Разликата помеѓу масоните, илуминатите и темпларите

  • Креатор на темата Креатор на темата ASSA
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 декември 2007
Мислења
305
Поени од реакции
0
Kоја е разликата помеѓу масоните, илуминатите и темпларите ?
Ќе може ли некој да ми објасн и да ми ја каже нивната цел и по што се разликуваат тие.
 
Тоа мислам дека може ѕидарски најдобро да ти го разјасни....Од археолошка и историаска гледна точка нема некои разлики....би рекој исти кур друго име...
 
... Zemi procitaj go kodot edno 50 pati pa ce svanis :P decki ne se opteretujte so vakvi temi glavata ce ve bole :p
 
Прочитај го Кодот на ДаВинчи-тоа се масоните
па прочитај ја Ангели и Демони-тоа се илуминатите
 
Темпларите се калуѓерски ред основан во средниот век за заштита на аџиите кои што оделе на христовиот гроб. Тие биле приватна војска на папата. Редот не постои повеќе и нивната историја им ја крадат и фалсификуваат другите погоре споменати. Ништо на wikipedia не е вистинито за нив, а па не Ден Браун што напишал.
Илуминатите и масоните поим немам што се и што работат.
 
Прочитај го Кодот на ДаВинчи-тоа се масоните
па прочитај ја Ангели и Демони-тоа се илуминатите
Во тоа што е спомнато во книгите не ќе да има многу вистина. За Илуминати јас би ти препорачал да ја прочиташ книгата "Илуминати" од Вилијам Де Шатон (така мислам дека беше), а за масони не знам, можеби ѕидарски ќе можи да ти поможи.
 
Некој од нив повеќе ебе прости пички, епа сега кој е тој, нека си се најдат девојчината/жените.
 
Kоја е разликата помеѓу масоните, илуминатите и темпларите ?
Ќе може ли некој да ми објасн и да ми ја каже нивната цел и по што се разликуваат тие.

Во истиов подфорум има тема "Масони", каде што имам доста зборувано и за масоните, и за илуминатите и за темпларите. И од историска гледна точка, како и за нивната взаимна поврзаност.
Ќе објаснам накратко само тука, но те молам, доколку сакаш да се задлабочи муабетот, да ја префрлиш дискусијата во другата тема, за да не се растура вниманието на неколку страни.

Илуминатите се настанати од масони, но набргу по формирањето на нивното здружение, биваат исфрлени од масонските ложи, затоа што ги нарушуваат основните принципи на масонството и почнуваат внатре во ложата да се занимаваат со политика, што не е дозволено.
Набргу потоа, владетелот на Баварија (кој е масон) го забранува здружението и ги апси членовите, заради заговор против власта. Основачот - Адам Вајшаупт, пребегнува во Швајцарија, па потоа во Шведска, но никогаш повторно не го формира здружението. Се што останува зад него се три книги и ништо повеќе. Ова се случува во крајот на 18-тиот век.
Митот за Илуминатите се обновува во 19-тиот век од страна на Лео Таксил, шарлатан, автор на сензационалистичка литература, кој пишува за разни вештерки, духови, божици (со кои лично комуницира) и слични глупости и сето тоа го врзува со масоните и илуминатите. Потоа, во Сионските протоколи (истотака неавтентични и фалсификувани написи), делови од неговите книги се превземени и цитирани како вистина, и илуминатите се спомнуваат како управители на светот. Интересот кон темата се обновува во 70-тите години на 20-тиот век, и сега пред неколку години, со објавувањето на неколку доста добро продавани белетристички романи. Ниту еден од сите тие теоретичари на тие заговори не бил во состојба сеуште да приложи јасен доказ за постоењето на Илуминатите, додека докази за нивното непостоење (односно затворање и исчезнување) има многу. (да не должам - погледни во темата Масони, имам на долго и широко пишувано за ова)

Темпларите се монашко братство од средниот век, настанато веднаш по првата Крстоносна Војна.
Има дебата дали масонските ложи се повлијаени (преку каменорезачките ложи), од темпларите, или е обратно - масонското братство постоело во друга форма многу пред тоа, па под негово влијание е формиран темпларскиот орден. И за двете теории има доволно докази, но и доволно недоречености. Ова е тема на сериозни проучувања во последно време.
 
... Zemi procitaj go kodot edno 50 pati pa ce svanis :P decki ne se opteretujte so vakvi temi glavata ce ve bole :p

Прочитај го Кодот на ДаВинчи-тоа се масоните
па прочитај ја Ангели и Демони-тоа се илуминатите

Младината и поп-културата во книжевноста.
Се прашувам што не ја прогласите за Библија, сигурна сум дека ќе ви објаснат и за Сионскиот приориум. :)
 
Zidarski, a dali vsusnost Iluminatite imaat vrska so toa sto vo istorijata se znae kako period na Iluminizmot?
 
Quark - ако имаш предвид Просветлението - не, илуминатите немаат врска со тој период, поскоро е обратно. Здружението всушност се вика - Perfectibilists, а општеството им го дава името Илуминати. Постојат само 10-тина години и немаат реално влијание и важност каква што им се придава.
Причина за нивната популарност е тоа што името звучи мистично и самото здружение звучи тајно - иако нивните цели, идеи и методи се опишани јасно од самиот основач, Адам Вајшаупт, во неговите 3 книги, уште во негово време.
 
Quark - ако имаш предвид Просветлението - не, илуминатите немаат врска со тој период, поскоро е обратно. Здружението всушност се вика - Perfectibilists, а општеството им го дава името Илуминати. Постојат само 10-тина години и немаат реално влијание и важност каква што им се придава.
Причина за нивната популарност е тоа што името звучи мистично и самото здружение звучи тајно - иако нивните цели, идеи и методи се опишани јасно од самиот основач, Адам Вајшаупт, во неговите 3 книги, уште во негово време.
Da na toa mislev, zosto cesto se povrzuvaat, najverojatno radi slicnosta vo iminjata. A i na ne malku mesta sum sretnal kako se prenesuva deka vsusnost onie luge koi sto nie gi znaeme kako nositeli na iluminizmot se i Iluminati. Zatoa i bese moeto prasanje.

Kako i da e, fala za odgovorot.:smir:
 
Освен Гете (поетот), кој не бил член на здружението, но бил близок до нив во почетокот, ниеден од познатите филозофи, поети, писатели - не бил член на Илуминатите.

Не допишав прееска во врска со периодот на просветление...
Причината што многумина мислат дека илуминатите се врзани со тој период е тоа што го поистоветуваат масонството со илуминатите, иако се две различни работи.
Многу масони допринесуваат за просветлението и за развојот на науката и уметностите во тој период... Дидро, Волтер, Моцарт, Хајден, Гете, Пастер, Њутон, Бејкон, итн, итн...
 
Дали овие што ги наброја, биле примени во редот на масоните откако станале славни и влијателни или претходно?

Според тоа да го мериме придонесот.
 
Нивната слава и влијание не играле никаква улога во нивното примање во братството.
Пример - Моцарт е примен во средината на својата кариера, пред да ги напише своите најпознати и најдобри дела. Њутон, уште пред да биде познат воопшто. Волтер, откако е веќе еден од најпознатите автори во своето време...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom