Мистичен
Човек
Воздухопловниот училиштен центар "Скопје ер" е првата македонска ФТ организација (Flight Training Organisation) согласно со МАК-ЈАР ФЦЛ 1 и ЈАА (Joined Aviation Authorities - Здружени воздухопловни власти во состав на Европската конференција за цивилно воздухопловство - ЕСЕС). Овој училиштен центар од март ќе почне да запишува кандидати за обука на пилоти преку интегрирани курсеви за ППЛ(А) - (Private Pilot Licence) и ЦПЛ (Comercial Pilot Licence), потоа преку ИР (летање по инструменти) и АТПЛ (сообраќаен пилот), согласно со програмите за обука што се применуваат во Оксфорд, Велика Британија и Нордиан, Норвешка. "Скопје ер" ќе обучува и стјуардеси и стјуарди и технички персонал за македонските авиокомпании. Школата е сместена во зградата на Факултетот за туризам во Скопје, каде што софтверски се опремени за следење он-лајн предавања на странски професори. Практичниот дел ќе се спроведува на аеродромот "Александар Велики". На располагање имаат авион од типот "цесна Ф172 скајхоук 2", а се чека уште една двомоторна "цесна".
Теоретската обука за спортски пилот е 130 часа, а практичната - 50 часа. Целата обука трае три месеци. Теоретската обука за ЦПЛ е 600 часа, а практичната - 200 часа. Целата обука е од 18 до 24 месеци.
Од "Скопје ер" велат дека македонската бизнис-елита и дипломатите се веќе заинтересирани да одат на обука. Час летање со "цесната" е од 130 до 160 евра, во и надвор од Македонија.
Оние со подлабок џеб, откако ќе добијат дозвола за летање, можат и да си купат авионче, само треба да издвојат од 60.000 до 100.000 евра.
***
Ескадрила
Акаунтабал менаџер на Воздухопловниот училиштен центар е Славчо Ѓорѓиев, кој има 15-годишно искуство во Генерална авијација. Раководител на обуката е професионалниот пилот Војча Петковски, долгогодишен сообраќаен пилот кој летал за македонската Влада, за "Авиоимпекс" и за МАТ. Главен инструктор по летање е Димитар Секулов, професионален пилот, поранешен управник на аероклубот "Јуриј Гагарин", инструктор за почетна обука по летање. Главен инструктор за обука на земја е Миле Герасимов, поранешен секретар на Воздухопловната федерација на Македонија и директор на Воздухопловната школа при Федерацијата.
Во наставниот кадар на "Скопје ер" е и првиот доктор по аеронаутика и технички науки во Македонија, Миле Михајлов, потоа д-р Владимир Плавевски, Слободан Винокич, Симион Здравев, сите долгогодишни работници во воздухопловството.