Прво училиште во САД во кое учителите ќе носат оружје
Хјустон, 16 август (МИА) - Од септември во градот Хјустон во американската држава Тексас ќе биде отворено првото училиште во САД во кое учителите ќе можат да носат оружје.
Според член на училишниот совет таквата мерка е направена поради безбедност на учениците и на учителите. Најблиската полициска станица се наоѓа на половина час со автомобил и при евентуален напад учителите и учениците треба сами да се справат.
Учителите кои ќе носат оружје претходно ќе треба да добијат дозвола од државата Тексас како и да поминат курс за дејствување во кризни ситуации, но треба да добијат и дозвола од училишниот совет.
Неодамна Врховниот суд на САД ја укина одлуката на Конгресот со која се збранува носење оружје во училиштата на целата територија на САД. Според законите на државата Тексас носењето на оружје во училиште е дозволено само со решение на училишниот совет.
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=36842&mid=1500&tabId=1&tabindex=0