Реума/ревматизам

  • Креатор на темата Креатор на темата pumaval
  • Време на започнување Време на започнување

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
598
За реумата знам само дека е болест на коските, но сакам да знам како се добива и најефикасен начин да се излечи (бијдеќи имам слушнато дека тие масти и кремови не помагаат кај сите, и кога помагаат во прашање се недели, најчесто месеци па и години).

Не сретнав ваква тема, доколку има преместете ја.
 
Лек нема. Нека не те лаже никој, ниту еден доктор нема да ти најде лек или чаре да ти помогне. Единствен спас при реуматски болки ти се апчиња за болка(кетонал, дикло дуо) и друго нема. Коњски масти и такви други работи не помагаат.
Се добива при спортски повреди или кршеници или од старост. Ја се здобив со реуматски болки у лакт ради кршеница на рака, и веќе 7-8 години барам магичен лек да се излечам или намалам болка, ама такво нешто не најдов, ќе боли и ќе трпиш и ќе се навикнеш на болката со тек на време.
Се добиваат исто и од вируси, бактерии, од свашта може да се добие, ама лек нема.
 
Постојат повеќе ревматски заболувања, а со тоа и повеќе опции за терапија.
Целосно излечување не е можно, но постојат многу медикаменти кои можат да го забават развојот и појавата на компликации на ревматолошките заболувања кои мора да бидат строго под надзор на искусен ревматолог.

И не се само симптоматска терапија како дикло, кетонал, постојат и "каузални" медикаментозни тераии како преднизолон при некои акутни влошувања, имуносупресивна терапија како Метотрексат и потешка артилерија (оган скупа) терапија со антитела.[DOUBLEPOST=1445365072][/DOUBLEPOST]
Ја се здобив со реуматски болки у лакт ради кршеница на рака,
Тоа не е реуматска болка!
 
Последно уредено:
Постојат повеќе ревматски заболувања, а со тоа и повеќе опции за терапија.
Целосно излечување не е можно, но постојат многу медикаменти кои можат да го забават развојот и појавата на компликации на ревматолошките заболувања кои мора да бидат строго под надзор на искусен ревматолог.

И не се само симптоматска терапија како дикло, кетонал, постојат и "каузални" медикаментозни тераии како преднизолон при некои акутни влошувања, имуносупресивна терапија како Метотрексат и потешка артилерија (оган скупа) терапија со антитела.[DOUBLEPOST=1445365072][/DOUBLEPOST]
Тоа не е реуматска болка!
Учи ме мајко молим те, не е реуматска болка а ја 8 години трчам по болници со најразлични дијагнози и муки за реума у рака.
 
Учи ме мајко молим те, не е реуматска болка а ја 8 години трчам по болници со најразлични дијагнози и муки за реума у рака.
Реуматките болки се симетрични и често зафаќаат повеќе од еден зглоб, без да има во историјата некаква физичка траума.
Кај тебе најверојатно станува збор на образување на сврзно ткиво поради долга имобилизација на зглобот после скршеницата или пак се има оштетено зглобот за време на самата траума па сега постои артроза. Дали болките се намалуваат од топло или ладно?
 
Друже нејќам да те замарам со мојава повреда оти има голема историја, ама на кратко, од првичната слика кога ја сликав немаше на сликата никаква скршеница, докторот не ми даде никаква преврска, ниту лангета и раката зарасна криво и имам реуматски болки при промена на време, вака не. Ова на кратко, иначе измеѓу има цела историја од 8 години од влечење по доктори и до најразлични дијагнози што искрено ми е дојдено преку глава.
Ај што ме мачи реумава, туку некад при промена на време исти болки имам и во колено кое не ми е повредувано ама имам вода у него. Баш пред месец дена коленово ми беше три недели у гипс и ми правија пункција да ја извадат водата, што ти све не пиев апчиња, физикална, еве го сега пак се полни со вода.
Значи тотално небитно е ова, и идам скроз оф топик и те замарам, ја му пишав од свои маки што сум се мачел со тек на годиниве и секој доктор истово ми го рече „синко лек нема, пиј си апчиња ко ќе те боли и то“. Башка и самиот доста читав истражував за реума, пробував најразлични начини со лед, триста алтернативни методи со бабини лекови за реума, искрено ништо не ми опмага, дури ни апчињава за болка кои у почеток ми помагаа. Сега научив да трпам.
 
Реума се фаќа од повреди, од старост, од ,,ништо,,...Лек нема, ама превенција и одржување на некое пониско ниво ти е редовно движење, добра исхрана, физикална терапија ( особено магнетната ! ), а кога е најтешко помага кетопрофен ( кетонал, наклофен ). Но ако се користат редовно, организмот се навикнува на таа доза и потоа престануваат да делуваат. Така да најдобро е некогаш да се истрпи болката или да се напие барем најмалата доза од лекот.
 
Ако правиме муабет за Реума како Реумативен артрит, онда се смета за автоимуна болест и не се фаќа ни од повреди, ни старост. Има генетска предиспозиција.
Карактеристична е утринска вкочанетост и симетрично зафаќање на зглобовите кои пак се отечени и болни поради што движењата се ограничени. Може да биде пропратена со лесна температура, потење и слебеење.

Во однос на терапија, се даваат: нестероидни антиинфламаторни лекови (пр. аспирин, диклофенак, ибубруфен), цитотоксични или имуносупресивни лекови (за влијание на деструктивноста на болеста) , гликокортикоиди (но се избегнуваат ради зависност) , а во поново време се корстат и оние омега 3 масни киселини.
А потребна е и физикална терапија за да се зачува функцијата на зглобовите и околните мускули.
 
Јас добив реума на мала возраст, и тоа како последица на претерано хронични крајници. После операцијата на крајниците пред многу многу години, хирургот на мајками и кажал дека во вакви случаеви обавезно се заболува или од срце,или од бубрези или од реума. Јас ја закачив реумата и си ја носам . како мал имав поголеми болки, скоро неиздржливи и применував многу деструктивни методи за каква-таква помош . Немаше никаков ефект. Единствена помош ми бепе кога направив 6 терапии кај биоенергетичар во Битола ,исто така пред многу години. Можеби помогна тоа можеби е на автосугестивна база....незнам.Околу 10 години после тоа немав никакви болки, а после тоа малку по малку ми се враќаа болките. Сега сум отприлика на 20-30% од болките кои ги имав како мал. Пиев тогаш многу бруфени, ама само ми го раскопаа стомакот.

Народот вели дека единствен лек за реума и ишијас е 2м3 земја. Сигурно ја вади секоја болест од телото, ама треба некој месец да потрае:pos:
 
Не може да се излечи ама може да се намалат симптомите.
 
Бабами велеше дека реумата боли и откога ќе умреш :)

Мислам дека кај баба рада на канал 5 слушнав дека копривата (да го триеш болното место со коприва) помагало, има некој испробано?
 
Од Баба Рада не би земал никаков совет. Излапавена старица, кај она ќе ме лечи бре.
 
не беше таа туку некој се јави и го рече ова, затоа прашувам дали има пробано некој?
 
Пред извесно време пишував за ова и да копривата може да помогне затоа што ослободува природни хемикалии кои ја намлуваат болката (чувството на печење ќе помине и болката ќе се намали). Наводно и чај од коприва помага затоа што содржи природни аналгетици.
 
Докторот денес рекол дека реумата била од смалување на коските (поради старост). Некако ми нема логика ова... Ако е од тоа би се смалувале и болеле сите коски, а не само тие на раката, така?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom