RAID

  • Креатор на темата Креатор на темата oxygenne
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 јуни 2005
Мислења
413
Поени од реакции
145
Веб-сајт
www.exe.com.mk
#############RAID##############


RAID(Redundant Array of Inexpensive ("Independent") Disks) претставува комбинација од два или повеќе дискови
во една логична целина со цел подобро и поефикасно внесување на податоците како и нивно зачувување.Најчесто се импелментира
во поголеми компании каде што толеранцијата на грешки и е помала.Постојат 6 raid нивоа raid0-raid5,но за нас наијнтересни
се raid 0,raid 1 i raid 5.

RAID 0 користи метод таканаречен striping.Со овој метод податоците се делат и се впишуваат во сите дискови со што драстично се
зголемуваат и перформансите.Да речеме дека имаме три диска со различна големина(хдд1,хдд2,хдд3).Кога системот е конфигуриран
со raid 0 тој сите дискови ке ги гледа како еден а впишувањето го прави на тој начин што податокот го дели и дел запишува
прво во едниот диск па во вториот диск па во третиот се додека не го испише целиот податок.Истиот процес се повторува и при читање
на податоците.Со тоа драстично се зголемува брзината на впишување и читање на податоците во тој систем.Друга предност на ваквиот систем
е што хард дисковите не мора да бидат иста големина.Недостаток е тоа што во случај на дефект на еден од дисковите податоците
можат да бидат изгубени


RAID 1 користи метод наречен mirroring.При раид 1 потребни се најмалку два или повеке диска коишто пак мораат
да бидат иста големина.Податоците се впишуваат истовремено на двата диска што влијае малку на брзината но затоа пак доколку
дојде до дефект на еден од дисковите истите податоци ги имаме на другиот диск


RAID 5 е едно од најупотребуваните нивоа денес и во себе ги има имплементирано и двете претходни раид нивоа
За раид 5 потребни се најмалку 3 диска, што е поголем нивниот број толку се помали и шансите за загуба на податоците
Во принцип толернацијата му доаѓа 100 поделено со бројот на дискови што ке се стават.Да не заборавиме дека и при раид 5
големината на дисковите мора да биде иста
 
еве нешто од моето знаење за RAID да споделам. Многу работи ќе се повторат, нешто ќе надополнам.

како прво нема само 6 различни RAID конфигурации туку повеќе, ама тоа не е ни важно пошто најпопуларни се тие што ги спомна oxygenne. е сеа овака

RAID 0

Потребно: минимум 2 хард диска

Опис: Оперативниот систем ги гледа дисковите како една целина, и кога треба да запише некој податок на хард дискот, го цепка на делови и ги снима деловите на дисковите (значи нема снимање на податоци од еден фајл на само еден диск).

Предност:
Не губите никаков простор од капацитетот на хард дисковите, па така ако имате два од 100ГБ вкупен капацитет ќе е 200ГБ.
Теоретски брзината на запишување/читање на податоци се дуплира/труплира(зависно од број на дискови) така да се постигнуваат многу подобри перформанси кога се работи со големи фајлови.

Негативна страна:
Овој RAID всушност не е RAID :shock: Причината е затоа што ако некој диск се заебе/цркне ги губиш податоците не само од мртвиот диск туку и од другите дискови. (Има алатки со кои може да се спаси дел од тие податоци). Теоретски ти цркнал диск од 100ГБ а ради тоа губиш 200ГБ податоци.

RAID 1

Потребно: Минимум 2 диска

Опис: Оперативниот систем ги групира дисковите и ги гледа како една целина. Оваа конфигурација е многу едноставна. Се што се запишува на еден диск се запишува и на вториот ( третиот, итн...)

Предност:
Со секој нареден диск се зголемува брзината на читање на податоци. Ако имате два диска во RAID1 конфигурација, теоретски брзината со која оперативниот систем чита податоци се дуплира.
Ако еден диск ви цркне, ги имате истите податоци зачувани и на вториот/третиот/..., па така нема да изгубите податоци. а патем ќе добиете предупредување дека дискот треба да се замени ако сакате да имате сигурна RAID конфигурација.

Негативна страна:
Ако имате два/три/... диска од 100ГБ вкупниот простор за чување податоци е пак само 100ГБ.
И покрај повеќе дискови, брзината на запишување податоци е иста како да постои само еден диск.

RAID 5

Потребно: Минимум 3 диска

Опис: Оперативниот систем секој податок го дели на 3 дела(или повеке ако има повеке дискови). Така да ако сака да запише податок А (А е пример некој фајл) ќе го подели на А1, А2 и А3. А1 (теоретски) представува прва половина од А, А2 (пак теоретски) втора половина од А, а А3 е Parrity податок добиен со операција А1 XOR А2. Не можам ова да го објаснам на македонски али суштината е дека А3 подоцна ќе служи да се добие А2 ако дискот каде А2 било снимано откаже. (Пример да речеме дека А1 е 3, А2 е 5, оперативниот систем ќе направи А3 да биде 3+5=8. Подоцна ако А2 се изгуби со помош на А1 и А3 ќе се пресмета дека А2 било 8-3=5.) А1, А2 и А3 сите се сместуваат на по еден од трите диска. Ако има повеќе од три диска фајлот се дели така што секогаш само еден дел ќе биде Parrity податок. Не е строго определено дека само еден диск ќе чува Parrity податоци туку оперативниот систем секогаш најизменично ги распоредува деловите на различни дискови.

Предност: Подобар од RAID1 затоа што просторот од „само“ еден диск не може да се користи за чување податоци. Така да со 3 диска од 100ГБ, се има 200ГБ на располагање, а со 4 од по 100ГБ можат да се користат 300ГБ од дисковите. И така натаму...
Бидејќи фајлот се дели на повеќе делови (2+1, 3+1) брзината на запишување податоци на дисковите се зголемува за два/три/... пати. Ради истиот принцип и брзината на читање податоци се зголемува за 2/3/... пати.
Ако (само) еден диск цркне тогаш податоците не се губат.

Негативна страна: Теоретски се губи дел од перформансите на компјутерот ради потребата да се пресметува Parrity податокот, но реално таа операција е екстремно едноставна и се извршува екстремно брзо па влијае многу малку на перформансите на компјутерот.
Ако се поврзуваат 6 и повеке дискови се смета дека не е ефикасно решение. (тука доаѓаат тие што ги спомнав кога реков дека има повеќе од 6 RAID конфигурации ама ретко се употребуваат)

Има и друга RAID конфигурација (која исто како RAID0 не е RAID ;) ) и се вика JBOD т.е. Just a Bunch Of Disks. Ова представува обратното од партиционирање дискови, еден диск да се дели на повеќе логички целини, па значи ова е групирање на повеќе физички целини(дискови) како една логичка. Единствена предност јас гледам е ако сакаш да снимиш фајл од 110ГБ (без да го делиш) кога имаш два диска кои се од по 100ГБ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom