Ристеска осум години трча во исти тренерки, Ефремов ќе настапи со скинати спринтерки

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Датум: 11.07.2012, 18:28
МАKЕДОНСKИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЛОИ ВО ЛОНДОН
Ристеска осум години трча во исти тренерки
BA1AE58AA8CFA44396ED4B9BC525BCF9.jpg

Kолку ни дале, колку инвестирале, толку нека очекуваат од нас, порачува младата прилепчанка, која ќе настапи во атлетската дисциплина на 400 метри со вајлд-карта
Во четиричлена македонска екипа за Летните олимпски игри во Лондон, кои ќе стартуваат на 27 јули, последна влезе атлетичарката Христина Ристеска. Таа со вајлд-карта е пријавена за настап на патеката од 400 метри. Ристеска како да беше сигурна дека ќе учествува на Игрите, иако немаше постигнато норма, па летово не направи пауза. Се подготвува за што подостојна презентација во родниот Прилеп. Среќна е што првпат ќе учествува на светскиот спортски самит, но и револтирана штом ќе слушне критика од типот „ем малку учесници ем сите со вајлд-карта“.

- Немаме норма, а од каде да падне? Kако да дојдеме до норма, кога ништо не се вложува? На Олимпијадата одам со чест и гордост што ќе ја претставувам својата земја, но со жалење зашто никој не инвестира во атлетиката. Можам многу повеќе, но никој не вложува за да дадам максимум. Изгубивме нови четири години. Се знаеше дека по Пекинг доаѓа Лондон, а во овој циклус не одржавме ниеднаш вистински подготовки. Се собиравме само по 10 дена годишно во Охрид. Тоа е ништо, да ги распакуваш куферите и толку. Ни треба најмалку по еден месец силни тренинзи, со лекарски тим, засилена исхрана, витаминизација. Kолку ни дале, колку инвестирале, толку нека очекуваат од нашиот настап - порачува Ристеска.

Младата, 20-годишна спринтерка, која потекнува од АK „Трети ноември“, а сега е членка на скопски Работнички, надолго и нашироко ги посочува проблемите во нашата атлетика. Таа, иако е една од водечките атлетичарки, досега не добивала финансиска помош или стипендија, освен една година, а потоа ја укинале под изговор дека ја минала возрасната граница. Поради градежните работи на стадионот „Филип Втори“, наместо на патеката, 400 метри на тренинг истрчува крај Kејот на Вардар, каде е погодно само за крос. Посебна приказна е опремата. Тешко е да се поверува, дали е можно, една иста опрема да се носи цели осум години?

- Откога станав репрезентативка на 13 години, досега ништо не сум променила. Ги користам истите тренерки. Пораснав во нив. Сепак, добро е што сега конечно најавија нова опрема, дресови, тренерки, маички, шушкавци, патики, торбички. Опремата секако е битна, за нормално да се чувствуваш, рамноправен со конкурентите, да изгледаш пристојно за време на загревање, а не да се делиш од другите. И тоа е фактор што влијае на резултатот - вели Ристеска.

Таа држи повеќе државни рекорди во штафети, каде редовно трча и сестра ~ близначка, Фросина. Христина е веќе пет години државен првак на 400 метри со време од 57,80 секунди. Рекордот го постави на Балканијадата во Грција. Посакува подобар резултат во Лондон.

- Не се согласувам со застареното „важно е да се учествува“. Покрај с` што се случува, црпам мотивација самата од себе. Kрај мене е одличен тренер, Александра Војнеска, поранешна олимпијка. Немам страв од ждрепка. Сакам да трчам со најдобрата во светот, Американката Сања Ричардс - заврши Христина Ристеска.

Според програмата, претквалификациската трка на 400 метри е на 3 август. (З.И.)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=CB53EF2585408B4088E29B126E4AE5C4
 
Мноооогу од спортистите се со вакви услови, баш штета, само кошарката и ракометот во Македонија се на некое ниво, а за други спортови не сака да се слушне (n)
 
Дајте му на онај од Фиром што доаѓа уште 10000 евра, ги заслужи затоа што не се пласираа на игрите :tapp:.

Тренерки какви тренерки луксуз е тоа шо ви е вас.
 
Дајте му на онај од Фиром што доаѓа уште 10000 евра, ги заслужи затоа што не се пласираа на игрите :tapp:.


Тренерки какви тренерки луксуз е тоа шо ви е вас.

:facepalm:

тој од фиром тукутака игра за Олимпијакос а !? Заради брадата е сигурно... Човекот си има заработено со труд за да има толкава плата сега, на почетоците и тој немал некоја многу подобра судбина од девојчево.

А индивидуалниот спорт кај нас е посебна приказна, но и општо гледано, речиси секаде во светот за да успееш во таков спорт ти треба огромна финансиска позадина. Дали тоа била од сопствени извори, дали од држава, друг муабет...
 
Па и Перо Антич немало да успее да немал финансиска позадина,семејството одвоиле од своите задоволства за да му овозможат тренинг.Сам си кажува дека ништо не добил,а на крај му барале и оштета коа сакал да си иде.Тоа е,македонска реалност.
 
греота и срамота.
еден пар тренерки еј.... ц ц ц :facepalm: :confused: :mad:
како нема сега некој приватен спонзор
да и купи тренерки и опрема, па да ја посрамоти државата.
пример некој сајт што лапа пари од реклами
со активен форум би завршил голема работа.


мала шала:
како не се трчаше по дрва.
ем тренерки немаше да требаат
ем златен медал загарантиран.
 
Да знаевте дека „3ти Ноември“ е еден од најтрофејните атлетски клубови во Македонија, уште од поранешна Југославија, и да знаете во какви услови тренираат атлетичарите, кој ентузијазам секојдневно го вложуваат при никакви услови, би поднеле петиција за доделување орден... на сите.

Да знаевте дека тартан е мислена именка за овие луѓе, дека до скоро клубот немаше ни соблекувални ни туш кабини.... ќе сфатевте дека оваа девојка, согласно условите во кои тренира, за мене веќе освоила медал...
 
Знае дека може да си купи нови така ?
По некоја случајност живеам со таткото на девојкиве, човекот е плочкар кој заработува просечно по 200-300 евра и е единствен со приходи во фамилијата.
Муабетот ми е дека не е на место сарказмот.
 
Не знам што се чудите што никој не сака да финансира спринтери на 400 метри или воопшто на какви било индивидуални спортови кога прво поголем поврат на инвестиција ќе види да инвестира во малска серва,а второ шансите за успех во индивидуалните спортови покрај Америка,Кина,Русија се скоро никакви,да не ги ни земам во предвид спринтерите од Јамајка и маратонците од Африка.

Не можеме ние со 2 милиони народ од кој ако се види и 1/4 освен Фудбал друг спорт не игра ( освен Циганите и Албанците во бокс и борење ) да се натпреваруваме во 3 екипни спорта на европско ниво + па и уште индивидуалци да имаме.

Подобро би било да се концентрираме на кошарка и ракомет како главни спортови одбојка секундарен и неколку индивидуални како бокс,борење за кој имаме традиција.Во се друго или ја немаме традицијата или немаме пари да се натпреваруваме.
 
E kako ne, ne mozelo da uspeeme. Mirjana Bosevska kako uspea, Aleksandar Malenko kako uspea? Togas imase uslovi i imase i rezultati. Vo karate kako imame evropski (mislam) sampion? Srbija kako uspeva so individualci i pokraj Rusija, Amerika i Kina? Crna Gora? Slovenija?

Samo da se ima uslovi e potrebno, uspehot ke dojde, zelbata za uspeh ne ja dodeluva nekoj cicko odozgora po drzavi.
 
Не може тренерки да си купи???? :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm: Па 500 денари се на Бит Пазар. Да не сака и хотел да и платат, пат, јадење и пиење во Лондон.
Ај и јас спортувам рагби, треба да се јавам во некоја телевизија за апел да ми купи владата тренерки. Зошто вежбам со старите веќе 15 години. Нека освои некое првенство, па да не ја наградат и тогаш да се жали.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom