Рејтинг на серии според Facebook

Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
На многумина можеби не им значи ништо дали една серија има многу лајкови на фејсбук, но факт е дека тоа може да ја направи една серија многу популарна. Јас случајно имам најдено доста серии на фејсбук (со голем рејтинг) кои ми се допаднале. Дали влијае тоа колку долго трае серијата или за која публика е наменета заклучете сами. Интересно е тоа што првите четири серии се анимирани. Дали вас ви значи рејтингот на фејсбук на една серија? Дали проверувате за некоја серија којашто ја гледате дали има страна на фејсбук?

Eве ги првите 20:

1.The Simpsons со 52,936,811 лајкови. Симпсонови трае 23 години и имаат снимено над 500 епизоди.
2.Family Guy со 46,900,804 лајкови. Има 10 сезони со повеќе од 180 епизоди.
3.South Park со 41,037,842 лајкови. Саут Парк имаат 16 сезони и повеќе од 230 епизоди.
4.SpongeBob SquarePants со 35,800,391 лајкови. Сунѓерот има 8 сезони со над 170 епизоди.
5.House со 28,357,352 лајкови. Заврши годинава со 176 епизоди.

6.Two and half man со 28,272,201 лајкови. 9 сезони со повеќе од 200 епизоди.
7.Mr.Bean со 22,633,263 лајкови.
8.The Big Bang Teory со 22,387,330 лајкови. 5 сезони и над 110 епизоди.
9.Futurama со 22,208,747 лајкови. Уште една анимирана од 1999 год.
10.How I Met Your Mother со 21,448,044 лајкови. 7 сезони и над 160 епизоди.

11.Glee со 20,439,463 лајкови .Има 3 сезони со 88 епизоди.
12.Grey's Anatomy со 18,183,539. Има 8 сезони со над 170 епизоди.
13.Friends со 16,489,155. 10 сезони со над 230 епизоди. Иако заврши уште во 2004 сеуште држи добар рејтинг
14.NCIS со 16,206,171. Има 9 сезони со над 200 епизоди
15.iCarly со 15,861,240. Има 6 сезони,100 епизоди.

16.CSI:Miami со 15,655,284. Има 10 сезони со над 230 епизоди.
17.American Dad со 13,354,755. Има 7 сезони со над 130 епизоди.
18. The Vampire Diaries со 12,983,891. Има 3 сезони со 66 епизоди.Најмалку епизоди од сите во првите 20.
19.Sex and the City со 12,668,079. Има 6 сезони со 94 епизоди.
20.Scrubs со 12,394,666. Има 9 сезони со 182 епизоди.

Понатаму се и Dexter,Gossip Girl,Bones, Desperate Housewives,The Office, True Blood, Lost, Supernatural, Prison Break, Pretty Little Liars со околу 10 М лајкови.

Завршени серии од овие 20 се: House, Mr.Bean, Friends, Sex and the City и Scrubs.

Според вас на што се должи рејтингот на сериите на фејсбук и по што се разликува од рејтингот на imdb?
 
Main source за сите филмови/серии related ми е imdb. На фејсбук ретко проверувам. Најчесто откако ќе изгледам барем една сезона од некоја серија, и многу ми се допадне, тогаш одам и стискам лајк. Ама мора да ми биде од најјаките, не ставам(ставав) за оние што се само добри. Се разбира дека рејтингот на една серија во најголем процент зависи од гледаноста и популарноста.

Фактот што првите 4 серии се анимирани е комбинација од нивната долга историја + тоа се најдобрите анимирани серии + фејсбук изобилува со корисници од помладата генерација. Последново е разликата помеѓу imdb и фејсбук :)
 
Фактот што првите 4 серии се анимирани е комбинација од нивната долга историја + тоа се најдобрите анимирани серии + фејсбук изобилува со корисници од помладата генерација. Последново е разликата помеѓу imdb и фејсбук :)

Се согласувам со тоа дека фејсбук изобилува со корисници од помладата генерација, иако во случајов Family Guy и South Park понекогаш разработуваат теми за +18 :D
 
Јас ги имам на ФБ сите серии што ги гледам, најмногу заради инфото. Навистина добри тимови имаат зад страниве кои постојано ставаат промо клипови, која нова актерска екипа ќе настапува, интервјуа со актерите итн итн. Пејџовите се стварно корисни за фан на некоја серија.
 
Mногу јасно Симпсонс,Саут Парк и Фемили гај ке бидат на првите места овие серии изобилуваат со пренатрупан хумор нема човек на кој не би му се допаднале освен на баами и део ми.
 
Според вас на што се должи рејтингот на сериите на фејсбук и по што се разликува од рејтингот на imdb?

Претежно се должи на популарноста на серијата во светски рамки. :)
Еве сами може да видиме колку common friends имаме кои ги имаат лајкнато овие страни погоре.

Според мене од овие е најуспешна фан страната на The Big Bang Theory, серијата е најнова од сите во Топ 10 (втора во Топ 20 после The Vampire Diaries) и е на добар пат уште повеќе да се качува. До почетокот на годината имаше помалку фанови од How I Met Your Mother, сега доста се качила, машала. А и корисни информации има за самата серија.


Јас ги имам на ФБ сите серии што ги гледам, најмногу заради инфото. Навистина добри тимови имаат зад страниве кои постојано ставаат промо клипови, која нова актерска екипа ќе настапува, интервјуа со актерите итн итн. Пејџовите се стварно корисни за фан на некоја серија.

Така и вистински се рекламираат телевизиски програми, гледам и кај нас пробуваат многу емисии и општо телевизиски програми и тоа го работат катастрофално.
Најблиску до некакви стандарди е (беше) страната на Џандар Збира.
http://www.facebook.com/Dzandar.Zbira.Show
 
Се согласувам со Фб особено за првите 3 серии, заслужено се на врвот, се надевам и ќе останат.
Многу полесно е да кликнеш лајк на фб или додека ја гледаш серијата онлине отколку да ја бараш на имдб и да ставиш рејтинг, а и полесно инфо ти стига на фб, симплицитет според мене.
 
Иако сум огромен фан на анимираните серии особено на SouthPark сепак мислам дека не е релевантно во ТОП 5 серии да се анимирани сепак има добри серии и се е од човек до човек не може некој со своите лајкови да ти наметнува серии.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom