Текстов е на ајтикоммк, и мислам дека би бил корисен за многу родители кои сакаат да превземат нешто во поглед на користењето на интернетот од страна на нивните деца а не знаат што да направат, а и мислам дека ќе поттикне и дискусија по истово прашање.
=======================================================================================
Во денешно време, децата и младите се тие кои го контролираат и го движат интернетот и сé побројни се случаите кога пет годишен син или ќерка знае како да го користи компјутерот подобро од родителите. Доколку сте загрижен родител и покрај тоа што на Вашите деца им давате слобода, сепак знаете дека е Ваша одговорност што тие прават кога седат пред компјутерот, без разлика дали се 5 или 15 годишни.
Во овој текст ќе се обидам да Ви претставам неколку програми и совети кои ќе Ви помогнат да ги заштитите своите деца кога го користат интернетот. Но пред да продолжите со читање на текстов, треба да запомните дека Вие самите треба да го најдете правиот баланс помеѓу заштита на Вашите деца и нарушување на нивната приватност и слобода на избор.
Иаку постојат голем број на програми кои можат да Ви помогнат во ограничување на тоа што Вашите деца прават онлајн, многу мал број од нив се навистина корисни и бесплатни...
1. Блокирање на непристојни содржини на веб страни
За оваа цел Ви е потребен филтер на содржини. Доколку користите Internet Explorer, ваков филтер веќе е присутен на Вашиот систем. Отворете го IE, кликнете Tools, па Internet Options и потоа изберете го Content табот. Оваа опција не е баш најкорисната бидејќи овој вграден филтер користи ситем за рангирање на сајтови, а не ја регулира содржината преку црни и бели листа за веб сајтови. Доколку сте корисници пак на Mozilla Firefox, иаку системот не овозможува вграден систем за контрола на содржини, постојат повеќе интересни екстензии кои можат да Ви го овозможат тоа и се лесни за инсталирање. Таквите екстензии се:
- Glubble - "Пребарување за фамилијарна забава"
- ProCon - Систем за блокирање (не е баш најефикасен)
- LeechBlock - Овозможува ограничување на време на користење на интернет
Друга алтернатива доколку Вашите деца го користат интернетот само за сурфање, е бесплатниот програм наречен K9 Web Protection од Blue Coat Systems.
2. Контрола и заштита на останатите интернет услуги
По откривање на тоа како да се користат веб страните, Вашите деца скоро сигурно ќе преминат на останатите услуги кои глобалната мрежа ги овозможува, како е-маил и инстант комуникации со нивните пријатели. Горенаведениот програм K9 овозможува само филтрирање на веб страни, затоа за целосно филтирање на интернет содржини потребен Ви е програм како бесплатниот Naomi . (Иаку програмот веќе неколку месеци не е во развивање и доработка и има застарени бази на податоци, сепак е корисен доколку неможете да си дозволите програми како CyberSITTER - 40$, Spector Pro - 100$)
3. Блокирање на непожелни програми
Друг начин на заштита е ограничување на користењето на интернет, како и програмите кои го користат. Има две добри програми кои го овозможуваат тоа. SaferSpace овозможува корисничка забрана, а ChatController овозможува да блокирате пристап до програми за инстант комуникации во некои периоди од денот. За вториот програм потребно е да имате .NET Framework 2.0 (проверете во Add/Remove Programs во Windows XP, или во Programs and Features во Vista, и доколку не го забележите .NET Framework 2.0 посетете го веб сајтот на Microsoft).
Доколку користите Windows Vista, во контролниот панел можете да најдете опција наречена Родителска контрола (Parental Control) која може да Ви помогне во заштитата.
При користење на сите програми од овој вид, уште еднаш ќе Ве потсетам дека и Вашите деца имаат право на своја приватност.
Пред да почнете да ги испробувате овие програми и да дејствувате како "Големиот Брат", разговарајте со Вашите деца, објаснете им како интернетот може да претставува навистина опасно нешто (пред да го направите тоа едуцирајте се добро за кои се вистинските закани). Објаснете им дека не треба да веруваат на секого и дека една лична информација лесно може да ја загрози сигурноста на целото семејство. Нормално, направете го сето ова на соодветен начин зависно од нивната возраст. Пак ќе напоменам дека најголемата заштита што воопшто еден родител ќе може да им ја обезбеди на своите деца е соодветна едукација и воспитување кое ќе овозможи правилно однесување.
линк до текстот
исто така еве и една страна специјално направена за оваа намена.
Безбедно на интернет

K9 Web Protection од Blue Coat Systems