- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.169
- Поени од реакции
- 1.333
Рубини: САД и Велика Британија веќе се во нова рецесија
28.09.2011 - 20:47 |
САД и Велика Британија, практично веќе се наоѓаат во нова рецесија, додека другите позначајни светски економско-финансиски „играчи“ се на работ од уште една криза и назадување по забележаниот забавен раст на нивните економии, тврди американскиот експерт Нуриел Рубини.
Овој професор на Школата за економија при Универзитетот во Њујорк, јави дописникот на МИА од Лондон, смета дека ваквата оценка се однесува и на еврозоната, каде главните економии веќе се во длабока криза.
Ваквата оценка, Рубини ја објаснува со стагнацијата во економскиот раст на САД, што во септември ќе биде најнизок во последните две години, како и со растот на невработеноста, која е највисока во последните 30 години.
Политичките лидери на еврозоната се под силен притисок од ММФ за брзо средување на кризата со внатрешниот долг на земјите-членки, затоа што нивната криза преку еврото се прелеа низ целиот свет. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) пак предупредува дека ќе нема пари за евентуалното покривање на италијанскиот внатрешен долг, доколку се појави потреба од таква операција, наведува Рубини.
Тој смета дека сега се зависи од тоа што ќе се случува во еврозоната, затоа што, според него, кризата со долгот во еврозоната е потешка состојба од крахот на банката „Лиман Брадерс“ во есента 2008 година.
САД ја предупредија ЕУ и посебно зоната на еврото да дејствува брзо затоа што нивната криза се претвора во глобален проблем, но германскиот канцелар Ангела Меркел им возврати на Американците со забалешката, прво да се погрижат за состојбите во својата куќа.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/rubini-sad-i-velika-britanija-veke-se-vo-nova-recesija