- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.667
Целиов серијал ми е омилен. Имам играно речиси се`, од првиот шогун до последниот. Мислам дека почнаа одлично и дека зенитот им беше со Rome TW, Medieval 2 TW и со Empire TW. А да, и Shogun 2 беше супер.
Имало доста проблеми со вториот Рим, многу багови и мноштво негативни реакции од играчите. Наводно CA реагирале молскавично и многу работи исправиле, ама такви големи пропусти немаше во претходните игри.
Е сега, поради немање време, не сум играл многу од играва, ама ми се чини дека многу работи се непотребно усложнети. Добро во теорија и на хартија, ама во реалноста и не толку добро. Во основа, можеа само да изменат и да дополнат неколку нешта, да подобрат графика и готова работа. Можеби сум премногу навикнат на првиот Рим, кој се` уште понекогаш го играм, ама поедноставното некогаш е подобро, посебно кога се работи за забава.
Сеедно Rome 2 Total War сe чини сосем солидна игра (посебно по исправките). Забелешките ми беа при споредбата со постарите игри кои беа генијално замислени и што е поважно, генијално реализирани.