Python - Пајтон

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
8.417
Поени од реакции
15.318
Дечки, си зедов курс од удеми https://www.udemy.com/course/100-days-of-code/. Супер е организирано и има многу, многу добри рецензии. Сакав да прашам дали мислите дека е добро SQL и R-ко да се учат паралелно или ќе ми се испомеша се?
Знаеш некој друг програмски јазик?
Ако не знаеш, оди прво на SQL, па потоа на R (ти си знаеш зошто ти треба R, али освен за статистика мислам дека во се друго пајтон е подобар од него). Ако знаеш пајтон, тогаш сеедно, секако ќе ти се мешаваат во иднина, ама во прв момент можеби ќе ти треба само да ја претрчаш синтаксата, логиката во суштина е таа.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.456
Поени од реакции
5.482
Знаеш некој друг програмски јазик?
Ако не знаеш, оди прво на SQL, па потоа на R (ти си знаеш зошто ти треба R, али освен за статистика мислам дека во се друго пајтон е подобар од него). Ако знаеш пајтон, тогаш сеедно, секако ќе ти се мешаваат во иднина, ама во прв момент можеби ќе ти треба само да ја претрчаш синтаксата, логиката во суштина е таа.
Имам некои основи од php и java. SQL исто некои основни операции. Во лекциите разбирам за што станува збор. И бидејќи се тоа е на минимално, основно ниво си реков дека можеби за истражувања најдобар е пајтон во комбинација со sql и r за статистика секако. Јазиците што ги спомнав ги учев на некои неколку месечни академии кои се организирани во склоп на еден технички парк, колку да се запознаам и да видам дали ќе ми биде интересно да продолжам да учам иако сакав со пајтон да почнам. Незнам дали беше добар потег.. Ќе видиме понатаму. Благодарам за советот :)
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
8.417
Поени од реакции
15.318
Имам некои основи од php и java. SQL исто некои основни операции. Во лекциите е разбирам за што станува збор. И бидејќи се тоа е на минимално, основно ниво си реков дека можеби за истражувања најдобар е пајтон во комбинација со sql и r за статистика секако. Јазици е што ги спомнав ги учев на некои неколку месечни академии кои се организирани во склоп на еден технички парк, колку да се запознаам и да видам дали ќе ми биде интересно да продолжам да учам иако сакав со пајтон да почнам. Незнам дали беше добар потег.. Ќе видиме понатаму. Благодарам за советот :)
Не форсирај да научиш основи од што е можно повеќе јазици, туку барем еден до понапредно ниво.

Лично не гледам поента да знаеш повеќе јазици за скриптирање по малку, подобро научи еден до совршенство. Пример, R освен ако не работиш во Data Science специфично за финансии, не гледам зошто и би го учела, пајтон е супериорен со комјунити и бројност на библиотеки во споредба со R.

На крај се сведува за што ти требаат тие програмски јазици, ако си за веб тогаш можеби треба да си останеш на java или евентуално javascript + да научиш SQL. Ако ти треба чисто за скриптирање и автоматизација на одредени процеси, оди со пајтон.
Не влегувај во лупот на туторијалите, научи основи од еден и оди на задачи, решавај што е можно повеќе практични примери оти така се научи најдобро.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.697
Поени од реакции
2.909
Дечки како што ви кажав јас се усмерувам сега на python i django, прочитав Django for professionals и нешто од Two scoops of django, од втората бидејки се збори за cookiecutter django темплејти за брз setup ме интересира дали генерално се користи cookiecutter бидејќи одма ги генерира работите што обично секогаш се истите или како е праксата? Кој темплејт конктерно највеќе се користи? Што треба да се внимава, што да се промени итн

Ако некој има подетално инфо топ
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
35
Поени од реакции
13
Што се бара најповеќе php,python ili node.js во што е најдобро да се вложи време за учење
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
131
Поени од реакции
46
Здраво дечки.
Упорно пробувам да работам со скриптава(Instagram Scraper за симнување медиа на големо), но никако не ми успева.
Кога ја симнав скриптата, прв фајл, ваљда за инсталација е setup.py. Кога напишав setup.py --help во CMD ми рече да напишам 2 команди:
  1. setup.py install #will install the package
  2. setup.py build #will build the package underneath 'build/'
Потоа во инструкциите readme.md вели да ја напишам командата, "instagram-scraper <username> -u <your username> -p <your password>", но вика дека не препознава команда "instagram-scraper"(ко да не сум го симнал). Мислев дека скриптата била конкретно за Linux, но инсталацијата и сетапот поминаа без проблем, затоа ме чуди.
Ако некој знае каде грешам со ова, нека ми каже. Фала дечки.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.697
Поени од реакции
2.909
Дечки django admin некој да има поголемо искуство имам прашање за ModelChoiceField по default ги повлекува сите рекорди од база за да спореди дали е valid choice. Ова може не е проблем кога има малку рекорди ама ако се над 6000 users веќе е проблем и мислам дека скрос ја успорува апликацијата па да ве прашам на кој начин можам да го заменам ова или дали има некој hack за тоа select поле?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom