Рецепти за свинско месо

  • Креатор на темата Креатор на темата guitardemon666
  • Време на започнување Време на започнување
Ако даваат од цркнати свињи, тогаш сигурно ти даваат и од цркнати пилиења, јариња... Не збори глупости, може да јадеш такво место ако купуваш во Шутка на пример. Ако си купуваш во реномирана месара, немаш гајле.

Свинското и пилешкото ми се највкусните меса. Поготово пржено. Ммммм...
Јарешко, јагнешко или незнам што друго - не признавам. :wink:
 
Јадам и такво месо многу е убаво и тато секоја Година купува за НГ свински и си имаме за цела година :>)
 
ауф свинско едно од омилените видови на месо ми е па посебно печено на скара м м м м
 
Било какво да е само свинско да е..:toe:
 
Ооо свинското е супер особено свинско на ражен испечено на скара:vozbud:.Додуша свинското го бидува во секоја комбинација.
 
Понекогаш скоро ич.:)
 
Ако сте љубител на свинско мевце, еве ви некоја идеја како да го подготвите :)

- Парчето свинско месо (бут/плешка/кртина) убаво посолете го. Ставете вегета од сите страни. Намачкајте со 2-3 лажици сенф. Ако сте љубител на зачинето мвеце, тогаш со ноже направете дупчиња на парчето свинско и ставете по едно чешне чук.
Потоа ставете го во кеса за печење месо (на Фино кесите се најдобри) полејте една шоља зејтин и една шоља вода. Затворете ја кесата убаво и оставете во тава, па во загреана рерна на 180 степени нека се пече. Печете 150 минути со наизменично вртење од една па од друга страна. Потоа го вадите месото од кеса и печете уште по пет минути од двете страни на 220 степени. На крај, го полевате мевцето со сафтот и го затварате со алуминиумска фолија некои 10 минути за да поприми убаво од сафтот.

- Одберете свинско по желба. Убаво посолете го и зачинете со вегета, сув рузмарин и премачкајте со сенф. Ставете го во тава за печење и преку него полејте 100 мл. зејтин, 200 мл. црвено вино и 200 мл. вода. Затворете со алуминиумска фолија и печете на 180 степени околу 150 минути со наизменично вртење од една па од друга страна и посипување со сафтот. Потоа отстранете ја фолијата и печете уште по пет минути од двете страни на 220 степени. На крај, го полевате мевцето со сафтот и го затварате со алуминиумска фолија некои 10 минути за да поприми убаво од сафтот.
 
Дајте некој рецепт за на ражен да се праи кртина свинско.
Планирам да праам за некој ден... колку време треба да се пече?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom