа се македонци, протерани од Грција (овај егејскиот дел на Македонија) во периодот од 1913 па наваму. Не се малку на број. А дека постојат, да. Често на шала им лепиме вицови за егејци, чисто да се насмееме. Имаат за нијанса различен акцент од другите струмички. Не лепат на развлекување на зборовите како во Струмица или близу, не стават бугарски акцент како Ново Село и околија (вклучувајќи ме и мене). Не се тукашни. Егејски се.
Верувам дека има и други вакви места и луќе во Македонија. Сепак овие се единствени што ги знам и што ми се и повеќе од доволно да верувам на нашата историја а не на грчката или било која друга.

Доказ 1: Она што грците во моментот се курчат дека е нивно, и што ни го спорат всушност е - наше (или во најблага мера - беше наше). Ај да не продолжувам, сите го знаете остатокот 102.4%.

Факт 2: Не ми текнува сега која година беше точно, но беше пред 7-8 години. Бев на одмор во Бугарија, Поморје. Уште од овдешните кажувања важеше за едно место каде што преовладуваат (и тоа ептен) македонски туристи. Дали случајност или не, просудете сами откако ќе прочитате подоле. Таму конкретно како беше ситуацијата: плажата полна македонци, македонски јазик насекаде. Не, не беа тоа бугари, наши македонци беа, отидени на одмор таму. Она што е интересно. Шетајќи вака како мува без глава, носев маичка на која што знам дека имаше напишано нешто македонски и ме сопре еден човек. Ме праша од кај сум. Му велам од Македонија. Се исправи и гордо рече: Јас сум од Гоце Делчев, Пиринска Македонија! Почна да ме прашува дали во нашите учебници по историја нешто збореле за нив и за поделбата наша, му одговорив што како, и ми вели: Тоа што е трагично е дека пола од бугариве овде ни самите не знаат дека се македонци, а се силат на пробугарската пропаганда. Зборувајќи со мене човекот се прелија со чувства, стварно го осетив тоа.
Продолжува приказната. Еден ден вака си седиме во дворот на куќата кајшто бевме сместени и си правевме муабет со газдата на местото. Кога запнавме за некои историски ствари, тој рече: татко ми е бугарин, мајка ми е македонка. И вели: тоа што овде од секогаш имало најмногу македонски туристи и баш не е случајност. Цитирам: „половина од всичките хора коишто го основаха поморие са доселеници од пирина, пропадени од државата, и асимилирани тук. Им беше забранет македонскија јазик, беха стрелани и затварани ако говорат на него. Бјаха прокламирани като булгари и бјаха приморавни да се пишат како такива. Аз с'м пола блгарин, пола македонец както и гољам број на хора коишто живеат тук.“

Доказ 2: Каде изчезна етничкото македонско население во пиринскиот дел. Доказ за точноста на македонската историја и за македонската писменост, дека е комплетно македонска, а не бугарска. Сепак, ова ме наведува на некои мои иредентистички мислења. Имено со оглед на овој факт што зборуваме сличен јазик (акцентот и зборовите се прелеваат како што се оди на траса запад->исток) , а знаеме дека е создаден одкај нас, можеби бугарија е источна македонија, а не ние западна бугарија. Уат сеј? Страјк?

Факт 3: Имам зачувано целосно фамилијарно дрво од 7 колена, и нецелосно од 13 во кое што сите мои предци имаат карактеристични македонски имиња. Имам блиски роднини кои живеат во радиус од 50 км од мене. Ги има и во бугарија да. Имам историја на населеното место кое што на повеќе пати било мета на палење и протерување заради нечии други големо државни интереси. Имам сегашност што сум жител таму.

Доказ 3: Не сум измислен човек, не живеам во измислена држава, не сум припадник на измислена нација. Ебејќи ја целата светска историја, ја ценам мојата, личната, фамилирајната. До ден денес сум сведок на тоа што се случувало (тоа што имам рода во бугарија според чија влада, тие се бугари во корен, а не се) и сум жив доказ за постоењето и за историјата на мојот народ.

Е сега, за кого ми е пишан овој текст? Генерално за сите тие коишто веруваат во својата држава и во својата историја и гордо стојат позади името Македонија. Но, највеќе за сите оние кои што се спремни за компромис, за оние космополитите, европските граѓани, модерните. Идиоти.
Дали бе вие со вашиот мал ум сфаќате дека и барем една минијатурна промена на името го фрла сево ова погоре во вода. Дали вие би им го негирале постоењето и потеклото на луѓето бегалци. Дали вие би им скратиле сите надежи на гордите но сепак потиснати македонци ширум светот за барем еден момент на воздигнување и докажување на нивната историска грандиозност? И на крај, дали вие би сте се откажале од свето потекло, од тоа што во вас било и е - јас. Дали би останале сирачиња. Што ќе сте потоа?
(Искрено речено недај боже во некој таков момент јас би бил повеќе бугарин отколку македонец. Знам дека имам рода во Бугарија, а имам историја во нешто непостоечко, нешто што би било забрането за присвојување како што рече мистер Нимиц. Сираче би бил, знаејќи ги братучедите. Најлогично, би бил како нив.)
Дали би фрлиле милениуми историја заради еден мочан 20 годишен проблем на кој се повеќе и повеќе му се гледа нелогичноста и абсурдноста? Дали потоа во ваквата ваша безвезална иднина кога некој ќе ве праша кој си, што си и од каде си, би му дале одговор? Ако некој насила ве прави будали, барем вие не бидете слепи. За крај ве оставам со пораката на госпоѓата Панчева: верувам во она што ќе го видам со свои очи. :)

Дали има некој друг овде свои лични знаење и видувања за вакви кокретни, постоечки докази. Ова се аргументи. Ова се работи поради кои не може ни да се замисли нешто како преименување. Дебата за докажување на точноста на нечија историја е глупа заради фактот што и историјата има „своја историја“ и е модификувана, искривувана на кого како му годело. Дебата на постоечки работи, е увидлива, опитлива. Што ќе докажат овде Грците? Фашистички закони и постоење на македонско малцинство во егејска Македонија ? Генетички доказ дека не се поврзани со нас и нашата историја? Ајде, нека ми бидат гости.

Благодарам. Се надевам дека направив барем некоја мала поента.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Hmmm..Wiesenthal Institute ni falel od sekogas.....ama prost narod...........da ne bevme takvi , kaj ke ni bese krajot....SO FAKTITE KOI GI IMAME..., baska kadija te tuzi..kadija te sudi.....mnogu e tesko na tie sto sakaat da te nema, da gi nateras da gi pocituvaat tvoite prirodni prava.
Kako i da zavrtis ...se sveduva na SUROICA, ako ja nemas ili neznaes da ja koristis...TESKO TEBE...:)
 
N

n/a

Гостин
Neznam koj e...
Neznam koga ke se pojavi vekje ednas...
(ama podobro poskoro)
Ali ni treba eden Mustafa Kemal koj sto ke gi `procisti` vnatresnite redovi i ke gi organizira rabotite...
posto vaka kako sto e, so tolku mnogu odrodnici i predavnici,sto od interes sto od keif...
stvarno MAF ni e rabota.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Мразам лицемери!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Многу убав текст.

Еве да надоврзам слична случка со “Грк“, односно после една дискусија со човеков тој ненамерно, за да докаже наводно дека ние сме асимилирале многу Грци во нашата република и сме им менувале имиња :) ми појаснува како имал фамилија во Тетово со Македонско презиме и дека тие биле “испрани да веруваат дека се скопјани“, ама па излезе дека баба му зборела на “бугарски“ ... од Naoussa Негуш
:)

Чудна работа како успеале циганиве да им го замешаат лончето на нашиве егејци, башка сега неговата фамилија доле е измешана со Грци и нема шанси некој како него да се помири со фактот дека живеел во заблуда... дека е Грк .

Дечково има светла коса и тен,плави очи..... :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom