Riverdale

Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.960
Уште една стриповска адаптација децо:D. И оваа на CW. Ќе си се дружат заедно со Флеш, Ероу, Супергрл, Леџендс и т.д. Шала. Иако делат иста ТВ мрежа и ист изворен материјал, Ривердејл е нешто сосема трето и нема никаква допирна точка со другиве. Стуткана си е серијата во свое посебно катче, која кротко кротко дебитираше при крајот на јануари со мини прва сезона, се разви во право освежување и комотно ги издоминира сите останати серии под капата на CW.

Медиумите ја пофалија и цитираа како најдобра нова драма, неочекувано добра, која превзема храбри потези, отвара прашања и развива дискусии на осетливи теми. Сензационална и злобна истовремено, беше еден напишал. Зависна, јас само би рекол :D. Дава интересен мета-коментар за тој идиличен ‘’Американа’’ начин на живот од 50-тите години во САД. Многу Норман Роквел стил. Слика каква за самите себе ствараа америте и како (не)реално се доживуваа. Како површински се’ изгледа убаво стокмено и цаком паком, а под фасадата уствари труе и се кријат заебанции и тајни внатре во самите семејствата, а и надвор од нив. Сите се некако испреплетени и имаат истории едни со други. Приказната во серија почнува со смртта на еден дечко, нешто незамисливо за малиот добар Ривердејл, по што почнува расколот и полека да се отплетува клопчето за тоа кој, што и како стои позади немилиот настан. Јако е и тоа што сценариото е така добро поставенo за да ти дадe до знаење дека дејствието е сместено во ‘’модерниот Свет’’, додека самото гратче и народот во него делуваат ептен офф, како да се заглавени пола Век во минатото.;)

Касно се качив на возот, ама откако ме наговорија да ја пробам, за два дена ги испукав 13те епизоди :D. А јас може сум се’, ама не бинџер:гик:. Вреди да и’ се даде шанса сигурно. Игра на ивицата меѓу тинејџерска и крими драма. Плус, со многу експлицитна и имплицитна сексуална слобода. Микс помеѓу ‘’90210’’ и ‘’Twin peaks’’. Ако малишаните не ме разбраа, мешавина од ‘’Gossip Girl’’ на село и ‘’Pretty Little Liars’’ со триста пати побрзо темпо, може ќе им звучи попознато. Лабаво е иначе врзана со сорс материјалот од Archie comics, кој има страшно богата ризница. Модерна интерпретација на љубовниот триаголник Бети-Арчи-Вероника. Арчи и екипата постојат и се штампаат од 1941, со мноштво мали и во главно независни аркови, во најубавото место за живеење икад - Ривердејл, каде ги имаат своите средношколски авантури.

Младата глумачката екипа е исполнета со новајлии, малтене на сите деца овие им се брејк-аут улоги во кариерите, но вршат добра работа. Лили Рајнхарт:love::love::love::love::love::love::love: и Меделин Пеш:eek::cenzura::вонзем: кинат, овие две ќе стигнат далеку. Кај повозрасните има пар познати фаци, како Лук Пери и Медхен Амик:drk:.

Главните улоги ги толкуваат ..

КЏ Апа АКА Арчи Ендруз. Златното момче во гратчето, воедно и најнаивен и обливиус лик од сите:свиркам::icon_lol:.
gasdfdsfadsasd.jpg

Лили Рајнхарт АКА Бети Купер:backa::love:. Ултимејт верзија на ‘’girl next door’’, од која полека на површина излегуваат 50 шејдс оф факд апo_O.
sdahdasjhdasjdas.jpg

Колтон Спраус АКА Џагхед Џоунс. Најдобар другар на Арчи, аутсајдер у школо и наратор на серијата.
fasdadsasfsdadsa.jpg

Камила Мендес АКА Вероника Лоџ. Блер од ГГ за сиромашни, њу грл ин таун која се запознава со местото и луѓето во него.
hgddasfasdads.jpg


Како што пишав, првата сезона е готова и има само 13 епизоди, оти премиерата беше после НГ. Втората ќе биде фулл сезона со 20ина епизоди. Шоуто се враќа во октомври.

PS - Josie and the Pussycats такоџе се тука:icon_mrgr::icon_mrgr: и рака на срце имаат пар добри кавери.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom