Првата плата...

  • Креатор на темата Креатор на темата Маwечко
  • Време на започнување Време на започнување
Со моите прво заработени пари од скромната стипендијата на МОН (кои ги добивав 3 години) се запишав на постдипломски студии, и така сонот за иницијациско патување ми стана подалечен од кога и да било досега:(. А кој ми е крив што размислувам толку долгорочно?
 
80% од првата плата отиде на частење на другарите од маало, и најдобрите другари од средно, останатите 20% за да имам за превоз до на работа, до наредна плата ;)
 
Па не е плата али... Нема врска, си го платив факултетот, частев друштво си купив нешо за мене и коа ќе видиш нишо не остана..
 
Па како шо ги читам овие пред мене бајаги плата сум имала.
Ја потрошив на ролери, патики,облека.Бев Градиште неколку дена. Ја почастив на сестра ми и на домашниве по нешо,а сеа искрено криво ми е шо не го почастив друштвото. Мали бевме, не бевме по пиењето тоаш.....
 
Првите заработени пари ги добив далечната 2007 год. кога се вработив на седумнаесет години во пицерија кај млечен во населбата Капиштец.Тогаш знам дека отидов со претерано голем страв, не бев воопшто опуштен и од што и не можев да се снајдам во кујната ми падна страв дека ќе ме избркаат и почнав да плачам и тие моменти нема никогаш да ги заборавам.Но, на крајот заврши се добро и знам дека на првата работна смена што ја одработив (а работев по дванаесет саати на ден) заработив вкупно четиристотини денари дневница.За разлика од другите (што немам ништо против тоа што ги фукнале првите пари во кафана) јас првата дневница се сеќавам уште отидов во еден часот после полноќ на улица Водњанска каде што работеше мајка ми трета смена во една од трафиките и на неа и ги предадов тие пари.Значи првите пари што ги заработив ги дадов во фамилијарниот буџет и искрено чувството беше неописливо.Знам дека тие први денови бев претерано многу малтретиран (како и секаде во приватното) од својот шеф и се враќав после одработената смена како да ме прегазила Сканија.Искрено, чувството на првите заработени пари е и неописливо за мене, но и одвратно.Почеток на нешто убаво, но и на нешто грозно.Од една страна заработуваш пари, а од друга страна со текот на времето дознаваш дека заработуваш само „трошки“ кои се платени од твоја страна ужасно тешко.
 
Со првата плата си купив фарба за коса. Многу бев ужасна во косата, неможев да се поднесам:D
 
Отиде на пијанчење и облека, а нешто и настрана со оглед дека ми се погоди работното место :sneaky:
 
првата плата.. па нормално на частење ;)
треба да си педер да не почастиш :rolleyes:
другото факултетот да си го платам (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom