Расчистување на врска преку социјални мрежи

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.566
Луѓето се навистина чудни. Веќе очигледно незнаат да си ги решат љубовните проблеми помеѓу себе, па се префрлија на социјалните мрежи „да ја исправаат“. Така се чувствуваат очигледно подобро. Она што загрижува е што нас како читатели баш не заболе што им се дешава во љубовната врска на некои, а ни се става пред нос со сила. Каде и да отвориш само тоа се пишува, двајца се скарале и се препуцаваат преку фб, твитер, форум, весници. Од толку интимни начини како решавање во живо, телефон, смс, приватни пораки, луѓево нивната лична приказна ја закачуваат каде стигнат и цел свет да разбере. Се прашувам што си мислат со главите, некој ќе ги охрабри, полесно ќе им биде, ќе нанесат технички нокаут некому со зборови јавно напишани и свесни за присуство на ех партнерот на тоа место?

Би рекла дека ова најчесто се случува кај тинејџери, но во последно време веќе не ја знам ни границата на години каде ова се дешава, бидејќи сите се ставаат на тапет. Оделе 2 години, делеле се што може да се подели, раскинале и добиваш вакви реченици на место каде знаеш дека ќе те прочита, значи со умисла кажано: Незнам што барав 2 години со тебе, иако ми беше лошо, со сите се искарав поради тебе (врскава завршува пред два дена), а сега имам нова љубов- заљубена сум. Дај жити се стварно?

Или полошиот случај од ова кога цела интима ќе ти ја распостелат од врската, а знае дека личноста е на истата социјална мрежа. Примери на Кајгана еден куп. Од каде да почнеш и каде да завршиш. Додека се во врска гугу мугу, пука веза и сакаш ли патетики и прљав веш. И што е прашањето? Што со тоа? На кого му е гајле што сте правеле во врска?

И трет случај јавни фаци и нивниот љубовен живот. Па преписки по фб, па весници, па зошто раскинале, па што рекол едниот, што рекол другиот, па фамилиите, па пријателите. Очи да ти се расипат од веста.

За врска се потребни двајца. Сите ствари што ви се дешаваат измеѓу се ваши лични моменти. Ако тоа пукне многу немора преку јавни страни да му се обраќаш на ех партнерот. Излези во живо решете ја и крај.

Вие што мислите за оваа појава со која сме секојдневно бомбардирани? Расчистување на врска преку социјални мрежи.
 
Катастрофа. Врската и двајцата треба да ја негуваат, а проблемите во неа и двајцата да ги решаваат лице в лице. Но очигледно толку значење и даваат на врската и толку храброст имаат да ја сочуваат и да ги решат проблемите :)
 
Нови времиња нови навики... и нашите татковци се чудеа на некои наши “новитети“ , мене лично ми е интересна таа појава, дури и забавна, можам преку ФБ постови да му пратам интимен живот на некого, дал се заљубил дал се скарале ма дури и дали клецнал сношти можеш да погодиш. Животот полека се сели во виртуала, то е новиот социјален феномен, пример мене ме чудат објавите дека на некого му починал некој близок, и ај шо се редат коментари од типот “сочуство..“ туку и лајкови се удираат на таков статус. Тоа е сега нормално, али пред 10-20 години некој на улица да ти речеше “Вчера почина татко ми“ А ти да му кажеш “Тоа ми се допаѓа“ би било крајно навредливо.
 
Најинтересен е моментот кога ќе преминат на статус од врска во слободни :eek: тука паѓаат јаки коментари , па зашто па како некои толку се соживеани со повредените и ги тешат и даваат совети , ебате врската и фејзбукот што го имааат досадни се и болни се за внимание тие луѓе илли пак сакаат да ги сожалуваат не ми е јасно :) а досадни се и оние кои цело време си додаваат настани што праат у моментот каде се со кого се што јадат пијат :facepalm: на една еднаш го претера и напишав аман како ГПС си , тоа е болест и неиживеаност:)
 
јас мислам дека така треба, истото го направив со последната врска, и раскинав на wall, и почна интересното.. сите да знаат бе што се дешава. мора малку динамично поведение. Со следната ќе гледам да направам нешто по драматично. Многу сакам драми, се чувствувам пожив некако, привлекувам повеќе внимание, и ја задоволувам потребата да се чувствувам важен, и да бидам дел од нешто.

1377342_557237651014626_920265050_n.jpg
 
јас мислам дека така треба, истото го направив со последната врска, и раскинав на wall, и почна интересното.. сите да знаат бе што се дешава. мора малку динамично поведение. Со следната ќе гледам да направам нешто по драматично. Многу сакам драми, се чувствувам пожив некако, привлекувам повеќе внимание, и ја задоволувам потребата да се чувствувам важен, и да бидам дел од нешто.

Не беше доволно сакан и гушкан како дете , ова се последиците
 
Не дека го оправдувам сево ова, до некој степен и сум го правел. Но, секогаш има работи што сакаш да ги кажеш а другата странка не сака да застане пред тебе за 4 очи муабет...
 
Од овој "феномен" поодвратно нешто нема. Колку и да не ја бивало врската, колку и да е тежок крајот сите глупости околу приватноста на една личност не се споделуваат јавно. Очигледно таквите особи патат за внимание, поддршка а можеби и гледаат на таквите објави како шанса побрзо да ќарат нешо друго. Доколку биле подолг период во врска и се дрзнат да се препукаваат по социјални мрежи тогаш тие биле во врска само за да им покажат на своите пријатели на фејсбук дека не се сами, дека се "заљубени", дека се "совршен пар" ама љубовта ја немало никаде туку само желбата за внимание и завист на оние кои се сингл. Нормалните парови крајот на врската го решаваат во 4 очи, без драматизирање и глупирање по интернет просторот.
--- надополнето: 30 октомври 2013 во 10:02 ---
Или полошиот случај од ова кога цела интима ќе ти ја распостелат од врската, а знае дека личноста е на истата социјална мрежа. Примери на Кајгана еден куп. Од каде да почнеш и каде да завршиш. Додека се во врска гугу мугу, пука веза и сакаш ли патетики и прљав веш. И што е прашањето? Што со тоа? На кого му е гајле што сте правеле во врска?

Желба за внимание, умисленост дека ако го претстават довчерашниот партнер како коњ (ви текнува на темата дечко ми е коњ :pipi:) ќе добијат милион лајкови, нобелова награда и слично а не сфаќаат дека со тој каков таков партнер минувале низ се и сешто. Да го окарактеризираш бившиот јавно пред познаници и непознаници како коњ, идиот, кретен треба стварно да имаш психички проблеми. Па со кого била таа/тој до вчера? Значи и таа/тој е ист/а како екс партнерот.
А за тоа на кого му е гајле шо праеле у врска не му ја мисли. Има многу такви кои можат цел филм да изрежираат околу нечиј крај на врска пошо народов знае многу подобро да го живее туѓиот живот отколку својот. Некои од таа "публика" и едвај чекаат да пукне тиквата помеѓу некој пар па да се ситат на несреќата на едната или другата страна.
 
Фала Богу, се дружам со многу зен луѓе и не сум видела такви бљуотини на фб.
Мене не ме чудат тинејџерите, ме чудат возрасните, особено оние на кои фб им е прво и единствено сајбер искуство. Бев сведок на една кавга на две бивши колешки. Тие биле скарани, ама нашле на ѕидот на трета личност да ја расчистат кавгата. :facepalm:
 
Желба за внимание, умисленост дека ако го претстават довчерашниот партнер како коњ (ви текнува на темата дечко ми е коњ:pipi:) ќе добијат милион лајкови, нобелова награда и слично а не сфаќаат дека со тој каков таков партнер минувале низ се и сешто. Да го окарактеризираш бившиот јавно пред познаници и непознаници како коњ, идиот, кретен треба стварно да имаш психички проблеми. Па со кого била таа/тој до вчера? Значи и таа/тој е ист/а како екс партнерот.
А за тоа на кого му е гајле шо праеле у врска не му ја мисли. Има многу такви кои можат цел филм да изрежираат околу нечиј крај на врска пошо народов знае многу подобро да го живее туѓиот живот отколку својот. Некои од таа "публика" и едвај чекаат да пукне тиквата помеѓу некој пар па да се ситат на несреќата на едната или другата страна.


Колку и да сме свесни што се случува кај нас, а и не само кај нас глобален проблем е, ова во последниве неколку години е над све што можев да замислам, луѓето за трошка внимание буквално газат све пред себе и околу нив, се иде преку пријатели, роднини, па и најблиските од семејствата само за да се биде во центар на внимание, све она што не треба да бидат станаа, и повеќе од тоа. Неможам да поверувам што све се прави, и колку немаат осет. Јавни блогови, споделување јавно на секој битен и небитен момент, приватен момент.....лицемерие, глума, завист, злоба, навреди, омаложување, некултура, расипништво....го допреа дното, кога ќе размислам и дно е мал збор за ситуацијата. Токму заради све ова, немам и никогаш нема да имам Facebook.
 
За внимание е. Се' е за внимание. И за лајкои. А тие у чат шо ги решават, обично немат муда за у живо или се мрзливи тотално.
 
Сите ствари што ви се дешаваат измеѓу се ваши лични моменти.
Мене па не ми е ок тоа јавно "соблекување" на социјални мрежи. Ако раскинувањето е интимен момент, тогаш и дел од другите настани на парот се интимна работа. Освен ако не ги ограничат тие постирања.
Генерално пробав со фб ама ми здосади. Затоа сега ми е воглавно 95-6% од времето исклучен профилот, затоа што од друга страна ја се осеќам као воајер, ко да ѕиркам во туѓите животи.
А лек за вакви луѓе е едноставно ако ги блокирате, ќе нема кој да им обрнува внимание.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom