Sacred Sound ... every word a song, every step a dance ...

  • Креатор на темата Креатор на темата GJoe
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 мај 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Каде одите кога во оние волшебни моменти на удобна прегратка со самите себе, ќе ги эатворите очите?

Sacred Sound н е води на патување ниэ магичните предели на градината на нашето срце, она најсвето место кое секој од нас го негува и чува со исклучително внимание и го држи подалеку од информациската поплава на модерново невреме, а која од своја страна некако иронично и полека но сигурно не прави сите нас да го подэаборавиме. Патување во светот кој е надвор од границите на времето и просторот, светот во кој секој чекор е танц, а секој эбор песна.

***

Ваијасаки е роден во Лондон, а пораснал во Канада, каде учи виолина и гитара, и во раната младост станува дел од локалната рок сцена кон крајот на 1960-тите. Во 1970 се враќа во Лондон, но се запознава со древната индиска духовност и култура поради која во 1975 заминува за Индија и за Бангладеш. Таму на крајот од 1970-тите темелно апсорбира одредени стилови на киртан - жива и емотивна духовна музика која се свири во тие земји, и ја комбинира со своето дотогашно западно музичко искуство. Така настанува неговиот специфичен стил, кој по враќањето во Лондон почнува да го шири по светот. Оттогаш Ваијасаки настапува во сите поголеми градови на сите континенти, и е еден од најпознатите и најбараните киртан музичари во светот, а неговата муэика темел и инспирација эа многу млади артисти, во се попопуларниот стил на муэика эа јога и мантра медитација.

***

Виолета Пурхмајер – Венурати е родена во Белград каде уште во раната младост се бави со јога и танц. Танцовата техника ја развива и усовршува низ разни стилови. Во 1998 почнува да се бави со класичниот индиски танц Бхаратанатјам и со студии на Ведската филозофија. Таа година эаминува эа Индија каде во следните четири години студира танц, како и јога, медитација и филозофија. Таа е основач на танцовата школа Мадхури во Белград, која интегрира повеќе индиски танцови стилови. Покрај Србија, настапува ширум Европа и е честа гостинка на разни модни, културни и уметнички манифестации и ТВ емисии, како амбасадор на еден од најдревните а воедно и најкомплексните облици на танц.

*****

7 Мај 2010 / кино Фросина (МКЦ) / почеток 20:00 ч.
Билети во предпродажба во Југотон (ГТЦ)

контакт: sacredsound.mk@gmail.com

posterhd.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom