Странска компанија за преведување која работи на проверка на прашалници во врска со различни болести, има потреба да стапи во контакт со 5 до 10 лица кои се или биле заболени од псоријаза и да се направи интервју со нив.
Доколку лицето болно од псоријаза се согласи да учествува во интервјуирањето и доколку биде избрано, тогаш ќе му бидат пратени неколку прашалници со прашања во врска со псоријаза. Лицето-учесник ќе треба да ги разгледа прашалниците и во договорено време со водителот на интервјутотелефонски ќе го извршат интервјуто. Интервјуто се состои во тоа што лицето со псоријаза ќе треба да каже свои коментари за прашалниците, дали ги разбира прашањата и дали тие се соодветни за болеста. Неговите коментари и забелешки потоа ќе бидат предадени на компанијата. Важно: лицето-учесник нема потреба да одговара на прашањата. Интервјуто е дизајнирано да помогне во доставувањето на успешен третман за болеста.
Водителот на интервјуто е медицинско лице -лекар. Дискрецијата е целосно загарантирана - податоците како име и презиме, телефон за контакт и останато ќе се предадат на компанијата исклучиво со согласност на учесникот. Учесниците во интервјуто ќе бидат соодветно наградени за нивното учество.
Доколку Вие или некој ваш близок, роднина или пријател има псоријаза, тогаш пратете порака на intervju.psorijaza @ gmail.com. (Од безбедносни причини, има празни места пред и после знакот @ кои треба да се отстранат при пишувањето на адресата.)
Ве молам распространете ја оваа информација колку што може повеќе! Да им помогнеме заедно на болните од псоријаза! Минатата година успешно се спроведе вакво интервју со болни од Лупус
Поздрав,
ЈМ
П.С. До модераторите: Доколку сметате дека поракава не соодветствува на оваа секција од форумов, тогаш преместете ја во најсоодветната. Молам да бидам известен доколку биде преместена.