Refurbished iPhone

Член од
20 јуни 2009
Мислења
75
Поени од реакции
13
Ако може некој да помогне, даде совет, мислење во врска со следниов проблем.
Имам купено iPhone 6S од Америка минатата година Октомври. Презадоволен сум од телефонот. Пред месец дена приметив горе лево на екранот како прашина нешто што се приметува на светла позадина. Бев во овие локалниве да прашам што е како е, едни ми кажаа мртви пиксели, едни викаат батерија може почнала да се дува па го притиска екранот дрн дрн..
Отидов во iStyle mk, кај кои како овластен reseller у МК важи гаранција, сервисерот ми кажа дека најверојатно е прашина. Е сега, може да го дадам мојот телефон и да ми дадат "нов". Но нов е уствари "refurbished" склопен од компоненти од други телефони, но со ново ќукиште, екран, батерија.. Би чекал 15-20 дена додека да стигне од Америка. Гаранција на тој телефон 3 месеци.

Дали има некој искуство со refurbished ајфони?
Што предлагате, да си терам со стариот или да си земам refurbished?

Благодарам.
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
642
Поени од реакции
485
Refurbished телефоните се нови телефони кои имале проблем, вратени се на сервис поправени, тестирани и вратени во продажба. А ова дека ќе ти дадат refurbished телефон ти го кажаа во iStyle? Прв пат слушам за вакво нешто...
 
Член од
20 јуни 2009
Мислења
75
Поени од реакции
13
Да, во iStyle ми го кажаа. Прогуглав што како за refurbished, него сакав да знам дали некој досега има земено на тој начин телефон и негово искуство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom