Рецепти за морски специјалитети

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
114
Морски омлет
потребни состојки:
- 200 гр. школки
- морски ракчиња слимс
- 4 јајца
- 1 домат
- 1 зелена пиперка
- 1 главица кромид
- 150 гр. шунка
- 150 гр. сирење
- 200 гр. кашкавал
- магдонос
- масло за јадење
- сол и црн пипер

подготовка:
Во поголем длабок сад едно по едно ги кршиме 4-те јајца. Половина главица кромид ситно ја сечкаме и ја оставаме во сад настрана. И пиперката ситно ја сечкаме и ја оставаме во садот со кромидот. Шунката ја сечкаме на коцки и ја додаваме во истиот сад. Доматот го лупиме во круг, а половината домат го сечкаме на коцки и го додаваме во садот. Во садот ги додаваме и морските ракчиња слимс. Школките ги чистиме и ги оставаме на даската за сечење. Кашкавалот го сечкаме на коцки и го додаваме во истиот сад. Потоа ситно го сечкаме магдоносот. На оган ставаме тава за пржење и во неа масло да се загрее. Јајцата во садот го посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер. Потоа јајцата ги матиме со вилушка. Во садот го додаваме исечканиот зеленчук и морските плодови. Промешуваме со вилушката и додаваме магдонос. Повторно промешуваме со вилушката. Сирењето го сечкаме на коцки, па и него го додаваме во садот. Промешуваме со вилушката, а потоа целата смеса ја истураме во тавата со загреано масло. Ја протресуваме тавата. Врз омлетот ги редиме исчистените школки. Тавата ја тргаме од оган и готовиот омлет го ставаме на чинија за сервирање.

Морска салата аспих
потребни состојки:
- 400 гр. Морски плодови
- 100 гр. Зелени маслинки
- желатин
- магдонос
- француски магдонос
- 1 портокал
- 1 лимон
- зачин Ц
- листови од ловор
- 2 дл. Вода
- босилок
- млад кромид
- масло за јадење
- сол и црн пипер

подготовка:
Во едно тенџере ги ставаме морските плодови и ги налеваме со вода колку да бидат прекриени. Тенџерето го ставаме на оган. Го додаваме босилокот и листовите од ловор.
На даската за сечење лимонот го сечкаме на кругови и 2-3 круга од лимонот ставаме во тенџерето.
Во една тава за пржжење ставаме 2 дл. Ладна вода и во тавата го додаваме желатинот. Промешуваме. Ја ставаме тавата на оган и додаваме зачин Ц. Откако растворениот желатин ќе зоврие ја тргаме тавата од оган и желатинот го процедуваме низ цедалака.
Тенџерето со сварените морски плодови го тргаме од оган и ги истураме плодовите во цедалка. Потоа морските плодови ги плакнеме со ладна вода и ги оставаме да се цедат низ цедалката.
Садот со желатин го ставаме во замрзнувач да се лади.
Исцедените морски плодови ги сечкаме на парчиња и ги ставаме во еден поголем длабок сад. Потоа го сечжкаме младиот кромид па и него го додаваме во садот. Лимонот и портокалот ги сечеме на половина, а сокот од половината лимон и портокал го додаваме во салатата. Зачинуваме со мелен црн пипер и посолуваме. Потоа во салатата додаваме масло за јадење и се убаво промешуваме.
Изладениот желатин го вадиме од замрзнувачот и тенџерето го ставаме на оган за желатинот да се врати во течна состојба за да може да се меша. Растопениот желатин го истураме по целата внатрешност на садот во кој ќе ја ставаме салатата. Потоа во садот ставаме половинки маслинки. На половина по должина сечкаме стебло од конзервирана мала пченка и ги ставаме во садот. Потоа во садот ја ставаме подготвената салата од морски плодови. Садот го полниме со течен желатин и го ставаме во замрзнувач да се стегне желатинот. Откако желатинот ќе се стегне, садот со салатата го вадиме од замрзнувач. Од надворешната страна садот го полеваме со топла вода за да се одлепи желатинот од садот. Вака подготвената салата ја ставаме на чинија за сервирање во форма на куп. Со остар нож на неколку места ја засекуваме кората на еден портокал. Потоа портокалот го сечеме на тенки кругови со кои ја украсуваме чинијата со салата. Истата постапка ја повторуваме и со лимонот. Круговите лимон ги ставаме врз круговите од портокал. Декорацијата ја завршуваме со гранче француски магдонос и со по еден бадемврз круговите од лимон. Со тоа морската салата во аспих е подготвена.

Морски коктел
потребни состојки:
- 200 гр. Октопод
- 200 гр. школки
- 200 гр. Лигњи
- 200 гр. Шкампи
- 1 лимон
- 1 портокал
- магдонос
- крак од октопод
- морски козици
- путер
- млад лук
- масло за јадење
- бело вино
- сол и црн пипер

подготовка:
На оган ставаме една тава за пржжење и во неа ставаме масло за јадење и путер. Во тавата додаваме малку бело вино. Промешуваме за путерот побрзо да се растопи.
На даската за сечкање ситно го сечкаме младиот лук и го ставаме да се пржи во тавата. Во тавата ги додаваме шкампите па кракот од октопод. Потоа ги додаваме морските козици, школките, октопдите и лигњите. Промешуваме, посолуваме и зачинуваме со мелен црн пипер. Додаваме уште еднаш од белото вино и ја покриваме тавта со капак.
Откако морските плодови ќе се издинстаат го тргаме капакот и додаваме сечкан магдонос. Ја тргаме тавата од оган и ја ставаме на работната маса.
Со лажица решетка од морскиот коктел вадиме на чинијата за сервирање обложена со листови зелена салата. Коктелот од морски плодови го преливаме со сосот во кој се подготвуваше. Еден лимон го засекуваме во форма на цвет и го ставаме на чинијата за декорација. Декорацијата ја дополнуваме со парчиња портокал, француски магдонос и кругови од праз. Со тоа мпрскиот коктел на морнарски начин е подготвен.

Морски плодови на истарски начин
потребни состојки:
- 350 гр. шкампи
- 400 гр. коктел од морски плодови
- 250 гр. ракчиња слимс
- 200 гр. замрзната пченка
- 200 гр. варен грав
- 150гр. сирење
- 150 гр. тост кашкавал
- 5 чешниња лук
- зелена салата
- 1 краставица
- масло за јадење
- сол и црн пиер

подготовка:
Водата во тенџерето на оган ја посолуваме. Потоа во тенџерето ги ставаме мешаните морски плодови да се варат. Промешуваме. Во тавата за пржење на оган го ставаме путерот да се растопи. Путерот го промешуваме во тавата за побрзо да се растопи. На растопениот путер ги ставаме да се пржат ракчињата. Две чешниња лук ги сечкаме на четвртинки. Потоа лукот го додаваме во тенџерето каде што се варат морските плодови. Преостанатиот лук ситно го сечкаме. Исечканиот лук го оставаме во сад настрана.
Во тавата со ракчиња ги додаваме да се пржат и шкампите. Во тавата го додаваме и исечканиот лук. Со вилушка ја гребеме лушпата на краствицата. Потоа краставицата ја сечкаме на тенки кругови. Парчињата краставица ги собираме во поголем длабок сад. Листовите зелена салата крупно ги сечкаме. И зелената салата ја додаваме во длабокиот сад. Во садот го додаваме и претходно сварениот грав. Содржината во тавата ја зачинуваме со мелен црн пипер. Промешуваме. Ги превртуваме шкампите. Ја протресуваме тавата. Тенџерето со сварените морски плодови го тргаме од оган. Морските плодови ги цедиме низ цедалка. И мешаните морски плодови ги додаваме во тавата за пржење на оган. Лимонот го цедиме во цедалка. Во длабокиот сад додаваме масло за јадење. Го ставаме и лимоновиот сок. Се убаво промешуваме. Посолуваме. Повторно промешуваме. Содржината од длабокиот сад ја претураме во длабока стаклена чинија. Потоа во чинијата додаваме од одмрзнатата пченка. На крајот во чинијата ја ставаме содржината од тавата за пржење. Сирењето го сечкаме на коцки. И коцките сирење ги редиме во чинијата. Парчињата тост кашкавал ги формираме во цветови. Цветовите од кашкавал ги редиме во чинијата со салатата. На крајот во чинијата ги редиме шкампите.
На оган ставаме тава за пржење и во неа путер да се растопи. Лебот го сечкаме на коцки и триаголници. Путерот во тавата го промешуваме за побрзо да се растопи. Во растопениот путер ги ставаме парчињата леб да се пржат. Откако ќе се испржат од едната страна лебчињата ги превртуваме во тавата. Ја тргаме тавата од оган и ја ставаме на работната маса. Испржените лепчиња ги редиме во чинијата со салата од морски плодови.Декорираме со гранчиња француски магдонос.

Морски ражничи

потребни состојки:
- 200 гр.шкампи.
- 200 гр.јастог
- 200 гр.лигњи
- 1 зелена пиперка
- 1 главица кромид
- маслиново масло
- сол и црн пипер

подготовка:
На даската за сечење главицата кромид ја сечеме на големи парчиња. Во парчето кромид забодуваме две метални стапчиња за ражњичи. Потоа на секое стапче забодуваме по едно парче јастог, едно парче шкампи, и по едно парче зелена пиперка. Парчињата лигњи ги превиткуваме во големина како другите парчиња на ражњичот, па и нив ги забодуваме на металното стапче. Продолжуваме уште еднаш наизменично да ги редиме сите производи и со тоа морските ражњичи се подготвени за печење. Скарата за печење ја попрскуваме со масло за јадење и на неа го ставаме наредениот ражњич. Откако ќе се испече од едната страна ражњичот го превртуваме. Сок од половина лимон цедиме во цедалака, па со него го полеваме ражњичот на скарата. Испечениот ражњич го вадиме од скарата и го ставаме на чинија за сервирање на која има лист зелена салата. Украсуваме со прокељ, топчести форми од варен морков, долгнавести парчиња од конзервирана црвена пиперка. Потоа додаваме и тенки парчиња од лимон и портокал со засечена кора врз зелената салата. Декорацијата ја завршуваме со гранче француски магдонос помеѓу парчињата лимон и портокал.

Рижо со ракчиња и печурки

потребни состојки:
- 200 гр. ракчиња слимс
- 100 гр. сечкани маринирани шампињони
- 100 гр. варен ориз
- 200 гр. кашкавал
- маслинки
- 50 гр. путер
- 1 црвена пиперка
- француски магдонос
- 100 гр. доматно пире
- масло за јадење
- сол и црн пипер

подготовка:

На оган ставаме една тава и во неа ставаме путер и масло за јадење да се загрее. Пиперката ја сечеме на половина, а половината на коцки кои ги додаваме во тавата. Тавата ја протресуваме, па во неа ги додаваме шампињоните и ракчињата. Посолуваме и зачинуваме со мелен црн пипер. Промешуваме. Потоа ситно го сечкаме магдоносот и го додаваме во тавата. Повторно промешуваме и во тавата го додаваме претходно сварениот ориз. Се заедно промешуваме и оставаме да се пржи.
На оган ставаме уште една тава и во неа го ставаме доматното пире. Во тавата додаваме малку вода и ја оставаме на оган. Првата тава ја тргаме од оган и ја ставаме на работната маса. Кашкавалот го рендаме на покрупната страна од рендето, а доматното пире на оган го промешуваме. Половината кашкавал го додаваме во тавата со рижото и промешуваме. Преостанатиот кашкавал го собираме во еден сад. Тавата со доматното пире ја тргаме од оган. На чинијата за сервирање ставаме 3 лажици сос од домати и го распоредуваме по средината на чинијата. Еден подлабок стаклен сад, кој ќе ни служи како калап го премачкуваме со масло за јадење. Потоа садот го полниме со рижотото со ракчиња и печурки. Со лажица ја мазниме површината и рижотото го превртуваме на чинијата за сервирање врз сосот од домати. Околу рижотото на три краја ставаме рендан кашкавал, а украсуваме со гранчиња магдонос и парчиња маслинки. За крај наросуваме мелен црн пипер.
 
темпура од шкампи

темпура сос:

2 cup dashi soup stock
1/2 cup mirin
1/2 cup soy sauce
1 tbsp sugar
PREPARATION:

Mix all ingredients in a pan. Put the pan on high heat and bring the sauce to a boil. Cool the sauce.


после иде...

NGREDIENTS:

12 large shrimps
1 egg
1 cup all purpose flour
1/2 cup cold water
Vegetable oil for frying
PREPARATION:

Remove heads and shells from shrimps without removing tails. Devein the shrimps. Make two or three incisions in the stomach sides of the shrimps to straighten them. Sift flour into a bowl. Pour cold water over the flour and add an egg.

pic_ll_kost_tempura.jpg


на крај си мацкаш во сосот и мммммм.... ;)


ме мрэеше да преведувам :icon_lol:
 
Бродет од октопод

Потребни состојки:
- 1 кг октопод
- 200 гр конзервирани домати
- 1 главица кромид
- 300 гр палента
- 1 лимон
- 5 чешниња лук
- ловорови листови
- 200 мл кока кола заради боја
- 100 мл бело вино
- магдонос
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:
Во тенџере налеваме вода. Го ставаме тенџерето на оган. Посолуваме. Во тенџерето ги додаваме октоподите. Лимонот го сечкаме на парчиња. Парчињата лимон ги додаваме во тенџерето. Во тенџерето ја додаваме кока колата. Го покриваме тенџерето со капак. Оставаме октоподите да се варат околу еден час. Го тргаме тенџерето од оган. Октоподите ги ставаме во поголем длабок сад, заедно со парчињата лимон.
Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Главицата кромид ситно ја сечкаме. Исечканиот кромид го ставаме да се пржи на загреаното масло. Промешуваме. Чешнињата лук ги гмечиме. Потоа лукот ситно го сечкаме. Исечканиот лук го додаваме во тавата на оган. Промешуваме. Конзервираните домати ги сечкаме. Исечканите домати ги додаваме во тавата на оган. Во тавата го додаваме и доматниот сок. И ловоровите листови ги додаваме во тавата. Промешуваме. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Октоподите ги сечкаме на парчиња. Исечканите октоподи ги додаваме во тавата на оган. Во тавата го додаваме белото вино. Со црпалка во тавата налеваме од водата во која се вареа октоподите. Промешуваме. Еден лимон цедиме во цедалка. Лимоновиот сок го додаваме во тавата на оган. Ја покриваме тавата со капак. Оставаме да се динста.
Во тенџере на оган налеваме вода. Посолуваме. Додаваме Брилијант масло за јадење. Во зовриената вода ја додаваме палентата. МеШаме со жица за матење. Го тргаме тенџерето од оган. Магдоност ситно го сечкаме. Садот кој ќе го користиме како калап го обложуваме со најлонска фолија.
Чинијата за сервирање ја украсуваме со парчиња од листови кељ. Калапот го полниме со палента. Формите ги вадиме од калапот и ги редиме врз листовите кељ. Откако течноста ќе испари ја тргаме тавата од оган. Бродетот од октопод го ставаме на чинијата за сервирање. На средината на чинијата украсуваме со половина лимон засечен во форма на цвет. Врз лимонот украсуваме со гранче магдонос. Врз Бродетот од октопод наросуваме ситно сечкан магдонос.
 
Сакам да пробам шкампи.
Не знам каде да купам. Не ни знам како да ги подготвам.
Чаре?
 
StormAngel напиша:
Сакам да пробам шкампи.
Не знам каде да купам. Не ни знам како да ги подготвам.
Чаре?

Пржени шкампи

потребни состојки:
1 kg шкампи
3 лажици брашно
1 јајце
2 мрвици
масло за пржење
1 лимон
сол

подготовка:
Шкампите добро се мијат и се варат во посолена вода 15 минути. Исчистение репови се ставаат во бело брашно, потоа се посолува јајцето, и заедно со мрвиците се става во врело масло.
Кога ги пржите добро внимавајте, одвреме навреме гледајте ги за да не изговат, потоа додајте им го лимоновиот сок. Од како добро ќе се испржат се служат заедно со јајцата.

Полнето авокадо со шкампи

Потребни состојки:

- 1 авокадо
- 200 гр. шкампи
- 500 гр. Варени компири
- 200 гр. Варени моркови
- млад кромид
- доматно пире
- 200 гр. Мајонез
- сол и црн пипер

Подготовка:
На даската за сечење сварените шкампи ги сечеме на парчиња и ги ставаме во еден поголем длабок сад. Потоа го сечкаме младиот кромид па и него го додаваме во садот. Во садот ги додаваме и доматното пире и мајонезот. Се убаво промешуваме со лажица.
Потоа го земаме авокадото и со остар нож го сечеме на половина по должина. Ја отстрануваме семката и секоја од половинките авокадо ја полниме со подготвената салата од шкампи. Наполнетите половинки авокадо ги ставаме на чинија за сервирање. Со помош на готварски шприц декорираме со кисела павлака. Потоа на секоја половинка авокадо ставаме гранче француски магдонос. Чинијата ја доукрасуваме со тенки кругови од портокал и лимон врз кои ставаме гранче гранцуски магдонос. Со тоа полнетото авокадо со шкампи е подготвено.

Полнети лигњи со зеленчук

потребни состојки:
- 800 гр. Лигњи
- 500 гр.спанаќ
- магдонос
- 2 црвени конзервирани пиперки
- 300 гр. Сечкани маринирани шампињони
- 200 гр. Кисели краставички
- бело вино
- маслиново масло
- сол и црн пипер

подготовка:
Во една тава за пржење ставаме маслиново масло и сечканите шампињони. На даската за сечење црвените конзервирани пиперки ги сечкаме на парчиња, па и нив ги додаваме во тавата. На парчиња ги сечкаме и киселите краставички и ги додаваме во тавата. Во тавата ставаме маслиново масло, сол и мелен церн пипер. Ја ставаме тавата на оган, додаваме уште малку масло и го додаваме спанаќот. Уште еднаш посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и промешуваме. Ја тргаме тавата од оган и ја ставаме на работната маса. Со лажица со смесата од тавата ги полниме лигњите и ги затвораме со дрвени стапчиња за ражњичи. Скарата на која ќе ги печеме лигњите ја попрскуваме со маслиново масло . Потоа на скарата ги ставаме полнетите лигњи. Откако ќе се испечат од едната страна лигњите ги превртуваме за да бидат подеднакво испечени од сите страни. Испечените лигњи ги тргаме од скарата и ги ставаме на чинија.Кората на еден портокал ја засекуваме на ленти, а потоа портокалот го сечеме на парчиња.
Истото го правиме и со лимонот. На чинијата за сервирање ставаме лист зелена салата, а врз него наизменично парчиња од лимон и портокал. Парчињата од лимон и портокал ги декорираме со магдонос. Потоа на чинијата ги редиме испечените лигњи. Правиме ребрести стапчиња од варен морков со кои ја украсуваме чинијата. Помеѓу парчињата морков декорираме со главички прокељ. Декорацијата јаа завршуваме со 2 кругчиња зелена пиперка, форми од варен морков врз полнетите лигњи и уште едно гранче магдонос. На чинијата ставаме и малку капари.
 
ја си пазарам замрзнати морски плодови од месара Попвски
ставам тафче со маслиново уље
сецкам кромид и мешам смеса
цедам кило лимуни
пржам тоа се, цедам зејтинот
и истурам лимунадата врз плодовите
 
Лигњи на истарски начин

Потребни состојки:
- 800 гр. лигњи
- 200 гр. пршута
- 200 гр. Кашкавал
- 100 гр. ориз
- 2 доамата
- 1 главица кромид
- 4 чешниња лук
- 1 лажица брашно
- 2 дл. бело вино
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:

На даската за сечење главицата кромид ситно ја сечкаме. Исечканиот кромид го собираме во сад настрана. Пршутата ја сечкаме на коцки. Парчињата пршута ги собираме во еден сад. Половината од кашкавалот го сечеме на парчиња по должина. Втората половина ја сечкаме на коцки. Долгнавестите парчиња кашкавал ги оставаме на чинија настрана, а коцките на даската за сечење. Чешнињата лук ситно ги сечкаме. Исечканиот лук го собираме во сад настрана. Дел од лигњите ги сечкаме на парчиња.
Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Во тавата го ставаме кромидот да се пржи. Исечканите лигњи ги собираме во сад. Го промешуваме кромидот во тавата на оган. Потоа во тавата ги додаваме исечканите лигњи. Промешуваме. Го додаваме исечканиот лук во тавата. Повторно промешуваме. Во тавата ги додаваме и коцките пршута. Мешаме. Ја протресуваме тавата. Во тавата го додаваме белото вино. Ја покриваме тавата со капак и оставаме да се динста. На доматите им ги отстрануваме рачките. Потоа доматите ги лупиме во круг. Излупените домати ги оставаме на даскта за сечење. Кромидот го сечкаме. Исечканиот кромид го оставаме на чинија. Излупените домати ги сечкаме на коцки. Коцките домати ги ставаме на истата чинија со кромидот. Го тргаме капакот од тавата. Промешуваме. Во тавата го додаваме претходно сварениот ориз. Промешуваме. Во тавата додаваме ситно сечкан магдонос. Промешуваме. Ја протресуваме тавата. Зачинуваме со мелен црн пипер. Повторно промешуваме. Ја тргаме тавата од оган. Содржината од тавата ја истураме во поголем длабок сад.
Истата тава ја враќаме на оган. Во тавата повторно ставаме масло за јадење. Во загреаното масло го ставаме исечканиот кромид да се пржи. Промешуваме. Во тавата го додаваме преостанатиот исечкан лук да се пржи. Мешаме додека не се испржи кромидот. Потоа во тавата ги додаваме исечканите домати. Промешуваме. Ја протресуваме тавата. Посолуваме. Зачинуваме со мелен црн пипер. Повторно промешуваме. Повторно ја протресуваме тавата. Магдоносот ситно го сечкаме. И исечканиот магдонос го додаваме во тавата. Промешуваме. Ја тргаме тавата од оган. Претходно исчистените лигњи ги полниме со филот од длабокиот сад. Потоа ставаме од коцките кашкавал. Повторно ставаме од филот од садот. Наполнетите лигњи ги оставаме на даската за сечење. Во тенџере на оган ставаме масло да се загрее. Наполнетите лигњи ги затвораме со чепкалки. Вака подготвените лигњи ги валакаме во брашно. Набрашнатите полнети лигњи ги ставаме да се пржат на загреаното масло. Испржените лигњи со лажица решетка ги вадиме од тенџерето и ги ставаме на чинија. На средината на чинијата за сервирање ја ставаме содржината од тавата за пржење. Околу неа во круг ги редиме испржените полнети лигњи, на кои им ги отстранивме чепкалките. Од лигњите ставаме и на средината на чинијата. Еден лимон го сечеме на кришки. Кришките лимон ги редиме помеѓу лигњите. Декорираме со гранчиња француски магдонос.

Лигњи со ноки

Потребни состојки:
- 800 гр. лигњи
- 200 гр. пршута
- 200 гр. Кашкавал
- 100 гр. ориз
- 2 доамата
- 1 главица кромид
- 4 чешниња лук
- 1 лажица брашно
- 2 дл. бело вино
- масло за јадење
- сол и црн пипер[/FONT]


Подготовка:
На даската за сечење главицата кромид ситно ја сечкаме. Исечканиот кромид го собираме во сад настрана. Пршутата ја сечкаме на коцки. Парчињата пршута ги собираме во еден сад. Половината од кашкавалот го сечеме на парчиња по должина. Втората половина ја сечкаме на коцки. Долгнавестите парчиња кашкавал ги оставаме на чинија настрана, а коцките на даската за сечење. Чешнињата лук ситно ги сечкаме. Исечканиот лук го собираме во сад настрана. Дел од лигњите ги сечкаме на парчиња. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Во тавата го ставаме кромидот да се пржи. Исечканите лигњи ги собираме во сад. Го промешуваме кромидот во тавата на оган. Потоа во тавата ги додаваме исечканите лигњи. Промешуваме. Го додаваме исечканиот лук во тавата. Повторно промешуваме. Во тавата ги додаваме и коцките пршута. Мешаме. Ја протресуваме тавата. Во тавата го додаваме белото вино. Ја покриваме тавата со капак и оставаме да се динста.На доматите им ги отстрануваме рачките. Потоа доматите ги лупиме во круг. Излупените домати ги оставаме на даскта за сечење. Кромидот го сечкаме. Исечканиот кромид го оставаме на чинија. Излупените домати ги сечкаме на коцки. Коцките домати ги ставаме на истата чинија со кромидот. Го тргаме капакот од тавата. Промешуваме. Во тавата го додаваме претходно сварениот ориз. Промешуваме. Во тавата додаваме ситно сечкан магдонос. Промешуваме. Ја протресуваме тавата. Зачинуваме со мелен црн пипер. Повторно промешуваме. Ја тргаме тавата од оган. Содржината од тавата ја истураме во поголем длабок сад.
Истата тава ја враќаме на оган. Во тавата повторно ставаме масло за јадење. Во загреаното масло го ставаме исечканиот кромид да се пржи. Промешуваме. Во тавата го додаваме преостанатиот исечкан лук да се пржи. Мешаме додека не се испржи кромидот. Потоа во тавата ги додаваме исечканите домати. Промешуваме. Ја протресуваме тавата. Посолуваме. Зачинуваме со мелен црн пипер. Повторно промешуваме. Повторно ја протресуваме тавата. Магдоносот ситно го сечкаме. И исечканиот магдонос го додаваме во тавата. Промешуваме. Ја тргаме тавата од оган. Претходно исчистените лигњи ги полниме со филот од длабокиот сад. Потоа ставаме од коцките кашкавал. Повторно ставаме од филот од садот. Наполнетите лигњи ги оставаме на даската за сечење. Во тенџере на оган ставаме масло да се загрее. Наполнетите лигњи ги затвораме со чепкалки. Вака подготвените лигњи ги валакаме во брашно. Набрашнатите полнети лигњи ги ставаме да се пржат на загреаното масло. Испржените лигњи со лажица решетка ги вадиме од тенџерето и ги ставаме на чинија. На средината на чинијата за сервирање ја ставаме содржината од тавата за пржење. Околу неа во круг ги редиме испржените полнети лигњи, на кои им ги отстранивме чепкалките. Од лигњите ставаме и на средината на чинијата. Еден лимон го сечеме на кришки. Кришките лимон ги редиме помеѓу лигњите. Декорираме со гранчиња француски магдонос.

Салата од морски плодови


Потребни состојки:
- 1кг морски плодови
- 100 гр краставици
- 100 грама зелени маслинки
- еден портокал
- еден лимон
- еден домат
- зелена салата
- еден кромид
- маслиново масло за јадење
- сол и бибер

Подготовка:
Целото количество на морски плодови го ставаме во сад во кој додаваме онолку топла вода колку е потребно да се покријат морските плодови и ги ставаме да се варат. Кромидот го пресекуваме на половина. Едната половина ја сецкаме на ситни парчиња кои ги ставаме во еден поголем сад. Истото го правиме со еден домат. Најпрвин ја лупиме кората а потоа го сецкаме на ситни парчиња и ги ставаме во истиот сад. Истата постапка ја правиме со една половина од краставицата. Ја лупиме кората и ја сецкаме на ситни парчиња. Потоа на смесата го додаваме целото количество зелени маслинки од кои е извадена семката. На крај додаваме една китка ситно сецкан магдонос. Земаме еден лимон кој го цедиме. Мал дел од сокот од исцедениот лимон го додаваме на смесата. Една половина од портокал ја сечеме на покрупни кришки, а од другата ја лупиме кората и портокалот го сецкаме на ситни парчиња. Втората половина од краставицата исто така ја сецкаме на кришки. кришките од портокал и кратавица ги тргаме на страна.Морските плодови се варени. Ги процедуваме, а потоа ги замиваме со ладна вода и ги додаваме на смесата од ситно сецкано овошје и зеленчук. Целата смеса потоа ја полеваме со поголемо количество маслиново масло за јадење, ја посолуваме и додаваме мелен бибер по вкус. На крај го додаваме и остатокот од лимонов сок. Смесата убаво ја промешуваме.Земаме неколку листови од зелена салата-марула кои ги сецкаме на ситни парчиња и ги тргаме на страна. Салатата од морски плодови ја ставаме на чинијата со која ќе ја служиме. Декорацијата ја правиме со ситно сецканите листови зелена салата, кришките портокал и краставица. Со кората од излупениот домат правиме фигура во форма на цвет. На крај декорацијата ја завршуваме со неколку гранчиња француски магдонос.
 
pomooooooooos sakam da naucam da gotvam morski plodovi :):):) :raz:

Јас лично сакам морски плодови, ама не ги готвам често, пошто ги преферирам кога се тазе уловени на море.

Почни со поховани прстени од лигњи, тие се купуават готови веќе поховани од супермаркет и лесно се прават - само се пржат. Можеш да земеш и шкампи (од поситните), ги правев по некој рецепт што го најдов на http://www.epicurus.com/food/, само не заборавај при готвењето да додадеш бело вино за да го ублажиш јакиот мирис. Еве и еден рецепт од храна и вино http://www.hrana.com.mk/recepti/Przeni-lignji-i-skampi.html
 
Ракчиња набрзина направени по овој рецепт:

Ги пржиш малку од двете страни (малку колку да заруменат). Од павлака, мајонез и магдонос си правиш сос. Ова не е баш романтично, ако ти треба за романтика имат и други рецепти.
 
како и да ги правиш не заборавај лимон и павлака со малку копар како додаток, а за екстра вкус потпржи ги во маслиново масло и соли со крупна морска сол
наздравје
:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom