Референдум за името? Потребен ли е? За? Против?

Член од
13 јануари 2008
Мислења
570
Поени од реакции
18
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, и нејзиниот претседател, односно премиерот Никола Груевски, за време на минатиот владин мандат и изборната кампања постојано навестуваа дека имаат намера да спроведат референдум за името, без да прецизираат на што точно ќе се однесува тој референдум, за што и меѓу што ќе се одлучува.
Уште однапред да кажам: НЕ ТРЕБА (и не смее) да се спроведе референдум за името на МАКЕДОНИЈА!

А еве сега подробно и ќе објаснам зошто.

1. Како прво, да не се лажеме, проблемот што го има грција е насочен директно против МАКЕДОНЦИТЕ и македонскиот национален идентитет, а не против Албанците, Власите, Србите, Бошњаците, Ромите, Турците и другите „корисници“ на државава. Следствено на тоа, за такво прашање треба да се прашаат сите МАКЕДОНЦИ, бидејќи името на МАКЕДОНИЈА е нераскинливо поврзано со сите нив и нивниот македонски национален идентитет. Како што знаеме, огромен број Македонци живеат и надвор од Македонија, во Пирин, Егеј, Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, дијаспората. а нашата држава има ингеренции да спроведе референдум само на територијата на Република Македонија.


2. Доколку се спроведе корисниците и најголем дел гостите во оваа држава, т.н. „малцинства и етнички групи“ (секоја чест на чесните ислкучоци) воопшто нема да им биде гајле за МАКЕДОНИЈА и ќе гласаат за промена на името. Во прв ред кога велам гости и корисници, мислам на Албанците кои сочинуваат околу 20% од гласачкото тело. А Мерсел Биљаљи на Канал 5 кај Роберт Поповски изјави дека и 5% Турци и Роми, сите ќе гласале за промена на името (не измислувам).

3. Името МАКЕДОНИЈА не е ексклузивно право на нашата генерација Македонци, па ние немаме право да одлучуваме за негова промена, затоа што ние не сме го создале или направиле, па да го менуваме. Ние сме го наследиле од историјата од нашите предци, уште од пред 30 векови, а такво треба и да го оставиме да продолжи да живее и на идните поколенија Македонци! Значи треба да се прашаат и сите наши предци и идни потомци, за „евентуална промена на името“.

Сметам дека овие 3 факти се доволни да се образложи зошто не треба да има референдум промена на името. Јас предложувам друго, да се внесе нова одредба во Уставот дека името МАКЕДОНИЈА е во никој случај неменливо и единствено име за нашата држава!!!

П.С. Бранко Де-ГЕнеРОСКИ во последната колумна изјави дека со референдумот Груевски бегал од одговорноста и ја префрлал на народот, а со тоа најваувал и компромис.

Што мислите вие?
 
Мене една работа ме интересира.

Истите “експерти“ и поддржувачи на залагањата на “сонцата“ кои пропагираа смена на името, сега се против референдум?????
Нема логика а?
 
Мене една работа ме интересира.

Истите “експерти“ и поддржувачи на залагањата на “сонцата“ кои пропагираа смена на името, сега се против референдум?????
Нема логика а?

А кои се тие?

Башка и „сонцата“ се гола вода, нејќеа избори, добија. Се прокурчија дека ќе победат, изгубија со 64 пратеници.

Брате, не е работава во партиски препукувања, аман доста со нив!

Работава е сериозна за Македонија и Македонците!

Зар мислиш дека некој Ром треба да одлучува за идентитетот и името на матичната држава на Македонец од Австралија? Или пак мислиш дека Албанците имаат право да одлучуваат за идентитетот на Македонецот од Пиринска Македонија?

Не брат, со должна почит до премиерот, ама референдум не смее да има!
 
И самата помисла за референдум окулу сопственото име го прави човек да размислува дали е Македонец или би можел да биде нешто друго во зависност од желбите на соседите и другите етникуми кој живеат во Македонија.Бизарна помисла би рекол.:toe:
 
А кои се тие?

Башка и „сонцата“ се гола вода, нејќеа избори, добија. Се прокурчија дека ќе победат, изгубија со 64 пратеници.

Брате, не е работава во партиски препукувања, аман доста со нив!

Работава е сериозна за Македонија и Македонците!

Зар мислиш дека некој Ром треба да одлучува за идентитетот и името на матичната држава на Македонец од Австралија? Или пак мислиш дека Албанците имаат право да одлучуваат за идентитетот на Македонецот од Пиринска Македонија?

Не брат, со должна почит до премиерот, ама референдум не смее да има!

Кај виде партиски препукувања бе Христо? Поставеноста на ставовите е таква, ВМРО е за референдум, другиве се обидуваат да ја поткопаат идејава.

Премногу лесно ви турија страв в гашти дека некој Ром,Турчин или Албанец ќе изгласал смена на името, зарем не сфаќате дека упорно играат на таа карта?
Тоа е невозможно!

Верувај дека нема да се дозволи било која етничка заедница нам Македонците да ни крои имиња. Нема шанси.

Многу ми е жал што упорно вештачки се создава таква слика на тензичност меѓу народов.

И јас лично сметам дека референдум не е нужен, меѓутоа ја разбирам причината поради која Груевски оди на таа карта.

Прашање е,и дали ќе дојде до било каков референдум со оглед дека на Грците НЕ им одговара да се реши спорот воопшто.

И Грците отворено се против референдум, и “експертиве“ се против референдум... многу е смешно, истите оние кои ја туркаа промената на името.


И самата помисла за референдум окулу сопственото име го прави човек да размислува дали е Македонец или би можел да биде нешто друго во зависност од желбите на соседите и другите етникуми кој живеат во Македонија.Бизарна помисла би рекол.:toe:

Како прво самата помисла и страв за НЕУСПЕХ на еден ваков референдум прави човек да се размисли дали постојат Македонци.

Баш БИЗАРНО!
 
И оти нема референдум уште?
Кога ке се распиши тогаш зборајте коментирајте вака напразно ке зборате само и ништо нема да заклучите
 
Прашање е,и дали ќе дојде до било каков референдум со оглед дека на Грците НЕ им одговара да се реши спорот воопшто.

Брату, не смееш да си дозволиш СДСМ-овски речник кога зборуваш за македонските работи. Заедно со нивните зборовни конструкции доаѓа и нивната расипана логика.

Каков спор? Ние немаме спор со името Македонија. За нас спор не постои. Грците си имаат проблем, и тоа тежок. Зошто би требало ние да им го решаваме нивниот грчки проблем?

Секое размислување за тоа како да се излезе од непријатната ситуација во која не пикнале Киро и Денко со тоа што ќе им го решаваме проблемот на грците, а не нашите македонски прашања, е размислување со умот на Бране, Фрчко и Тито. Македонски комита не може да ги победи ако мисли со нивниот ум, ум на црв без кичма; за да ги победиш мора да мислиш македонски. Да знаеш колкава ти е силата и зошто толку се плашат од тебе.

И уште една забелешка:
Како прво самата помисла и страв за НЕУСПЕХ на еден ваков референдум прави човек да се размисли дали постојат Македонци.
Да не беа примерите од блиската иднина, можеби и ќе се согласев со тебе. Сепак мислам дека е подобро да не си играш со оган. Референдум не е потребен, зашто, повторувам уште еднаш, со тоа се озаконува Фрчковиот начин на мислење - а Македонија нема да тргне напред додека тој начин на мислење не биде полеан со негасена вар и затрупан десет метра под земја.
 
jas bi predlozil da duplirame...minimum 20 metra,....daj barem nekoj vek narodov raat da bide....kaj 10 ke kopame i 20.....
 
mene bas me zanima ako ima referendum koj ke se stavovite na partiite vo odnos na prasanjeto.
jas sum za referendum , so rezultati od istiot konecno ke se stavi kraj na pregovorite.
drugo e prasanjeto so do istiot najverojatno nema da dojde. ako nekogas slusnite i procitate deka nimic dosol so finalen predlog togas spremajte se za referendum, inaku se si ostanuva po staro.
 
Јас предлагам да навртиме капа.

Да ја навртиме капата Трну, ама работата е: овој Грујо досега што рекол, напраил. И тоа најбрз е за тоа што го решил без ич да му ја промисли. Така да, како што запнал за референдум, се ми се чини дека Саркози ќе не признае на еден ден пред тоа...
 
Viva la France! :) ...Not!

Никола треба прво да распише референдум со прашањето „Дали сакате референдум?“ па после тоа да прави што намерил...
 
референдум мора да има затоа што никој овде во државата нема право мене да ме нарече како што сака тој, а уште помалку некој политичар што успеал да се протне за еден четиригодишен мандат!
Ние не сме никој и ништо за да им се измочаме на гробовите на Александар и филип,на Самуил и Крале Марко на Гоце делчев и Никола карев!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom