- Член од
- 27 јануари 2009
- Мислења
- 1.044
- Поени од реакции
- 40
- Возраст
- 35
По одличниот одзив на песните од неговото ново CD Орнамент, кое од неодамна може да се набави и кај нас, новиот миленик на женските срца, популарниот српски поп-пејач Саша Ковачевиќ претстојниов викенд повторно ќе гостува во Македонија.
Првиот настап е закажан овој четврток на 18.11.2010 година во популарниот скопски ноќен клуб Б2, додека следниот ден, петок, на 19.11.2010-тa Саша Ковачевиќ за прв пат ќе им се претстави на тетовчани со свој настап во новоотворениот ноќен клуб Шкорпион. Во сабота (20-ти ноември), пак, Ковачевиќ ќе има и трет викенд-настап во Македонија, во рамките на оваа мини-турнеја, кој ќе се случи во Кабаре во Штип.
На својот концертен настап во живо младата поп-ѕвезда заедно со својата придружна група, покрај своите најголеми хитови ќе ги промовира и песните од штотоку издадениот нов албум, кои веќе наголемо се вртат и на нашите радиостаници и се едни од најбараните во македонскиот радиски етер, како што се: Мила, Лудак, Лажу те, Коме да верујем, познатиот дует со Емина Јаховиќ - Још ти се надам...!
Во својот интерактивен настап кој се одликува со постојан контакт со публиката, особено со онаа од понежниот пол која секогаш е и побројна на неговите концерти, покрај изведбата на сопствените хитови Саша Ковачевиќ ќе пее и голем број познати и популарни песни од своите колеги од бившите ЈУ-простори.
Тоа како и секогаш ветува добра журка и ноќ исполнета со одлична забава, но и море од емоции кои допираат до сите сетила на оние кои овој викенд ќе бидат присутни на настапите на популарниот Сале во Скопје, Тетово и Штип.